Контакт

Свет

Момчињата јавно зборуваа за времето минато во пештерата, пиеле дождовница и се молеле за да избегнат негативни мисли

Објавено пред

Дванаесетте момчиња и нивниот фудбалски тренер кои од тајландската пештера беа спасени од страна на спасувачки тимови на вчерашната прес-конференцијата опишаа како биле пронајдени.

Целата приказна почна на 23 јуни, кога момчињата по тренингот се одлучиле да ја посетат пештерата Там Луанг. По девет дена пребарување, сите 12 млади фудбалери и тренерот беа пронајдени.

Момчињата на возраст меѓу 11 и 16 години и 25-годишниот фудбалски тренер исчезнаа откако се одлучиле да го истражуваат десет километри долгиот пештерскиот комплекс Там Луанг во провинцијата Чанг Раи во северниот дел на Тајланд. Во текот на девет дена тие не јаделе ништо, само пиеле дождовница и се молеле, објави Би-би-си.

„Одевме нормално, но откако влеговме во пештерата, сфативме дека сме заглавени“, изјави на пресот тренерот на екипата „Диви свињи“, Екапол ‘Аке’ Чантавонг.

„Одевме додека не дојдовме до сува песочна точка, каде што останавме да спиеме. Во близина имаше извор на вода. Сакавме сами да излеземе, а не само да чекаме да нè спасат“, опиша Чантавонг. Како што минувале деновите, момчињата почнале да губат сила, но никогаш не се откажале.

Тие оделе наоколу и се обидувале да најдат излез. На тој начин се бореле со негативните мисли.

„Не размислувавме за храна бидејќи така гладот ќе го чувствуваме уште повеќе. Пиевме само вода која капеше од камењата, а во еден момент се онесвестив“, се сеќава едно од момчињата, 11-годишниот Чанин Вибулрунгуанг.

Спасувачите пристигнале навечер. Адул Сам-он, исто така едно од момчињата, моментот на пристигнувањето на британските нуркачи ги опиша како „чудо“.

„Седевме на камен и слушнавме како некои луѓе зборуваат. Тренерот ни рече да молчиме и да ги слушаме“, рече Сам-он, единствениот член од тимот што зборува англиски.

„Зедов фенерче и со брзање се упатив кон нуркачите. Кога се сретнавме, ги поздравив. Бев вџашен кога сфатив дека се Англичани. Тие ме прашаа колку сме, на што им кажав дека мојот мозок е блокиран по девет дена минати во пештерата. Математиката во тој момент не функционираше во мојата глава“, откри 14-годишниот Сам-он.

На прес-конференцијата тренерот на фудбалскиот тим откри дека момчињата биле шокирани кога дознале за смртта на спасувачот, Самарна Пунана, кој почина во текот на операцијата за спасување.

„Момчињата се чувствуваа дека е нивна вина смртта на спасувачот, но тој ја работел својата работа и, за жал, го жртвуваше сопствениот живот“, изјави тренерот Чантавонг и откри дека момчињата извесен период ќе поминат во будистички храм во чест на загинатиот спасувач.

Нуркачите до децата и тренерот нуркале низ тесни премини. Исто така, беше откриено дека момчињата не излегувале по одреден редослед, туку доброволно. Биле извлечени на воени носила. Сите биле во добра физичка состојба и било сеедно кој прв ќе излезе, откри докторот Пак Лохаршун на прес-конференцијата.

Момчињата велат дека нивните лекари им дозволиле да го гледаат финалето на Светското првенство во фудбал, а едно од нив откри дека повеќето навивале за Хрватска.

Психијатрите препорачаа момчињата и нивните семејства да избегнуваат контакт со медиумите барем еден месец.

Свет

Кина воопшто не е загрижена за реакциите по изрекувањето смртна казна за Канаѓанец

Објавено пред

Кинеските власти соопштија дека воопшто не се загрижени поради растечките меѓународни критики во врска со смртната казна изречена на канадски државјанин поради шверц на дрога.

Канадскиот премиер, Џастин Трудо, поради казната изречена за Роберт Шеленберг за шверц на 222 килограма метамфетамин, Кина ја обвини за произволно наметнување смртна казна.

Шеленберг беше уапсен во Кина во 2014 или 2015 година – медиумите објавуваат разни датуми. Тој е обвинет за вмешаност во меѓународно организиран синџир за дрога, што тој цврсто го негира.

Кинеските власти првично го осудија Шеленберг на 15 години затвор, но на крајот од декември лани апелацискиот суд нареди повторување на судењето тврдејќи дека првичната казна е премногу блага. Шеленберг сега има 10 дена да ја обжали смртната казна на која беше осуден во понеделникот.

Обединетите нации велат дека се противат на смртната казна, освен во случај на исклучителни околности.

Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Хуа Чунјинг, на прес-конференција во Пекинг изјави дека таканаречените сојузници на Канада може да се избројат на прсти и дека не ги претставуваат ставовите на пошироката меѓународна заедница.

Многу јасно можам да кажам дека ние не сме барем ни малку загрижени, рече Хуа коментирајќи ги острите реакции и додаде дека мнозинството Кинези ги поддржуваат казните за криминал поврзан со дрога.

Казната за Шеленберг дополнително ги затегна односите меѓу Кина и Канада, кои веќе се напнати поради апсењето на Менг Ванжу, финансиската директорка на кинеската телекомуникациска компанија „Хуавеј“, како резултат на барањето на САД за екстрадиција во рамките на истрагата за кршење на американските трговски санкции.

Неколку дена по апсењето на Менг во Ванкувер, Кина уапси двајца Канаѓани поради сомневање за загрозување на националната безбедност.

Прикажи повеќе...

Регион

„Ти ќе ја предадеш нашата Македонија“ – постери со пратениците се појавија во Грција

Објавено пред

Постери со кои се повикуваат грчките пратеници да гласаат против преспанскиот договор во парламентот, осамнаа низ повеќе градови во Грција, пишуваат грчките медиуми.

Постерите се со фотографии од пратениците од редовите на СИРИЗА и Независни Грци, а до нив стои „ти ќе ја предадеш нашата Македонија“.

„Грик рипортер“ пишува дека не е познато кој стои зад кампањата.

Договорот за името се очекува кон крајот на месецот да стигне на ратификација во грчкиот Парламент. Од оваа перспектива, како што пишува „Грик рипортер“, се верува дека владата обезбедила 151 глас потребен за договорот да добие зелено светло, и покрај тоа што партијата Независни Грци (АНЕЛ) која беше коалиционен партнер на Ципрас, се повлече од владата во неделата.

 

Прикажи повеќе...

Свет

Туск советува Велика Британија да остане во ЕУ

Објавено пред

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, истакна дека Велика Британија треба да остане во Европската Унија, откако британскиот Парламент го отфрли договорот за брегзит на премиерката Тереза Меј.

„Ако е можен договорот и никој не сака разврска без договор, тогаш кој би имал храброст да каже кое е единственото позитивно решение?“, напиша Туск на „Твитер“.

Британската премиерка синоќа доживеа голем пораз кога пратениците гласаа против нејзиниот план за брегзит. За денеска се очекува пратениците да гласаат за недоверба на Владата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 минути

(Видео) Анкета: Џабе ни е јазикот, кога младите си заминаа во странство

„Џабе ни е двојазичност, кога младите констинуирано бегаат од државата. Заев само зборува, зборува на празно, каде е таа плата...

Македонија8 минути

Три илјади анкетни листови за имотот на функционерите заглавени во антикорупциска

Повеќе од 60 претставки за корупција и триесетина предмети за судир на интереси стојат во фиоките на Државната комисија за...

Македонија15 минути

(Фото) Олимпија фати морбили

Посине споменикот на мајката на Александар Македонски, Олимпија, која се наоѓа на плоштадот Карпошово востание. На спомениците на Олимпија и...

Македонија1 час

Скопјани принудувале малолетничка на проституција

Обвинителството отвори истражна постапка за трговија со дете кога било пријавено дека двајца скопјани принудувале 16-годишно девојче да врши полови...

Македонија2 часа

(Видео) Лашкоска: СДСМ нема намера да донесе квалитетен закон за спречување корупција

СДСМ нема намера да донесе квалитетен закон за спречување корупција. Сака насилнички со ЕУ-знаме да го протурка без дебата. Третпат...

Македонија2 часа

Претседателот на грчкото собрание смета дека договорот од Преспа е историски моќен

Претседателот на грчкиот парламент, Никос Вуцис, рече дека пратениците со јасно мнозинство треба да го изгласаат преспанскиот договор, бидејќи, како...

Македонија3 часа

Цаноски бара 40 милиони евра отштета за уривањето на „Космос“

На денешното судско рочиште за предметот на СЈО, ТНТ, за уривањето од политичка омраза на комплексот „Космос“, бизнисменот Фијат Цаноски...

Македонија4 часа

Братот на Заев, Вице, го тужи Александар Николоски за клевета

Во Основниот суд Скопје 2 се одржа подготвителното рочиште за тужбата за клевета на братот на премиерот Заев, Вице Заев,...

Македонија5 часа

Путин: Постои надворешен притисок за зачленувањето на Македонија во НАТО

Кога станува збор за ситуацијата на Балканот, тогаш може да се каже дека тука сериозен дестабилизирачки фактор претставува политиката на...

Регион5 часа

Романија ја претстави програмата за претседавање со ЕУ

Романската премиерка, Виорика Данчила, вчера пред Европскиот парламент ги презентира приоритетите на романското претседателство со Европската Унија. „Првата фаза ќе...

Вести5 часа

Грчкиот парламент ќе гласа недоверба на владата на Алексис Ципрас

Денеска во грчкиот парламент продолжува седницата на чиј дневен ред е една точка – недоверба на владата на Алексис Ципрас....

Македонија5 часа

Владата една и пол година ги слави празниците на Груевски, Законот за празниците нечепнат

Владата една и пол година ја разгледува можноста за укинување дел од неработните денови и измена на Законот за празниците,...

Свет6 часа

Британскиот парламент ќе гласа за недоверба на владата на Меј

Британската премиерка Тереза Меј денеска треба да се соочи со гласање за недоверба, еден ден откако парламентот го отфрли нејзиниот...

Свет6 часа

Помпео: Иранските ракети за сателити се закана за Европа и Блискиот Исток  

Неуспешниот обид на Иран да ландира сателит во орбитата со трифазна ракета покажува дека намерата на Исламиската Република е да...

Свет7 часа

Американскиот  Стејт департмент: Американските граѓани во странство се цел на терористите од ИД и Ал Каеда

Американскиот Стејт департмент во својата најнова серија совет и препораки за своите граѓани низ светот предупреди дека американските граѓани се...

Свет8 часа

Отава побара од Пекинг помилување за канадскиот државјанин осуден на смрт

Канадскиот министер за надворешни работи, Кристија Фриленд, во вторникот информираше дека Отава официјално побарала од Пекинг да го поштеди животот...

Свет18 часа

Тереза Меј доживеа голем пораз, парламентот го одби нејзиниот предлог за брегзит

Британските пратеници вечерва гласаа против предлогот на премиерката Тереза Меј за договор за излез на Велика Британија од Европската Унија,...

Регион19 часа

Девојче од БиХ почина од сепса предизвикана од сипаници

Деветгодишно девојче од Читлук во Босна и Херцеговина починала во неделата во болница во Задар, откако настанале компликации за време...

Регион19 часа

Приштина попушти и ги повлече даноците на дел од производите од Србија и БиХ

Привремените приштински институции одлучија да ослободат од стопроцентно зголемените даноци на дел од производите од Србија и БиХ, пренесуваат српските...

Свет20 часа

(Видео) Најмалку петмина убиени во нападот на хотелски комплекс во Најроби

Најмалку пет луѓе се убиени, а четворица се повредени во напад на луксузен хотелски комплекс во Најроби, кој полицијата го...

Досие