Контакт

Свет

Министерот за финансии на САД: Приходите од царините на Трамп достигнуваат до 500 милијарди долари годишно

Објавено пред

Министерот за финансии на Соединетите Американски Држави, Скот Бесент, изјави дека приходите од царините, кои постепено ги воведува претседателот на оваа земја, Доналд Трамп, би можеле да достигнат 500 милијарди долари годишно.

Вчера, на состанок на кабинетот во Белата куќа, Бесент рече дека неговата претходна процена за годишни приходи од 300 милијарди долари е прениска, објави „Ројтерс“.

„Имавме значителен скок од јули до август, а мислам дека ќе видиме уште поголем скок од август до септември. Оваа администрација забележа значително намалување на буџетскиот дефицит“, рече тој.

Приходите од царините би го компензирале зголемувањето на буџетскиот дефицит предизвикано од намалувањето на даноците и законот за трошоци, кој републиканците го усвоија оваа година.

Бесент во понеделникот изјави дека американската влада собрала 29,6 милијарди долари од царинење во текот на август.

Тој додаде дека Канцеларијата за буџет на Конгресот (CBO) ја ревидирала процената на федералните приходи од царините на Трамп и предвидела дека тие би можеле значително да го намалат буџетскиот дефицит.

Најново

Забава4 минути

Најпосакуваниот летен тренд се враќа од 2010 година: „Ископајте“ го вашиот стар пар од плакарот

Од Коачела на почетокот на 2010-тите до луксузните модни писти, „гладијаторките“ се повторно во центарот на вниманието. Овој впечатлив и...

Забава19 минути

Една од најубавите жени во светот објави фотографии од прославата на првиот роденден на нејзината ќерка

Моделката и инфлуенсерка Оливија Кулпо го прослави првиот роденден на својата ќерка и објави серија фотографии од прославата. Во објавата,...

Свет24 минути

Остатоци од птици пронајдени во моторот во авионот по несреќата со српскиот патник кој излета од прозор

Остатоци од птици се пронајдени во моторот на авионот Боинг 737 NG на „Рајанер“, по несреќата во која еден патник...

Свет30 минути

НАТО собори дрон што навлезе во воздушниот простор на Латвија

Борбени авиони на НАТО соборија беспилотно летало кое влезе во латвискиот воздушен простор рано утрово. Вооружените сили на оваа земја-членка...

Македонија45 минути

Без струја делови од Илинден, Сопиште, Кисела Вода и Гази Баба

Без струја денеска ќе останат делови од општините Илинден, Сопиште, Кисела Вода и Гази Баба. „Од ЕВН Македонија АД известени...

Македонија54 минути

Министерството објави броеви за македонските граѓани кои се во Грција и имаат потреба од помош

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија соопшти дека со внимание ја следи актуелната состојба со пожарите во Грција, преку...

Македонија59 минути

(Видео) Борбата со огнот траеше цела ноќ: Куќите во Лозани повеќе не се загрозени

Борбата со пожарот во битолското село Лозани траеше цела ноќ, а куќите повеќе не се загрозени, информираа рано утрово директорот...

Македонија1 час

Пожарот над село Габер под контрола

Ситуацијата со пожарот над село Габер е под контрола, објави Центарот за управување со кризи. Од таму најавија дека во...

Регион10 часа

Пожарот на Халкидики ставен под контрола, изгореа неколку куќи

Пожарот што денеска зафати дел од Халкидики е под контрола. Оштетени се куќи и инфраструктура и за среќа нема жртви....