Свет
Меѓународна анкета: Британците и Данците се најсклони на вакцинација, Французите и Полјаците многу поскептични

Денеска се објавени резултатите од големо меѓународно истражување за вакцинацијата против Ковид-19, пренесе агенцијата „Ројтерс“.
Резултатите покажуваат дека подготвеноста за вакцинација против Ковид-19 е зголемена во последните неколку недели, односно во периодот во кој вакцините произведени од компании во САД, Русија, Кина, Германија и Велика Британија почнаа да се дистрибуираат во земјите низ Европа, Северна Америка и Азија.
Големото истражување е спроведено од страна на агенцијата YouGov на примерок од 19.000 луѓе, а резултатите покажуваат дека Британците и Данците се најсклони на вакцинација, додека Французите и Полјаците се многу порезервирани.
Во Велика Британија, 73% од испитаниците изјавиле дека ќе вакцинираат, а во Данска 70%. Но, во САД, нешто помалку од половина од испитаниците изјавиле дека се подготвени да ја примат вакцината против Ковид-19. Таа бројка, според „Ројтерс“, е релативно стабилна уште од јуни.
Во Полска, само 37% од испитаниците се подготвени да примат вакцина, а во Франција 48%.
Иако луѓето ширум светот генерално се подготвени да се вакцинираат, тие веруваат многу повеќе во вакцините направени во Германија или САД отколку во оние што се направени во Русија или Кина, покажуваат резултатите од истото истражување.
Анкетата исто така покажува дека повеќето од оние кои велат дека не се подготвени да ја примат вакцината против Ковид-19, нагласуваат дека сакаат да почекаат и да видат дали вакцините се навистина безбедни, додека само мал процент може да се опишат како жестоки противници на вакцинацијата, пренесува „Ројтерс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Осомничен за воени злосторства во Петриње уапсен во Германија

Сојузната германска полиција информира дека 65-годишен маж осомничен за воени злосторства извршени во 90-тите години во Хрватска е уапсен на аеродромот во Франкфурт.
Полицијата соопшти дека вчера, во раните утрински часови по пристигнувањето од Белград, бил уапсен 65-годишен хрватски државјанин осомничен за четири убиства за време на војната во поранешна Југославија.
Понатаму се споменува дека 65 годишното лице било уапсено врз основа на потерница од Хрватска.
Медиумите во Србија јавуваат дека станува збор за Сава Грновиќ, кого хрватското судство го обвинува дека како припадник на т.н. специјална полиција, во ноември 1991 година, го убил четиричленото семејство Козбашиќ во Петриње.
Свет
СЗО: Целосниот извештај за потеклото на Ковид-19 на крај на март

Светската здравствена организација се откажа од плановите за објавување на првите резултати од истрагата за потеклото на коронавирусот во Кина и најави целосен извештај за втората половина на март, објавуваат светските медиуми.
„Наместо прелиминарен извештај, целиот извештај ќе биде презентиран следната недела на 14 март, рече водачот на тимот Петер Ембарек во Женева.
Ембарек предводеше група од десетина други научници избрани од Светската здравствена организација да ги посетат болниците и истражувачките институти во Вухан во централна Кина, каде што за прв пат беше идентификуван новиот коронавирус, за да го откријат потеклото на Ковид-19.
Но агенциите пишуваат дека СЗО денеска не ги наведе причините за промена на планот за објавување на резултатите.
Според анализите на светските агенции мисијата се најде на удар на критичарите .
Самите членови на тимот изјавија дека Кина не сака да споделува клучни податоци што може да сугерираат дека болеста се шири со месеци пред да биде препознаена.
Група од 26 научници објавија отворено писмо во кое се наведува дека мисијата на СЗО „нема мандат, независност или неопходен пристап да спроведе целосна, непречена истрага“ за теориите за потеклото на Ковид-19.
Свет
Се сруши покрив на училиште во Флорида, најмалку 12 повредени

Најмалку 12 лица, меѓу кои седум деца, се повредени кога делумно се сруши покривот на училиште во паркот Оукленд на Флорида, пренесуваат светските медиуми.
Повеќе од 200 студенти и ученици беа евакуирани по инцидентот, пренесуваат агенциите.
Петмина од повредените биле пренесени во болницата.
Властите изјавија дека директорот на училиштето слушнал два силни удара, а потоа откриле дека покривот над центарот за медиуми делумно се срушил.
Полицијата истражува како се срушил покривот.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија3 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“