Европа
Младите ќе бидат позагрозени во вториот бран на коронавирусот, сметаат експертите

Повеќе земји во Европа пријвија зголемување на бројот на заразени од коронавирус. СЗО предупредува дека причината може да биде ширењето на инфекцијата меѓу младите луѓе.
Според експертите, вториот бран на коронавирус сигурно ќе пристигне, но може да биде поинаков од првиот, при што овој пат поизложени би биле младите.
Регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге, изјави дека голем број здравствени претставници пријавиле голем број заразени меѓу младите луѓе.
„Без разлика дали ова е прв или втор бран, знаеме дека ова е последица на промената на однесувањето кај луѓето. Поради извештаите за поголем број заразени лица меѓу младите, за мене тоа е доволно силно предупредување за да разгледаме како подобро да ги вклучиме младите во одговорот против пандемијата“.
Научниците се загрижени дека младите луѓе, кои периодов уживаат во летото, би можеле да бидат следната најзагрозена група, како што бил случајот во 1918 година со шпанската треска.
„Она што го знаеме од 1918 е дека дошло до промена кај грипот, вториот бран бил се разликувал од првиот и влијаел на друга група луѓе, претежно млади“, изјави професорот Роџер Кирби, претседател на Кралското друштво за медицина, за Би-би-си.
Во текот на летото во 1918 година се чинело дека пандемијата ќе заврши, но имало скок на смртните случаи во септември и ноември, а за разлика од типичниот сезонски грип, во кој жртви може да бидат и стари и млади лица, во епидемијата почнале да страдаат помлади, здрави луѓе во дваесеттите и триесеттите години од животот, пишуваат британските медиуми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Шведска ги запре плаќањата кон „Фајзер“

Шведската здравствена агенција објави дека ги запрела плаќањата кон компанијата „Фајзер“ и бара појаснување за количините на дози на вакцина против Ковид-19 во едно шишенце, пишува весникот „Дагенс Нихетер“.
Шведска побара објаснување откако „Фајзер“ објави дека секое шише содржи шест дози, а не пет, како што е договорено.
Официјален Стокхолм сега сака Европската комисија и „Фајзер“ да постигнат договор за тоа колку дози вакцина содржи едно шишенце.
„Дотогаш, ја известивме компанијата дека треба да почекаме со плаќањата додека не добиеме појаснување за тоа на што се однесуваат“, рече главниот шведски епидемиолог Андерс Тегнел.
Од канцеларијата на „Фајзер“ во Шведска одбија да ги коментираат наводите на шведскиот весник за „Ројтерс“, но на „Дагенс нихетер“ му беше кажано дека се наплатуваат шест дози по шишенце.
Европа
Бразилскиот вид на Ковид-19 пристигна во Италија, вирусолозите предупредуваат дека вакцината не е ефикасна против него

Болница во градот Варезе, во регионот на Ломбардија, лекува лице на кое му е дијагностициран првиот случај во Италија на бразилскиот вид на Ковид-19. За еден ден, во Италија имало 420 смртни случаи и 8.000 нови случаи на инфекција со Ковид-19, пишува агенцијата Анса.
„Доколку се зголеми бројот на лица заразени со бразилскиот вид на Ковид-19, потребно е веднаш да се воведе строг карантин, да се затвори сè, бидејќи вакцината што се користи во моментов не е ефикасна против таа варијанта на вирусот“, тврди вирусологот Андреа Крисанти, директор на микробиологија на Универзитетот во Падова.
Во Италија, граѓаните се вакцинираат само со вакцината на „Фајзер“, американски производител што ја намали испораката на договорените количини на лекот.Италијанската влада затоа покрена законски мерки против производителот на Фајзер-Бионтек, бидејќи намалувањето на испорачаните количини го компромитира владиниот план за масовно вакцинирање на населението.
Во меѓувреме, Европската Унија воведе ознака, темноцрвена, за деловите од земјите членки каде, според проценките, најголема е опасноста од ширење на инфекцијата.
Европа
Шпанците имаат потенцијално ефикасен лек во претклиничко лекување на коронавирусот

Шпанската фармацевтска компанија „Фрамамар“ соопшти дека во стручното списание „Наука“ е објавена рецензија во која се потврдува дека лекот „плитидепсин“ може да биде потенцијално ефикасен во претклиничко лекување на Ковид-19.
Врз основа на научно истражување спроведено во Њујорк, Сан Франциско и Париз, откриено е дека лекот помага да се намали ширењето на вирусот во телото на заразени животни и да се намали концентрацијата на вирусот во белите дробови на животните третирани со „плитидепсин“.
По денешното отворање на берзата, вредноста на акциите на „Фармамар“ скокна за 13 проценти, на 98,5 евра, пренесува „Ројтерс“.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот