Контакт

Свет

Министерството за правда на САД бара итна наредба за блокирање на објавувањето на книгата на Болтон

Објавено пред

Министерството за правда на САД побара итна наредба за блокирање на објавувањето на книгата на Џон Болтон, пренесува „Њујорк пост“.

Со наредбата формално ќе биде издазена забрана за објавувањето на бомбите на поранешниот советник за национална безбедност во Белата куќа, потег што издавачот на Болтон, „Сајмон и Шустер“, го нарече политички мотивирана вежба за залудност.

Итната наредба ќе ја засили правната битка на Белата куќа против Болтон откако администрацијата на Трамп во вторникот поднесе граѓанска тужба против него, барајќи од судот да го одложи предвиденото објавување на 23 јуни.

„Вечерашново барања на владата е несериозна, политички мотивирана вежба за залудност“, се вели во изјавата на „Сајмон и Шустер“. „Стотици илјади примероци од „Собата каде што се случи тоа“на Џон Болтон се веќе дистрибуирани низ целата земја и во светот. Забраната, како што бара владата, нема да постигне ништо “.

„Сајмон и Шустер“ ја промовирата книгата на Болтон како „книгата што Доналд Трамп не сака да ја прочитате“, ветувајќи дека е полна со срамни и контроверзни приказни од времето на Болтон во Белата куќа.

Џон Ратклиф, директорот на националното разузнавање на Трамп, во средата вечерта издаде изјава во која се вели дека „неовластеното откривање класифицирани информации ѝ штети на нашата национална безбедност и ги загрозува изворите и методите на кои разузнавачката заедница се потпира за да го заштити американскиот народ“.

Регион

(Видео) Навалица во Белград, огромен број луѓе чекаат за тестирање на коронавирус

Објавено пред

Огромни редици за тестирање на коронавирус беа забележани пред институтот „Торлак“, за што сведочат и видеата што се шират на социјалните мрежи.

Редовите се долги неколку стотици метри, пишува „Блиц“.

Епидемиолошката состојба во Србија со денови е критична и бележи драматичен скок на бројот на новозаболени, а вчера е евидентиран најголем број лица на респиратори од почетокот на епидемијата, дури 170.

Уште во раните утрински часови е формирана колона на луѓе пред институтот и сите стојат и чекаат да дојдат на ред за тестирање.

Во последните 24 часа во Србија биле тестирани 8.659 лица за коронавирусот, 344 од нив биле позитивни, а 13 лица починале.

Прикажи повеќе...

Свет

Индиската компанија „Зидус“ го почна тестирањето на вакцина против коронавирус врз луѓе

Објавено пред

Индиската фармацевтска компанија „Зидус“ потврди дека нејзините експерти почнале клинички да тестираат можна вакцина против Ковид-19 врз луѓето.

„Првите дози ДНК-вакцина врз база на плазма наречена ZyCoV-D беа применети денеска заради тестирање врз луѓе“, се вели во соопштението на компанијата.

Вакцината предизвика силна имунолошка реакција при тестирање на животни, како глувци, стаорци, заморчиња и зајаци. Досега не се регистрирани неповолни здравствени ефекти.

„Кај зајаците, администрираните дози беа трипати поголеми од оние наменети за луѓето и тие се покажаа безбедни и имуногени“, велат од компанијата.

Компанијата наведува дека платформата на ДНК-вакцината што ја развиле може да се користи за евентуално прилагодување на вакцините, во рок од неколку недели, во случај на мутација на коронавирусот со цел да се обезбеди целосна ефикасност.

Заедно со неколку други држави, Индија забрзано бара вакцина против Ковид-19.

Прикажи повеќе...

Регион

Почина последниот лидер на Комунистичката партија на Чешка

Објавено пред

Последниот лидер на Комунистичката партија на Чешка за време на Кадифената револуција во 1989 година, Милош Јакеш, почина на 97-годишна возраст.

Комунистичката партија потврди дека тој починал, но тие не дадоа повеќе детали. Точната причина и времето на смртта не се познати.

Јакеш беше назначен за генерален секретар на Комунистичката партија во 1987 година.

Како припадник на конзервативниот дел на партијата, тој беше против либералните реформи од 1968 година познати како „Прашка пролет“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет56 минути

Индиската компанија „Зидус“ го почна тестирањето на вакцина против коронавирус врз луѓе

Индиската фармацевтска компанија „Зидус“ потврди дека нејзините експерти почнале клинички да тестираат можна вакцина против Ковид-19 врз луѓето. „Првите дози...

Македонија1 час

ДИК: До 11 часот одѕивот е над 11 отсто, најголем во Демир Хисар – 21,33 отсто

До 11 часот одѕивот на гласачите на предвремените парламентарни избори е 11 проценти, соопшти претседателот на Државната изборна комисија, Оливер...

Македонија2 часа

МОСТ: Гласањето се одвива непречено

Според потврдените информации добиени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ, на гласачките места покриени од МОСТ нема неправилности, а...

Македонија4 часа

МОСТ: Избирачките места се отворени и гласањето се одвива безбедно

Граѓанската асоцијација МОСТ го следи денешното гласање со 900 набљудувачи. На 696 гласачки места, избрани според случаен и репрезентативен примерок,...

Регион4 часа

Црна Гора со најмногу активни случаи на Ковид-19 по глава на жител во регионот

Откако црногорскиот Институт за јавно здравје во системот ги внесе резултатите од 2.000 тестови кои претходно поради малиот капацитет во...

Македонија6 часа

Граѓаните може да пријавуваат прекршувања на избирачкото право во Хелсиншкиот комитет

Со оглед дека веќе почна гласањето во рамки на предвремените избори за пратеници во Собранието, Хелсиншкиот комитет за човекови права...

Македонија6 часа

Бесплатна телефонска линија на Народниот правобранител за пријавување повреда на избирачкото право

Во канцеларијата на Народниoт правобранител денеска во периодот од 7 до 21 часот ќе функционира беслатната телефонска линија: 0800-54321, на...

Македонија6 часа

Во Македонија се одржуваат десеттите парламентарни избори

Под специфични услови денеска во Македонија се одржуваат десеттите парламентарни избори, петти предвремени парламентарни избори од независноста, на кои право...

Македонија14 часа

На вториот ден гласаа околу 86 отсто од пријавените гласачи

На вториот ден од гласање своето избирачко право го искористиле 9.330 гласачи, соопшти вечерва портпаролот на Државната изборна комисија, Адмир...

Свет16 часа

Американска компанија почнува со завршни испитувања на вакцината против коронавирусот

Американскиот фармацевтски концерн „Модерна“ објави дека завршните клинички испитувања за вакцината против Ковид-19 ќе почнат на или околу 27 јули....

Македонија21 час

Регистрирани 135 новозаразени од Ковид-19 и четири смртни случаи

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.259 тестирања, а регистрирани се 135 нови случаи на...

Македонија22 часа

Се бара со потерница експретседателот на кривичниот суд Владимир Панчевски

Експретседателот на кривичен суд, Владимир Панчевски, се бара со национална потерница што ја распиша МВР по наредба на Основниот суд...

Македонија22 часа

Во полициска станица повикани лица кои објавиле статус да се чкртне „Северна“ на гласачкото ливче

И други лица ќе бидат повикани на разговор за објавување статуси на социјалната мрежа „Фејсбук“, по примерот на директорот на...

Македонија24 часа

Две телевизии го прекршиле изборниот молк

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги при проверка на начинот на известување на радијата и телевизиите за време на...

Топ1 ден

Kривична пријава за скопјанецот осомничен дека ја убил невенчаната сопруга, а телото го фрлил покрај пат

Полицијата поднесе кривична пријава против 36-годишен скопјанец кој е осомничен дека ја убил невенчаната сопруга. Според информациите на МВР, И.Е.(36)...

Македонија1 ден

Австрија забрани летови од Македонија и другите земји од Западен Балкан

Со цел да се избори со пандемијата на коронавирус, Австрија го прошири списокот на земји на кои им е забрането...

Македонија1 ден

Најголем дел од заболените изминатата недела се лица над 60 години

Минатата недела, односно за седум дена, регистрирани се вкупно 1.073 нови позитивни случаи на коронавирус од вкупно направени 9.995 тестови....

Македонија1 ден

Во Македонија досега се излечени над 4.000 пациенти од коронавирус

Од почетокот на пандемијата, бројката на оздравени пациенти изнесува 4.326 лица. Во текот на вчерашниот ден надлежните соопштија за 123...

Македонија1 ден

Денеска гласаат болните, немоќните и затворениците

Во тек е вториот ден од гласањето за предвремените парламентарни избори. Откако вчера своето гласачко право го остварија заразените со...

Свет1 ден

СЗО: Многу земји одат во погрешна насока, нема враќање во нормала во скоро време

Светот во догледна иднина нема да се врати во некогашната нормала, оцени Светската здравствена организација (СЗО), еден ден по рекордните...

Досие