Контакт

Свет

Момче не може да оди, па секој ден ползи до училиште

Објавено пред

Мохибулах не може да оди, а неговите родители не може да си дозволат да му купат количка. Но, тоа не го спречува ова деветгодишно момче во авганистанската провинција Урузган да ползи секој ден до училиштето, во кое е решен да оди, без оглед на сè, пишува Радио Слободна Европа.

Неговото семејство не може да си дозволи да му купи количка или да му укаже медицинска нега, но деветгодишниот Мохибулах е решен да пристигне навреме на училиште секој ден.

Неговиот учител, Мухамед Шариф, вели дека ако имал медицинска помош или инвалидска количка, би било полесно да оди на училиште.

„Покрај проблемите со нозете, тој има и некои психолошки нарушувања. Соодветен третман му е од голема помош. Многу го сака училиштето“.

Семејството на Мохибулах во провинцијата Урузган било нападнато од талибанците за време на судирите со војската. Тие морало да се преселат во друг град, но тешко успеваат да ги прехранат четирите деца.

Мајката на Мохибулах се грижи за неговите помлади браќа и сестри, а татко му оди на работа секој ден и не може да му помогне да оди до училиштето.

 

Свет

(Видео) Британски политичар погоден со милкшејк

Објавено пред

Британскиот политичар Најџел Фараж, познат по евроскептичните ставови, денеска на улица беше погоден со милкшејк.

На видеото се слуша глас на маж како му вели на Фараж „фашист“. Напаѓачот веднаш бил фатен.

„Како не го запревте“, ги прашал Фараж своите телохранители откако бил погоден.

Пол Кровте (32) признал дека го погодил политичарот со милкшејк од банана и карамела.

Прикажи повеќе...

Европа

Германија лани потрошила рекордни 23 милијарди евра за бегалците

Објавено пред

Германија минатата година потрошила рекордни 23 милијарди евра за интеграција на повеќе од милион бегалци во Германија и за борбата против причините за миграцијата во странство, се наведува во владиниот извештај, во кој „Ројтерс“ имал увид.

Овие трошоци се зголемени за речиси 11 отсто. Во 2017 година биле потрошени 20,8 милијарди евра, според извештајот на Министерството за финансии.

Зголемениот износ пред сè е резултат на поголемите трошоци за мерките кои мигрантите треба да ги држат надвор од ЕУ,  односно за подобрување на условите за живот во нивните земји.

Владата на Германија лани потрошила 7,9 милијарди евра за борба против миграцијата, што е зголемување за 16 отсто во однос на 2017 година.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Евакуирана Ајфеловата кула

Објавено пред

Ајфеловата кула во Париз е затворена и сите посетители се евакуирани откако неидентификуван маж бил забележан како се искачува на кулата, од нејзината надвореша страна.

Полициски извор за „Франс прес“ рекол дека тоа е вообичаена процедура кога ќе се забележи дека некој се искачува на кулата.

На местото се пристигнати полициски и противпожарни екипи. Во овој момент, двајца спасувачи му се приближуваат на мажот.

Ова не е првпат некој да се обиде да се искачи на овој култен париски споменик. Британецот Џејмс Кингстом во 2015 година се искачи на кулата без јаже и без дозвола, успевајќи да ги избегне безбедносните камери.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт40 минути

Ѓоковиќ за 6 месеци заработи 5,2 милиони долари!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ со пласманот во финалето на Мастерсот во Рим дополнително ја зголеми заработката за изминатите 6 месеци....

Македонија2 часа

Протест против изградбата на Али-пашината џамија: Во Охрид се случува атак врз достоинството и чувствата на охриѓани

Жителите на Охрид предводени од граѓанското здружение „Совест“ излегоа на мирен протест пред општината каде го изразија својот револт од,...

Македонија3 часа

„Анима мунди“: Здружение формирано пред 2 месеца ќе биде во раководните структури во ЈП „Лајка“

Иако градоначалниокот на Скопје, Петре Шилегов, ветуваше дека во новото јавно претпријатие „Лајка“ за третман на бездомните животни ќе бидат...

Македонија3 часа

ВМРО-ДПМНЕ бара расправа за адвокатските услуги на власта

ВМРО-ДПМНЕ  поднело иницијатива до собраниската комисија за финансирање и буџет за надзорна расправа за склучените договори за консултантски, адвокатски и...

Македонија4 часа

Отворена постапка за неовластено снимање на разговорот на Павле Богоевски

Скопската полиција  достави известување до Oсновното јавно обвинителство Скопје кон кое е приложен записник за примена кривична пријава со кој...

Македонија4 часа

Директорката на Детската клиника поднесе оставка

Директорката на ЈЗУ „Универзитетска клиника за детски болести“, Катарина Ставриќ, од лични причини поднела оставка од функцијата за време на...

Топ4 часа

Едно лице загина во сообраќајната несреќа на патот Кичево – Охрид

Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа што се случи попладнево на магистралниот пат Кичево – Охрид. Како...

Македонија7 часа

(Видео) Заев и Хан на Виенскиот економски форум: Политичката стабилност отвора можности за нови инвестиции во земјата

Премиерот Зоран Заев, денеска, во Виена имаше свое воведно обраќање на отворањето на Виенскиот економски форум, Виенски економски разговори –...

Македонија8 часа

(Видео) Во јуни ќе се одржи првата Парада на гордоста во Скопје

Првата Парада на гордоста за правата на ЛГБТ-заедницата во земјата ќе се одржи на 29 јуни, информираа од организационот одбор...

Македонија9 часа

Горан Трајковски даде оставка од директорската функција

Директорот на Дирекцијата за заштита на личните податоци, Горан Трајковски, во петокот доставил барање до Собранието за престанок на функцијата...

Европа10 часа

Шведски обвинител бара апсење на Асанж

Шведски обвинител, кој води истрага во врска со обвинението за наводно силување против основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, денеска поднесе...

Регион10 часа

(Видео) Силно невреме ја погоди Србија, паѓаше град со големина на лешник

Во многу градови во Србија, вчера, во попладневните часови, почна да паѓа силен дожд, а потоа и град со големина...

Hitech10 часа

Гугл и ја укина лиценцата на компанијата Хјуавеи

Американскиот Гугл и ја суспендираше лиценцата на компанијата Хјуавеи (Huawei), што значи дека кинескиот производител на мобилни телефони ќе остане...

Свет11 час

Трамп се закани дека ќе го уништи Иран

Претседателот на САД, Доналд Трамп, издаде остро предупредување до Иран со закана дека ќе биде уништен доколку бидат нападнати американските...

Европа1 ден

Предвремени избори во Австрија на почетокот од септември

Австрискиот претседател, Александар ван дер Белен, денеска, по разговорите со австрискиот канцелар Себастијан Курц, се заложи за одржување на предвремени...

Македонија1 ден

Пендаровски до Тамара: Оставивте трајна вредност, песна посветена на секоја жена

Тамара Тодевска со својот настап на Евровизија и песната „Proud“ („Горда“) го освои осмото место, што е највисокиот пласман за...

Економија1 ден

За вградување на сончеви колектори и нови ПВЦ прозорци обезбеден буџет од 30 милиони денари

Деновиве беа објавени јавните огласи за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи во...

Топ1 ден

Загина 61-годишник од Босилово кој со автомобил се забил во дрво

На магистралниот пат Струмица – Граничен премин „Ново Село“, помеѓу селата Дабиле и Босилово во утринските часови на 18 мај...

Македонија1 ден

(Видео) Заев во Србија на отворањето на Коридор 10: Се радуваме на успешните потфати на сите наши соседи

Премиерот, Зоран Заев, на покана на српскиот претседател, Александар Вучиќ присуствуваше на свеченото отворање на новото автопатско решение од 26...

Естрада2 дена

Тамара го освои осмото место на „Евровизја“, нејзината изведба ни го носи највисокиот пласман досега

Македонија и нашата претставничка Тамара Тодевска за првпат годинава од речиси сите земји добија поени на изборот за песна на...

Досие