Контакт

Свет

Милијардерот Џефри Епштајн е убиен, според новите наоди

Објавено пред

Причината за смртта на милијардерот Џефри Епштајн е веројатно задушување, а не самоубиство во неговата затворска ќелија, тврди форензички патолог најмен од брат му.

Наодите на патологот Мајкл Бејден се во спротивност со официјалните откритија што укажуваат на самоубиство со бесење објавено од официјални лица во август.

Бејден, кој со години бил главен медицински инспектор во Њујорк и бил присутен на првата обдукција на Епштајн, вели дека неговите повреди повеќе укажуваат на убиство отколку на самоубиство.

„Мислам дека доказите упатуваат на убиство, а не на самоубиство. Повеќе фрактури откриени на вратот на Епстајн се многу невообичаени за самоубиство. Бесењето не доведува до фрактури“, рече Бејден за „Фокс њуз“.

Епштајн беше пронајден мртов во њујоршкиот затвор во август. Тој го чекаше судењето поради наводите дека тргувал со девојчиња под 14-годишна возраст. Тој ги негира сите обвиненија, но доколку беше прогласен за виновен, ќе добиеше казна затвор до 45 години.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

СЗО: Во Европа се зголемува заразата со коронавирусот

Објавено пред

Брзината на пренесување на Ковид-19 и хоспитализацијата растат во Европа, предупреди директорот на Светската здравствена организација за вонредни ситуации, Мајкл Рајан.

Тој рече дека властите во Европа мора да го запрат ширењето на епидемијата на коронавирусот пред сезоната на грипот.

„Европа треба многу да стори за да ја стабилизира ситуацијата и да го стави под контрола пренесувањето на вирусот“, рече Рајан, кој по професија е лекар.

Предупреди дека на голем дел од континентот е регистрирано загрижувачко зголемување на бројот на заразени лица.

Епидемиологот на СЗО, Марија ван Керкова, потсети дека се наоѓаме на крајот на септември и сезоната на грип сè уште не е почната. Оттука, предупреди таа, организацијата е загрижена за можноста трендот да продолжи во погрешна насока.

Керкова истакна дека раната хоспитализација и употребата на „дексаметазонот“ спасиле животи.

„Ние сакаме да избегнеме затворање на државно ниво, како што беше случај на почетокот“, додаде Ван Керкова.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Пожар во објект на „Хуавеј“, огнот избувнал во близина на центарот за развој на 5Г-мрежата

Објавено пред

Голем пожар избувна во објект на кинескиот технолошки гигант „Хуавеј“ во градот Донггуан, во близина на лабораторијата за истражување и развој на 5Г и 4Г-антените.

Огнот е изгаснат и нема повредени лица.

Како што јавија властите, пожарот ја зафатил челичната конструкција во изградба, која се наоѓа во близина на истражувачката лабораторија.

На кинеските социјални медиуми беше објавено видео, на кое се гледа голем облак од темносив чад, кој се издига над лабораторијата.
Причината за пожарот не е позната, но според локалните пожарникари, најверојатно се запалил памукот за звучна изолација, а огнот бргу се проширил.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Силно невреме во Црна Гора

Објавено пред

Невреме проследено со обилни врнежи од дожд ги погоди денеска Котор и Тиват, што предизвика големи проблеми во сообраќајот.

Некои од патиштата и крајбрежните објекти во Тиват се под вода.

Работниците на комуналната служба, „Водовод и канализација“, и припадниците на Службата за заштита и спасување се на терен.

Слично е и во Котор, каде што возилата се движат низ поплавените улици.

Дирекцијата за вонредни состојби на Министерството за внатрешни работи на Црна Гора предупреди дека од денес до понеделник се очекуваат нестабилни временски услови со врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер, пишува „Вјести“.

Издадено предупредување за Хрватска

Во Хрватска е издадено предупредување за невреме проследено со обилен дожд и град. Се додава и можност за торнадо и силни налети на ветер.

Најмногу врнежи се очекуваат во вечерните часови.

Severe Weather Europe објави прогноза со која најавува големи врнежи од дожд за Западен Балкан и дел од Медитеранот.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа48 минути

СЗО: Во Европа се зголемува заразата со коронавирусот

Брзината на пренесување на Ковид-19 и хоспитализацијата растат во Европа, предупреди директорот на Светската здравствена организација за вонредни ситуации, Мајкл...

Македонија2 часа

Пахор со поддршка за членството во ЕУ: „Не смее да има одложување на меѓувладината конференција“

Словенија ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија на патот кон полноправно членство во Европската Унија, истакна претседателот на Словенија,...

Топ4 часа

Возач и мигрант ранети при обид да избегаат од полицијата

Возач, кој превезувал мигранти и еден патник, добиле со прострелна рана во нозете додека возачот се обидувал да ѝ побегне на...

Регион5 часа

Загинаа двајцата пилоти од воениот авион што се урна во Србија

Српското Министерството за одбрана потврди дека загинале двајцата пилоти при уривањето на авионот „миг-21“ за време на воена вежба. Надлежните...

Македонија5 часа

Починаа 9 лица, регистрирани 143 новозаразени

Во последните 24 часа се направени 1.504 тестирања, а регистрирани се 143 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје...

Македонија6 часа

Спасовски: Нападнатиот полицаец од дрвокрадци има фрактура на черепот и е во тешка состојба

Еден од петтемина полицајци од Велес, кои синоќа биле нападнати од дрвокрадци, има тешки телесни повреди. Тој од синоќа е...

Македонија6 часа

(Видео) Кривична пријава и суспензија за полицаецот кој претепа Ром во Битола

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички стандарди и професионални истраги во МВР поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење...

Европа7 часа

Напаѓачот уапсен, полицијата пронајде мачета и сатар на местото на нападот во Париз

„Бев во мојата канцеларија. Слушнав врисоци на патот. Погледнав низ прозорецот и видов жена која лежеше на подот и имаше...

Македонија9 часа

Пендаровски до Пахор: Споделуваме сегашност во НАТО, уверен сум дека ќе имаме и заедничка иднина во ЕУ

Денеска во претседателскиот кабинет во „Вила Водно“ претседателот Стево Пендаровски на церемонија со највисоки државни и воени почести го пречека...

Македонија9 часа

Казна за Рудникот САСА – ќе плати 65 илјади евра поради истекувањето јаловина

Откако при направениот увид и констатиран прекршок водостопанскиот инспектор на Државниот инспекторат за животна средина предложи постапка за посредување согласно...

Свет9 часа

(Видео) Ковид-19 создал мутација којашто е уште позаразна

Резултатите од една нова студија покажуваат дека Ковид-19 создал нова мутација која се чини дека е уште позаразна, а експертите...

Македонија10 часа

Николовски ќе бара мотивациско писмо од директорите за да спречи корупција

Вицепремиерот Љупчо Николовски бара од граѓаните да не очекуваат чудо за брзо време бидејќи проблемот со корупцијата во Македонија постои...

Македонија10 часа

Маричиќ не поддржува бирање државен јавен обвинител со политички договор

Не веруваме дека е добар начин на избор на обвинител со политички договор меѓу партиите, рече министерот за правда, Бојан...

Регион11 час

(Видео) Во Србија се урна воен авион „Миг 21“

Авионот на српската армија „Миг 21“ се урна утрово при извршување на редовна задача за летање во селото Брасина, во...

Свет12 часа

Водечкиот германски епидемиолог предупредува: Пандемијата допрва ќе почне

Водечкиот германски епидемиолог Кристијан Дростен во својот говор на Светската здравствена конференција во Берлин предупреди на предвременото славење на успехот...

Свет12 часа

Трамп: Бајден ќе ја уништи Флорида, мојот план ќе го уништи вирусот

Како дел од предизборната кампања, американскиот претседател, Доналд Трамп, ги посети Северна Каролина и Флорида, некои од државите каде што...

Свет12 часа

Бројот на заболени од Ковид-19 во САД надмина 7 милиони

Бројот на заболени со коронавирус во САД вчера надмина седум милиони, што е повеќе од 20 проценти од вкупниот број...

Македонија12 часа

Заев: Бруталноста од полициски службеници врз граѓани Роми е за најсилна осуда

Премиерот Зоран Заев го осуди вчерашниот инцидент, во кој полицајци брутално тепаат Роми. Според него, таквото однесување е срамно за...

Регион12 часа

Албански претседател: Косово гарант за безбедноста на Балканот

Претседателот на Албанија, Илир Мета, на 75. заседание на ООН изјави дека членството на Косово во ООН би било корисно...

Свет1 ден

Гутереш: Вирусот се шири во сите правци, потфрли заедничката соработка

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, денеска изјави дека светот не успеал да соработува во борбата против пандемијата на Ковид-19....

Досие