Контакт

Свет

„Модернa“ почна со тестирање на вакцината против Kовид-19 врз деца и бебиња

Објавено пред

Американската фармацевтска компанија „Модерна“ објави дека почнала со тестирање на вакцината против Ковид-19 врз деца.

Клиничкото испитување наречено KidCOVE ќе опфати приближно 6.750 деца во САД и Канада на возраст меѓу 6 месеци и 11 години, пишува Си-ен-ен.

Тестирањето е поделено на два дела. Во првиот различни дози на вакцината ќе бидат тестирани на деца. Деца на возраст од 6 месеци до 1 година ќе добијат две дози вакцина (од 25 до 50 микрограми) во интервали од 28 дена, а оние на возраст од 2 до 11 години ќе добијат две дози во истиот период, но од 50 до 100 микрограми.

Податоците од првиот дел од тестот ќе се користат за одредување на дозата во вториот дел, која ќе вклучува контролна група на деца што ќе примат плацебо. Специјалисти ќе ги следат децата 12 месеци по приемот на втората доза за да се утврди разликата помеѓу ефективноста на вакцината и плацебо и можните несакани ефекти.

„Оваа педијатриска студија ќе ни помогне да ги процениме потенцијалната безбедност и имуногеноста на нашиот кандидат за вакцина против Ковид-19 кај помладата популација“, рече извршниот директор на „Модерна“, Стефан Бансел.

Европа

Чешка нема да набави „Спутник в“ и ја исфрла руската „Росатом“ од тендерот за нуклеарна централа

Објавено пред

Чешката влада објави дека го исклучува рускиот „Росатом“ од тендерот за нуклеарна централа вредна повеќе милијарди евра и се откажа од набавка на руската вакцина „Спутник в“, во услови на дипломатски конфликт со Москва.

Одлуката е донесена по неколку меѓусебни протерувања на дипломати, откако Прага ги обвини руските тајни служби за смртоносната експлозија во Врбетице во 2014 година, во која загинаа две лица.

„Нема да бараме документи за проценка на безбедноста од ‘Росатом’“, им рече на новинарите чешкиот министер за индустрија и трговија, Карел Хавличек.

По одлуката за исклучување, договорoт за изградба на нова единица во нуклеарната централа „Дуковани“ на југот од Чешка до 2036 година, можеби ќе биде склопен со францускиот ЕДФ, јужнокорејскиот КХНП и американскиот „Вестингхаус“.

Чешкиот министер за надворешни работи, Јан Хамачек, објави и дека неговата земја сега веќе нема намера да ја набави руската вакцина против Ковид-19, „Спутник в“.

„Ќе се потпреме на вакцините одобрени од Европската агенција за лекови, ЕМА“, додаде тој.

Употребата на „Спутник в“ предизвика превирања на чешката политичка сцена.

Пред една недела, чешкото претседателство објави смена на министерот за надворешни работи, Томаш Петричек, кој беше против употребата на таа вакцината без одобрение во Европа.

Прикажи повеќе...

Свет

Индискиот вид коронавирус пристигна во Израел, вакцината „Фајзер“ делумно ефективна

Објавено пред

Израел регистрира осум случаи на коронавирусот, кој за прв пат беше идентификуван во Индија и се верува дека вакцината „Фајзер / Бионтек“ барем делумно штити од овој вид на коронавирус, изјави денеска израелски здравствен службеник.

Првите седум случаи на индискиот вид на коронавирус беа откриени во Израел минатата недела меѓу луѓето кои пристигнале однадвор и кои оттогаш биле подложени на прелиминарно тестирање, соопшти Министерството за здравство.

„Впечаток е дека вакцината на „Фајзер“ е ефикасна против овој вид, иако со намалена ефикасност“, рече Хези Леви, генерален директор на Министерството за здравство.

Велика Британија и Ирска исто така објавија дека го истражуваат индискиот вид на коронавирус откако го откриле во нивните земји.

Израел, земја со 9,3 милиони жители, целосно вакцинира 81 процент од граѓаните постари од 16 години по што заразата со Ковид-19 и хоспитализациите нагло се намалија.

Прикажи повеќе...

Свет

Кинеската вакцина го намалува ризикот од хоспитализација за повеќе од 90 проценти

Објавено пред

Вакцината против коронавирус на кинеската компанија „Синофарм“ за 93 проценти ја намалува можноста лице заразено со коронавирус да заврши во болница, а за 95 проценти го намалува ризикот од сместување на интензивна нега, покажуваат резултатите од студијата спроведена во главниот град на Обединетите Арапски Емирати, Абу Даби.

Студијата покажа значително намалување на стапката на нови случаи на коронавирус кај луѓето кои примиле втора доза на вакцина.

Според анализата на Центарот за јавно здравје од Абу Даби, повеќето од оние кои се заразиле по првата доза имале благи симптоми и не им била потребна хоспитализација, пренесува порталот „Нејшнел њуз“ од ОАЕ.

Како што е истакнато, кај лицата кои ги примиле двете дози вакцина на „Синофарм“ не е евидентирана смрт.

Исто така е утврдено дека имунитетот не е загарантиран по прележувањето на болеста, дека ризикот од зараза се зголемува со појава на повеќе мутации, како и дека инфекцијата подоцна може да доведе до долгорочни здравствени компликации.

Студијата наведува дека вакцината на „Синофарм“ обезбедува имунитет најмалку шест месеци, но дека се потребни нови истражувања за тоа прашање.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

Левица поднесе кривични пријави за заразените пратеници и претседателот на Собранието

Политичката партија Левица поднесе пријава до Државниот санитарен и здравствен инспекторат и кривична пријава во Основното јавно обвинителство за пратениците...

Свет9 минути

Кинеската вакцина го намалува ризикот од хоспитализација за повеќе од 90 проценти

Вакцината против коронавирус на кинеската компанија „Синофарм“ за 93 проценти ја намалува можноста лице заразено со коронавирус да заврши во...

Македонија40 минути

Владата ќе ги разгледа препораките за рестриктивните мерки

Владата денеска на седница ќе ги разгледа препораките на Комисијата за заразни болести за продолжување на рестриктивните мерки до 27...

Регион51 минута

Грчки министер за туризам: Целата земја е безбедна

Грчкиот министер за туризам Харис Теохарис ги објави плановите на владата за вакцинирање на 280.000 работници во туристичкиот сектор во...

Свет1 час

Научници за носењето маски на отворено: Престојот надвор е многу побезбеден

Пандемијата предизвика позната глетка во многу градови низ светот – луѓе кои шетаат, возат велосипед или седат во парк со...

Македонија3 часа

Македонија во мај добива 119.000 дози, ЕУ ќе испрати 651.000 вакцини за регионот

Австрија потврди дека ЕУ планира да дистрибуира 651.000 дози вакцини на „Фајзер“ и „Бионтек“ против коронавирус во шест земји од...

Македонија14 часа

Стигнаа 10.530 дози од „Фајзер“, од среда ќе бидат распределени на пунктовите за вакцинација

Попладнево стигна првата пратка од вакцините на „Фајзер“, која властите ја обезбедиjа cо директни преговори со овој производител, информираат од...

Европа14 часа

Прага бара руската амбасада да го ослободи објектот, на таа локација ќе се прави парк

Властите во Прага бараат руската амбасада во Чешка да го напушти просторот што моментно го зафаќа на површина од пет...

Македонија15 часа

Груевски: Тие си знаат чиј имот замрзнале, но мој сигурно не е

Денес дознав дека деновиве ОЈО објавило дека замрзнале наводен мој имот, односно земјиште и два помали стана што ги бев...

Европа18 часа

Политичките лидери за Суперлигата: Богатите не може да ја присвојат убавината на фудбалот

Дванаесет големи европски фудбалски клубови синоќа објавија дека ќе стартуваат нова Суперлига, затворено натпреварување, во кое ќе играат само најсилните...

Македонија18 часа

35 починати и 135 нови случаи на Ковид-19

Oд Министерството за здравство информираат дека во последните 24 часа се направени 841 тестирањe, а регистрирани се 135 нови случаи...

Македонија19 часа

Рестриктивните мерки продолжуваат и во наредните седум дена, препорача Комисијата за заразни болести

Главниот кризен координативен штаб на денешната седница ги разгледуваше предлозите пристигнати од Комисијата за заразни болести и врз основа на...

Македонија20 часа

Џафери тврди дека ги консултирал институциите – заразените пратеници гласале според дополнителен протокол

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, на денешната прес-конференција рече дека бил приморан да се потпре на дополнетиот протокол со кој...

Економија22 часа

Угостителите утре излегуваат на протест, бараат спас за секторот

Туристичко-угостителскиот сектор се наоѓа во исклучително тешка положба, а за негов спас е потребна сериозна и континуирана финансиска помош каква...

Македонија23 часа

Филипче: Состојбата со новозаразени е стабилна, бројот на пациенти намален

Министерот за здравство, Венко Филипче, информираше дека имал состанок со директорите на клиниките и на ковид-центрите на кој била направена...

Македонија1 ден

Границата со Грција останува затворена за македонските граѓани, Србите можат да патуваат преку Бугарија

Грчките граници остануваат затворени за влез на државјани на трети земји, меѓу кои и Северна Македонија. За нив, владата во...

Регион1 ден

Словенија ги ублажува мерките, до 100 луѓе ќе можат да се соберат на едно место

Словенија полека ги олеснува мерките, па од денес е во сила одлуката на владата дека можат да се соберат до...

Македонија1 ден

Денеска во Македонија пристигнуваат 10.000 вакцини на „Фајзер“

Попладнево се очекува да стигнат 10.000 вакцини на „Фајзер“, а според најавите, уште толку ќе пристигнат и следната недела. Вакцините...

Европа1 ден

Макрон: Санкциите не се доволни за Русите, треба остро да се разговара со нив

Тензиите на руско-украинската граница се неприфатливи, смета францускиот претседател Емануел Макрон, тврдејќи дека санкциите против Русија не се доволни. „Денешната...

Свет2 дена

Убиецот кој застрела осум луѓе во „Федекс“ го купил оружјето легално

Момчето кое уби осум лица со огнено оружје во објект на „Федекс“ во Индијанаполис, САД, а потоа изврши самоубиство, купил...

Досие