Европа
Мистериозна смрт на работници во магацин во Германија

Германската компанија „Хермес“ во источна Германија престана со работа кога двајца нејзини работници починале во рок од неколку часа, а третиот завршил во болница.
Првиот работник починал во магацинот на компанијата, вториот во комбе, а причините сè уште не се познати.
Во овој момент полицијата ги испитува околностите на смртта и ги третира како несреќен случај.
Полицијата ги тестирала супстанциите пронајдени во пратките во комбето под сомнение дека се токсични, но се наведува дека количината не е доволна за да убие возрасно лице.
На третиот човек во магацинот му се слошило, а полицијата во соопштението тврди дека неговото заминување во болница е сосема нормална медицинска процедура и дека господинот претходно имал здравствени проблеми.
„Хермес“ има 3.000 вработени и моментно не ја извршува дејноста од предострожност.
Противпожарни екипи веднаш дошле во складот каде што се случила трагедијата.
Кога ги отвориле пакетите, откриле помали количини одредени супстанции што не биле смртоносни.
Само по обдукцијата на двајцата починати ќе биде појасно што се случило, но првите медицински извештаи негираат дека причина за смртта била труење.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
ЕУ подготвува тужба против „Астразенека“

Европската комисија се подготвува да преземе правни активности против „Астразенека“, објави „Политико“, повикувајќи се на пет неименувани европски дипломати.
Вчера на состанокот на европските дипломати повеќето европски земји потврдија дека ќе поддржат тужба против „Астразенека“ за кршење на договорот за испорака на вакцини до членките на ЕУ, наведува „Политико“.
Идејата зад тужбата е да се принуди „Астразенека“ да ги достави вакцините што ги вети во договорот со Европската Унија, објави „Политико“, повикувајќи се на дипломатски извори.
„Астразенека“ предизвика негодување во ЕУ во јануари кога соопшти дека нема да може да ѝ го достави на Унијата бројот на дози за кои првично се обврза.
До крајот на првиот квартал, таа испорача 30 милиони дози во земјите на ЕУ, а не 100 милиони колку што беше договорено.
Тој недостаток се одрази врз кампањите за вакцинација низ цела ЕУ, пишува „Политико“.
Компанијата соопшти дека ќе испорача околу 70 милиони дози до крајот на вториот квартал, до кога требаше да бидат доставени сите 300 милиони дози според договорот со ЕУ.
Европа
На Крим уапсен Русин за откривање државна тајна на Украина

Федералната служба за безбедност на Русија (ФСБ) уапси руски државјанин во Севастопол, кој ѝ ги предаваше на Украина податоците за активностите на Црноморската флота, пишуваат руските медиуми.
„Во Севастопол е уапсен државјанин на Русија, кој наменски собирал и доставувал до Главната управа за разузнавачки работи на Министерството за одбрана на Украина податоци за активностите на Црноморската флота, кои се државна тајна. Протекувањето на овие податоци надвор од земјата може да ја оштети нејзината одбранбена способност “, се вели во соопштението на Федералната служба за безбедност.
Против ова лице е поведена кривична постапка.
Европа
Жена лажела на возачки испит во Австрија, сопругот го гризнал сопственикот на автошколата

Возачки испит во Австрија бил запрен откако инструкторите откриле дека една од кандидатките се обидува да ги заобиколи правилата.
Школа за возење во градот Инсбрук контактирала со полицијата откако 40-годишната жена започнала да се однесува чудно додека полагала писмен испит, изјави полицискиот портпарол.
Според него, жената сторила сé за да се осигура дека ќе ја добие возачката дозвола, таа на себе имала слушалки со блутут и скриена камера зашиени во нејзиниот џемпер.
Додека полицијата ја испрашувала, нејзиниот сопруг се појавил и сакал да ја напушти автошколата со неа. Ситуацијата на крајот ескалирала кога тој го гризнал за рамо сопственикот на автошколата.
Полицијата ја обвини жената за мамење на возачки испит, а нејзиниот сопруг за напад, но тие сепак не завршија во притвор.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион6 дена
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?