Контакт

Свет

Милијардерот Марк Бениоф го купува магазинот „Тајм“

Објавено пред

Списанието „Тајм“ повторно ја менува својата сопственичка структура, речиси осум месеци откако беше продадено на американската медиумска група „Мередит корпорејшн“.

Коосновачот на Salesforce.com, Марк Бениоф, и неговата сопруга лично го купија „Тајм“ за 190 милиони долари.

Во изјава за медиумите, корпорацијата „Мередит“ појасни дека новите сопственици „нема да бидат вклучени во секојдневните активности или новинарските одлуки”.

Договорот би можел да се склучи во рок од еден месец, но прво мора да добие регулаторно одобрување.

Бениоф, кој е претседател, главен извршен директор и ко-основач на фирмата Salesforce.com – рече дека тој и неговата сопруга имаат огромна почит кон организацијата на магазинот и неговиот препознатлив бренд.

„Моќта на ‘Тајм’ списанието отсекогаш била во неговото уникатно раскажување приказни за луѓето и прашања што влијаат на сите нас, но и нè поврзуваат“, објасни тој.

Свет

Торнадо погоди предградие на Сиетл, уништени се куќи и откорнати дрвја

Објавено пред

Торнадо погоди предградие на Сиетл, во сојузната американска држава Вашингтон, во северозападниот дел на земјата, уништувајќи куќи и откорнувајќи дрвја, соопштија властите.

Торнадото погоди област јужно од градот Порт Орчард, два часот по полноќ, соопшти метеоролошката служба во Сиетл.

За среќа нема извештај за евентуални жртви нема.

„Силно врнеше дожд и пред да сфатам се леташе наоколу. Задните прозори од нашиот автомобил се распукаа…Мислев дека ќе умрам“ рекла Емили Силверман, која со сопругаот тргнала до продавница. Нејзиниот двегодишен син се наоѓал на задното седиште во автомобилот.

ТВ „Комо“ информира дека на неколку места е пријавена штета, а метеоролошката служба соопштила дека ќе испрати стручен тим поради непрегледноста за време на ноќта, кога работеле со тимовите за вонредни ситуации на проценети штети.

Порт Орчард се наоѓа на околу 24 километри западно од Сиетл.

Прикажи повеќе...

Свет

Три години биле хакирани пораки на европски дипломати

Објавено пред

Хакери успеале да хакираат дипломатска комуникации меѓу дипломати на Европската унија, објави „Њујорк тајмс“. Како што се наведува, дипломатската комуникација била пресретнувана неколку години.

Дека составот на комуникации на дипломатите е компромитиран, открила фирмата за сајбер безбедност „Ареа 1“. Методата која била користена од хакерите е слична на онаа која претходно ја користела кинеската војска, отркил експерт во истрагата.

„По десетгодишно искуство и средби со кинески сајбер-операции, нема сомнеж дека оваа кампања е поврзана со кинеската влада“ рекол експертот.

Европските службеници порачуваат дека не се хакирани пораките и разговорите кои се класифицирани како тајни, односно доверливи. Тие додале дека составот бил пробиен пред три години. Една од пораките која ја пресретнале, се однесуваат на состанокот на Трамп и Путин. Во пораката, еден од дипломатите на друг дипломат му јавува дека состанокот бил успешен, барем за Путин.

Во другата порака, се разменуваат детаљи од приватен состанок меѓу кинескиот претседател Си Џинпинг и функционер на ЕУ, до која дошле оваа година. Еден функционер го цитира Си како зборува дека Кина нема да биде малтретирана од страна на Вашингтон, па дури и ако трговската војна им наштети на сите.

„Њујорк тајмс“ додава дека се хакирани и бројни други институции, вклучително и ОН, како и дека за тоа се известени.

Прикажи повеќе...

Регион

Трамп му пиша и на Вучиќ

Објавено пред

Српскиот претседател, Александар Вучиќ добил писмо од претседателот на САД, слично со она што го објави косовскиот претседател, Хашим Тачи, јави порталот „Политико.еу“.

„Политико“ пишува дека Трамп во писмото ја изнел можноста Тачи и Вучиќ да се состанат во „Белата куќа“, во случај да биде постигнат договор помеѓу Белград и Приштина.

„Вучиќ доби слично писмо од Трамп“, објави „Политико“, повикувајќи се на советникот на Вучиќ за медиумите.

„Политико“ оцени дека Трамп на овој начин всушност испратил порака до владата на косовскиот премиер, Рамуш Харадинај, кој го критикуваше пристапот на Трамп кон преговорите и кој зазеде тврда линија кон Србија, вклучувајќи ги и царините од 100 проценти на производите од Србија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 минути

Пировска: Власта си ја презема улогата на делител на правдата

Власта си ја презема улогата на делител на правдата и со тоа ги премина границите до каде што може да...

Европа41 минута

Постигнат договор во ЕУ: Се забранува пластиката за еднократна употреба

Европската Унија постигна договор за забрана за користење на пластика за еднократна употреба, како што се пластичните чинии и сламки,...

Топ1 час

Полицаец загина во железничка несреќа кај Маџари

Полициски службеник од Полициската станица Гази Баба загина во железничката несреќа што утрово се случи на преминот Маџари во Скопје....

Свет1 час

Трамп формираше вселенска команда во Пентагон

Претседателот на САД, Доналд Трамп формираше вселенска команда во рамките на Пентагон со цел подобро да ги организира и да...

Македонија2 часа

Голем одрон на патот Каменица – Делчево, сообраќајот во прекин

Поради голем одрон патниот правец А3 Каменица – Делчево е затворен за сообраќај. Лесните возила може да се движат преку...

Свет12 часа

Се затвора проблематичната добротворна фондација на Трамп

Хуманитарната фондација на американскиот претседател, Доналд Трамп, прифати да биде затворена по наводите за злоупотреба на финансиски средства, јави Би-би-си....

Македонија16 часа

Пратениците едногласно го донесоа Законот за амнестија

Со 95 гласа „за“, ниту еден „против“ и „воздржан“, пратениците го донесоа Законот за амнестија. Пратениците од Алијанса за Албанците,...

Македонија17 часа

(Видео) Села: На 27 април ме убија еднаш, сега ме убиваат повторно

Токму во оваа сала се случи убиство. На 27 април речиси ме убија, но се спасив. Сега ме убиваат по...

Македонија17 часа

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги бојкотира уставните измени

ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничката група донесоа одлука да не учествуваат во процесот на уставните измени, истакна на прес-конференција пратеникот...

Македонија19 часа

Царинската управа отвори истрага за Трајковски, гостинот на Груевски во Будимпешта

Царинската управа вчера отвори истрага за царинскиот службеник Александар Трајковски, кој беше фотографиран со експремиерот Никола Груевски, азилант, во Будимпешта....

Македонија19 часа

Подобро е да нема снег оти со механизацијата на „Македонијапат“ стара над 30 години може се да заглави

Со стара менханизација и без доволен број работници „Македонијапат“ оваа година ќе се справува со снегот по магистралните патишта. Возилата,...

Истражувања19 часа

Владата го засака барокот на фасадата, мислењата на експертите баталени

Владата на Зоран Заев, која се колнеше дека ќе го чуе гласот на граѓаните, а посебно на експертската јавност, една...

Македонија19 часа

Саливан: САД ќе ѝ помогнат на Владата да се спротивстави на штетното влијание на Русија

Нема да биде изненадување за никого овде ако кажам дека Русија се спротивставува на патот што Македонија го има избрано...

Македонија20 часа

(Видео) Заев и Ципрас номинирани за Нобеловата награда за мир

На денешната свечена церемонија, која се одржа на Универзитетот ФОН во Скопје, премиерите на Република Македонија и на Република Грција,...

Македонија21 час

Фетаи за трошоците од прегласувањето во Струмица: И еден денар да е во прашање, направена му е штета на буџетот

Судењето за „Титаник 2“, кое се однесува на изборни нерегуларности од локалните избори од 2013 година, продолжи со наодите на...

Крвав четврток21 час

(Видео) Александрова: Прашајте ги обвинетите пратеници дали ќе бараат амнестија, јас не сум дел од 27 април

„Право на секој во согласност со законот е да поднесе барање. Дали некој од пратениците ќе поднесе или не, не...

Топ22 часа

(Видео) Половина тон марихуана вредна над милион евра запленета на ГП Богородица

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во координирана акција со Министерството за внатрешни работи и Царинската управа...

Македонија22 часа

(Видео) Кога општеството потфрла, кучето Бен му помага на момчето со церебрална парализа

Ова не е само сторија за куче што помага на болен човек. Ова е сторија за две суштества чии животи...

Македонија23 часа

(Видео) Пратениците ќе носат закон, а Кацарска и Рускоска ќе амнестираат

„Нема да бидат амнестирани лица што биле организатори на настаните од 27 април. Тука спаѓаат лицата што носеле оруже и...

Топ23 часа

Кавадарчанецот што избоде жена на нива обвинет за обид за убиство

Кавадарчанецот што во јуни годинава избоде жена на нива во прилепско село ќе одговара за обид за убиство и за...

Досие