Контакт

Европа

Меј: Нема одложување на брегзитот, на 29 март ја напуштаме ЕУ

Објавено пред

Британската премиерка, Тереза Меј, изјави дека нејзината влада не го сменила ставот и не сака да го одложи датумот за брегзит – 29 март кога Велика Британија би требала да ја напушти Унијата.

„Позицијата на владата е многу јасна уште со иницирањето на членот 50. Ние имаме временски рок од две години, кој завршува на 29 март и работиме на тоа“, изјави Меј, пренесе „Ројтерс“.

Шефот на британскиот преговарачки тим за брегзит, Оли Робинс, изјави претходно денеска дека британските пратеници ќе се соочат со изборот помеѓу договорот што го договори Меј или со продолжување на периодот за спроведување на членот 50.

Европа

Поранешен терорист тврди дека во Европа шетаат многу опасни луѓе

Објавено пред

Поранешен припадник на Ал каеда и на британската разузнавачка служба во интервју за унгарскиот неделник „Хетек“ рече дека многу опасни луѓе  слободно шетаат низ Европа и дека мигрантската криза претставува потенцијална закана за Европа, па државите треба да се бранат од субверзивни идеологии.

„Инаку, никој нема да биде безбеден”, рече Дин, кој се приклучи на Ал каеда како тинејџер, според агенцијата В4НА.

Дин рече дека во моментов се чувствува побезбедно на улиците на Будимпешта, па дури и  Саудиска Арабија, отколку во Париз и Брисел каде што „многу опасни лица шетаат низ улиците.”

Тој смета дека муслиманските имигранти мора да се интегрираат во општеството и треба да бидат благодарни што се прифатени и имаат повеќе слобода да дејствуваат во согласност со нивната религија во Европа отколку каде било на друго место во арапскиот свет.

Дин, кој беше еден од основачите на Ал каеда, изјави дека почнал да губи верба во организацијата во моментот кога таа почнала да регрутира цивили.

Прикажи повеќе...

Европа

Дезир остро го осуди убиството на новинарката во Северна Ирска

Објавено пред

Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите, Арлем Дезир, денес остро го осуди убиството на новинарката Лајра Меки во Северна Ирска и изрази надеж дека одговорните за тоа ќе бидат брзо изведени пред лицето на правдата.

„Многу сум тажен поради смртта на Лајра Меки во Северна Ирска во Лондондери. Таа ја вршеше својата работа, покривајќи ги немирите во тој град. Најостро го осудувам ова бесмислено и сурово убиство на новинарка”, рече Дезир.

Тој ја поздрави истрагата што ја почнаа властите и изрази надеж дека одговорните лица ќе бидат брзо идентификувани и изведени пред лицето на правдата, според соопштението на ОБСЕ.

Новинарката Лајра Меки (29) беше убиена во престрелка во северноирскиот град Лондодери во северниот дел на Лондон, а властите го третираат нејзиното убиство како терористички инцидент.

Прикажи повеќе...

Европа

Бран самоубиства на полицајци во Франција

Објавено пред

Француската полиција побара итен состанок со францускиот министер за внатрешни работи, Кристоф Кастанер, откако двајца од нивните колеги се самоубија оваа недела.

Така, бројот на самоубиства во полицијата се искачи на 28 на почетокот на годината.

Според податоците на француското Министерство за внатрешни работи, во 2018 година 68 полицајци си го одзеле животот, објави АП.

Полициските синдикати денеска повикаа на тивки протести во локалните станици во знак на почит спрема полициските службеници.

Според „Монд“, 48-годишен полициски капетан вчера си го одзеде животот со пиштол во полициската станица во Монпелје, на југот на земјата, а 25-годишен полицаец беше пронајден мртов во неговата куќа во предградие на Париз.

Синдикатите наведуваат дека планот што беше направен минатата година за спречување на самоубиствата „треба да стане национална цел и приоритет на Министерството”.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет7 часа

Помпео: Русија се меша во изборите во целиот свет

САД ќе продолжат да го осудуваат руското мешање во американските избори и ќе преземат одлучни мерки против злонамерното дејствување на...

Избори 20198 часа

МВР ќе издава лични карти и утре и задутре

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека сите одделенија за управни работи ќе работат в сабота и в недела...

Македонија14 часа

,,Сведочите на рекла-кажала”, Мијалков се обиде да го дискредитира Звонко Костовски

Со поставување вкрстени прашања, ексшефот на тајната полиција Сашо Мијалков се обиде да го дискредитира сведочењето на Звонко Костовски, еден...

Македонија15 часа

(Видео) Јанакиески побарал увид во доказите за крвавиот четврток

Околу триесетина минути траеше распитот на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески во Обвинителството за организиран криминал и...

Македонија17 часа

Револтирана мајка: Син ми доби силна тупаница по главата поради бојата на кожата

Револтирана мајка од Скопје на Фејсбук објави дека нејзиниот 13-годишен син добил тупаница по глава, а претходно бил навредуван на...

Македонија17 часа

Надица се логираше со други имиња за да види што другите гледаат во системот, сведочеше Звонко Костовски

Обвинетата началничка во МВР, Надица Николиќ, на денешното судење за масовното прислушување познато под кодното име „Таргет-Тврдина“ го испрашуваше инженерот...

Крвав четврток18 часа

Јанакиески повикан на распит во обвинителство за крвавиот четврток

Ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, е повикан на распит во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција во...

Македонија19 часа

Теренска вакцинација во училиштата против морбили

Медицински персонал денеска ќе тргне по училиштата и теренски ќе ги вакцинира оние што не ја примиле вакцината против морбили....

Европа19 часа

Шпанската полиција спречи терористички напад на џихадистите за Велигден во Севиља

Шпанската полиција, наводно, спречила планиран напад на велигденските поворки во Севиља, при што во Мароко е уапсен еден џихадист, соопшти...

Избори 20191 ден

Дескоска: Ако не се избере претседател, во игра се две опции

Во игра се две опции доколку на претседателските избори не биде постигнат потребниот цензус, изјави министерката за правда, Рената Дескоска....

Македонија1 ден

На интернет објавени четири прислушувани разговори

На интернет пред неколку часа објавени се четири телефонски прислушувани разговори. Зад објавата стои извесен корисник „Илија громовник“, а разговорите се...

Избори 20192 дена

Силјановска во штабот на Пендаровски

Гордана Силјановска-Давкова денеска го посети изборниот штаб на својот противкандидат Стево Пендаровски. Таа на „Твитер“ објави дека со присутните разговарале...

Македонија2 дена

(Видео) Поплава во средното уметничко училиште во Скопје

Во средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје вчера настанала поплава, откако избил вентилот за парно греење за време на...

Македонија2 дена

Нови 30 дена куќен притвор за Стевчо Јакимовски

Кривичниот суд во Скопје му определи нови 30 дена куќен притвор на поранешниот градоначалник на општина Карпош Стевчо Јакимовски во...

Свет2 дена

„Фејсбук“ без дозвола собрал адреси на е-пошта од 1,5 милион корисници

„Фејсбук“ призна дека собрал адреси на е-пошта од 1,5 милион корисници без нивно знаење и дозвола, објави Си-ен-ен. Најголемата социјална...

Свет2 дена

(Видео) Девојка во Бангладеш запалена зашто пријавила сексуална злоупотреба

Студенти ја полиле со керозин и ја запалиле нивната колешка Нусрат Џахан Рафи во училиште во Бангладеш бидејќи две недели...

Свет2 дена

Маж со канистери полни бензин и запалки сакал да влезе во катедралата во Њујорк

Триесет и седумгодишен маж e уапсен откако се обидел да влезе во катедралата Свети Патрик во Њујорк со два канистери...

Македонија2 дена

Репортери без граници: Земјава на 95. место според слобода на медиумите

Северна Македонија е на  95. место според последниот светски индекс за слободата на медиумите на Репортери без граници (РСФ), со...

Свет2 дена

„Тајм“ објави листа на највлијателни луѓе во светот

Пејачката Тејлор Свифт, телевизиската новинарка Гејл Кинг и фудбалската ѕвезда Мохамед Салах се меѓу шесттемина познати и највлијателни луѓе според...

Европа2 дена

(Видео) Португалија: Загинаа 29 германски туристи во автобус кој излета од патот на островот Мадеира

Најмалку 29 туристи од Германија загинаа синоќа во несреќа на португалскиот остров Мадеира, кога препол автобус излета од патот и...

Досие