Контакт

Свет

Меѓународни инспектори пристигнаа во Дума

Објавено пред


Инспекторите од Организацијата за забрана на хемиско оружје пристигнле во сирискиот град Дума за да ги испитаат доказите за наводниот хемиски напад на 7 април, објавија светските новински агенции. Инспекторите во саботата пристигнаа во Сирија.

САД, Велика Британија и Франција тврдат дека наводниот напад бил извршен од страна на сириската влада и затоа почнале ракетни напади во саботата во кои цели, според нив, биле погони за производство на хемиско оружје.

Сирија и Русија негираат каква било употреба на хемиско оружје, а руски официјални лица дури и ја обвинија Велика Британија дека го исценирала хемискиот напад.

Дума беше последното упориште на сириските бунтовници во Источна Гута, а тие се предадоа еден ден по наводниот напад со гас.

Регион

Колинда: Не ме интересираат контрамерките на Србија

Објавено пред

Од

Претседателката на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ, изјави дека не ја интересира кои реципрочни мерки ќе ги воведе Србија.

„Не ме интересира кој ќе биде одговорот на Србија, туку како ќе продолжи дијалогот. Србија мора да одлучи што ќе преземе понатаму“, изјави Грабар-Китаровиќ.

Запрашана како би ги оценила односите помеѓу двете земји по инцидентот што го предизвика лидерот на радикалите, Воислав Шешељ, и изјавата на српскиот министер за одбрана, Александар Вулин, Китаровиќ вели дека не е задоволна од состојбата на односите меѓу двете земји.

„Со години работевме на посетата на Вучиќ во Хрватска и конкретните мерки што мора да се преземат кон решавање на отворените прашања“, изјави претседателката на Хрватска.

Србија денеска најави контрамерки за Хрватска, која претходно му забрани влез на Вулин на нејзина територија.

Прикажи повеќе...

Регион

Косово ќе отвори истрага за апсењето на Ѓуриќ

Објавено пред

Од

Полицискиот инспекторат на Косово ќе започне истрага против сите припадници на полицијата на Косово кои учествуваа во апсењето на Марко Ѓуриќ, пишува „Зери“.

Истрагата ќе биде отворена по барање на заменик-министерот за внатрешни работи на Косово од Српската листа, Милан Радоевиќ.

„Кон крајот на март службено од Полицискиот инспекторат на Косово побарав кривична одговорност за полицајците што учествуваа во таа акција. Надлежно за истрагатата е Основното обвинителство во Митровица. Последната информација што ја имам е дека треба да биде одржан состанок на претставниците на Инспекторатот и Обвинителството со главниот обвинител, кој ќе им даде насоки како да се води истрагата“, рече Радојевиќ.

Специјалните единици за итна интервенција на полицијата на Косово на 26 март во Митровица го уапсија Ѓуриќ со образложение дека нелегално пристигнал на Косово.

Прикажи повеќе...

Регион

Србија ќе воведе контрамерки за Хрватска

Објавено пред

Од

Србија ќе воведе контрамерки за Хрватска, потврди денеска српската премиерка Ана Брнабиќ, без да прецизира за што станува збор.

„Ќе видите утре“, кусо одговори Брнабиќ на прашањето какви контрамерки ќе бидат воведени.

Мерките следуваат по вчерашната изјава на Вучиќ, кој ја обвини Хрватска дека му забранила влез на српскиот министер за одбрана, Александар Вулин, на нејзина територија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

Грчкото МНР: Хан да не дава погрешна слика за преговорите за името

Грчкото Министерство за надворешни работи преку соопштение го повика еврокомесарот Јоханес Хан да не создава погрешна слика за спорот за...

Македонија11 час

(Видео) Заев не верува дека спорот за името ќе се реши за две недели

Посакувам, но не верувам, дека спорот за името со Грција ќе биде решен за две недели, изјави премиерот Зоран Заев...

Македонија12 часа

(Видео) Формирана групата „Охрид“ за интеграција на Македонија во НАТО

Премиерот Зоран Заев на денешната заедничка прес-конференција со поранешниот генерален секретар на НАТО, лорд Џорџ Робертсон, изјави дека е составена...

Македонија12 часа

(Видео) Робертсон: Македонија во 2001 беше пред распад, но сега е пред портите на ЕУ и НАТО

Последен пат во Скопје давав изјава пред 17 години, но тогаш бев присутен во државата во време на криза, а...

Македонија13 часа

Хан: Решение за спорот меѓу Македонија и Грција за 15 дена

Спорот меѓу Македонија и Грција би можел да се реши во следните 15 дена, вели еврокомесарот за проширување Јоханес Хан...

Македонија16 часа

(Видео) Сервер: Можеби звучи болно, но македонскиот пат за НАТО и ЕУ минува преку Атина

Познавачот на Балканот, Даниел Сервер, на седницата на Комисијата за eвропски прашања пред присутните истакна дека САД сака сите земји...

Македонија16 часа

(Видео) Тунтев: Неизвесно е дали ќе има решение за проблемот со Грција

Во Македонија се вратија надежта и перспективата за развивање општество, вели координаторот на СДСМ, Томислав Тунтев, според кого извештајот од...

Македонија17 часа

(Видео) Заев: Преговорите за членство во ЕУ ќе ги водат најдобрите луѓе од институциите

Премиерот Зоран Заев преку седницата на Комисијата за европски прашања вели дека по одлуката за почнување преговори за членство во...

Македонија17 часа

(Видео) Жбогар до политичарите: Интеграцијата во ЕУ не е техничка вежба со мапи

Амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Самуел Жбогар, смета дека извештајот го потврдил напредокот на Договорот од Пржино, како и...

Македонија17 часа

(Видео) Груби: Свесни сме дека годинава нема да станеме дел од ЕУ и НАТО

Свесни сме дека оваа година нема да станеме дел од ЕУ и НАТО, но треба да почнеме преговори, истакна Артан...

Свет18 часа

(Видео) Напаѓачот од Торонто барал од полицајците да го застрелаат за време на апсењето

Агентите кои го истражуваат нападот со комбе во Торонто, во кој во понеделникот беа убиени 10, а повредени 15 лица,...

СЈО18 часа

(Видео) Тачи и Мијалков се сретнаа во судница

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, и поранешниот прв човек на тајната служба Сашо Мијалков се сретнаа во судницата на кривичниот...

Македонија19 часа

Заев домаќин на поранешниот генерален секретар на НАТО, Робертсон

Висока делегација од истакнати дипломати, предводена од поранешниот генерален секретар на НАТО, Џорџ Робертсон, денеска ќе престојува во Скопје. Делегацијата...

Свет20 часа

Уапсен напаѓачот кој прегази десет луѓе во Торонто

Возачот кој со комбе прегази десетмина пешаци во Торонто е приведен. Според последните информации, станува збор за 25-годишниот Алек Минасиан....

Македонија21 час

Димитров ќе се обрати на Парламентарното собрание на Советот на Европа во Стразбур

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, денеска ќе има обраќање на априлската сесија на Парламентарното собрание на...

Македонија1 ден

На Преспанското Езеро се продаваат вили „Јелена Карлеуша“ и „Лепа Брена“

Битолчанец ги спои српските ѕвезди Јелена Карлеуша и Лепа Брена. Капм-приколките опшиени со лимени тараби во автокампот „Крани“ ги крстил...

Македонија2 дена

Димитров в среда ќе се сретне со Коѕијас и Нимиц во Виена

Министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, в среда (25 април) во Виена во...

Македонија2 дена

Извештајот за СЈО ќе се разгледува в среда

Седницата за Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се одложи поради координацијата на политичките партии, по барање на...

Македонија2 дена

Мендух Тачи и Сашо Мијалков утре седнуваат на обвинителна клупа за „Титаник 2“

Утре почнува судењето за Мендух Тачи, Сашо Мијалков и поранешните членови на Државната изборна комисија, Сашо Срцев, Бедредин Ибраими, Анета Стефановска...

Македонија2 дена

Советот на јавни обвинители ќе ги интервјуира кандидатите за шефовските позиции на организиран криминал и скопското обвинителство

Советот на јавни обвинители оваа и следната недела ќе ги интервјуира кандидатите за обвинители и кандидатите за шефовите на скопското...

Досие