Свет
Мистериозниот објект што кружи околу земјата не е астериод, туку ракета стара 54 години

Мистериозниот објект што кружи околу Земјата не е астероид, туку ракета стара 54 години, потврдија денес астрономите на НАСА.
Објектот, кој бил забележан со телескоп на Хаваите, потврдил дека станува збор за ракета, објави лабораторијата на НАСА од во Калифорнија.
Кога бил откриен во септември, се верувало дека објектот е астероид, но еден од главните експерти на НАСА, Пол Ходас, брзо се посомневал дека станува збор за ракета „Кентаур“ од мисијата „Сарвејор 2“, која беше прогласена за неуспешна во 1966 година, откако не успеа да слета на Месечината.
Кентаурот е долг десет метри и има дијаметар од три метри, објави АП.
Тврдењето на Ходас се покажа како точно кога тим од Универзитетот во Аризона, предводен од Вишну Реди, користеше инфрацрвен телескоп од Хаваи за да го разгледа мистериозниот предмет.
Кентаурот орбитира околу 50.000 километри од земјата. Ќе ја напушти орбитата во март и ќе се врати да кружи околу Снцето, а неговото следно враќање се предвидува во 2036 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
ОН го поздравија претседателскиот указ за одржување избори во Палестина

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, го поздрави претседателскиот указ издаден од претседателот на Палестинската саноуправа, Махмуд Абас, за одржување на палестинските избори, пренесува „Мидл Ист монитор“.
Во изјавата издадена од портпаролот на генералниот секретар, Стефан Дујарик, се вели: „Одржувањето избори во окупираниот Западен Брег, вклучително и Источен Ерусалим и Појасот Газа, ќе биде клучен чекор кон единството на Палестинците, давајќи им нов легитимитет на националните институции, вклучително и демократски избрани парламент и влада во Палестина.
Во соопштението се додава дека генералниот секретар ги повикува палестинските власти да го олеснат, зајакнат и поддржат политичкото учество на жените во текот на целиот изборен циклус.
Генералниот секретар исто така се надева дека одржувањето на изборите ќе придонесе за почеток на процесот кон преговарачко решение за две држави засновано на линиите пред 1967 година и во согласност со релевантните резолуции на ОН, билатералните договори и меѓународното право.
Во меѓувреме, во изјавата се потврдува дека ОН се подготвени да ги поддржат напорите на палестинскиот народ да може да ги остварува своите демократски права.
Во петокот, Абас издаде претседателски указ за одржување претседателски и парламентарни избори на Палестинскиот национален совет. Последните претседателски избори се одржаа во 2005 година, а парламентарните во 2006 година.
Иако меѓународната заедница ги призна резултатите од првите избори, ги отфрли резултатите од вторите и покрај тоа што беа едни од најтранспарентните во целиот регион.
Европа
Норвешка ги олеснува ограничувачките мерки против коронавирусот

Норвешката влада ќе олесни некои ограничувачки мерки, бидејќи силните мерки против коронавирусот, кои беа воведени пред две недели, се покажаа ефикасни, изјави норвешката премиерка Ерна Солберг.
„Иако се чини дека мерките се ефикасни и дека заразата е помала, ситуацијата е сè уште неизвесна“, додаде Солберг во парламентот, пренесува „Ројтерс“.
Со олеснување на мерките, на домаќинствата ќе им биде дозволено да примаат гости, но ќе има најмногу пет посетители.
Децата и тинејџерите можат да ги продолжат своите спортски активности, но кафулињата и рестораните сè уште имаат забрана да служат алкохол.
Свет
Иран ги обвини САД за малтретирање на иранските допломати и нивните семејства

Иран ги обвини САД за малтретирање на официјални ирански претставници во меѓународните организации со седиште во САД, вклучувајќи ги и Обединетите Нации (ОН), пренесува ИРНА.
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Саид Хатибзаде, рече дека Техеран доставил писмо до САД преку швајцарската амбасада, која ги застапува интересите на САД во Иран, со предупредување дека ќе поднесе тужба до Меѓународниот суд на правдата против САД ако тие не запрат со своите незаконски активности против иранските дипломати и нивните семејства.
Хатибзаде додаде дека Вашингтон не ги исполнува своите обврски како земја-домаќин на меѓународните организации, наведувајќи дека отсекогаш биле извор на непријатности за дипломатите на земјите што ги нарушуваат американските политики.
Иранската најава доаѓа во време на зголемени тензии меѓу Иран и САД, пред инаугурацијата на новоизбраниот претседател Џо Бајден на 20 јануари.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира