Контакт

Свет

Моралес доби азил во Мексико

Објавено пред

Мексико го одобри барањето на поранешниот боливиски претседател Ево Моралес за азил, изјави синоќа мексиканскиот министер за надворешни работи Марсело Ебрард.

„Веднаш ќе го информираме Министерството за надворешни работи на Боливија дека, според меѓународното право, мора да му овозможи на Моралес слободно да излезе од земјата“, рече Ебрард.

Боливискиот претседател Ево Моралес пред два дена соопшти дека поднесува оставка за „доброто на земјата“ , откако командантот на вооружените сили тоа го побара од него.Моралес повика на итни разговори со опозицијата заради повеќенеделните немири кои ја потресуваат оваа земја.

Најавата за демисија од функцијата доаѓа откако командантот на боливиските вооружени сили Вилијамс Калиман апелираше до Моралес да ја напушти функцијата за да се обезбеди мир во земјата. Вооружените сили на Боливија претходно соопштија дека наредиле воздушни и копнени операции за „неутрализација“ на вооружените групи кои делуваат надвор од законот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Чешка влада: Сите мерки се употребени, ни останува само вонредна состојба

Објавено пред

Во Чешка вчера беа потврдени 14.968 новоинфицирани со коронавирус, што е дури за 3.000 повеќе од претходниот ден.

Владата итно воведе построги мерки со кои се обидува да ги задржи граѓаните на линијата работа-дома.

Од избувнувањето на пандемијата на Ковид-19 во март, досега биле заразени 208.915 лица, а во моментов има 124.040 активни случаи. Во Чешка, која има 10,7 милиони жители, починаа 1.739 лица, најмногу во понеделникот, 100 и 69 во последните 24 часа.

Во болниците има 4.417 пациенти, што е четири пати повеќе отколку на почетокот на октомври, а три пати повеќе има и пациенти во сериозна состојба на кои им е потребна интензивна нега или респиратор, кои сега ги има 657.

Во Чешка денеска стапуваат на сила нови ограничувања во борбата против пандемијата, вклучително и ограничувањето на слободното движење, откако со претходните рестриктивни мерки не успеа да се забави наглото зголемување на бројот на новоинфицирани. Ограничувањата ќе траат најмалку до 3 ноември, објави АП.

Чешкиот премиер Андреј Бабиш се извини за мерките, но исто така рече дека доколку не бидат преземени, чешкиот здравствен систем ќе „пропадне“ меѓу 7 и 11 ноември. „Немаме време да чекаме, зголемувањето (на бројот на нови случаи) е огромно“, рече Бабиш.

Од денес, многу продавници, трговски центри и хотели ќе бидат затворени. На граѓаните ќе им биде забрането да ги напуштаат своите домови, со некои исклучоци.

Сепак ќе им биде дозволено да патуваат на работа, да работат, да ги посетуваат роднините, да купуваат храна и други потреби, да спортуваат и да патуваат во странство.

Државните институции исто така ќе го ограничат работното време.

Според новиот режим, продавниците за храна и лекови, аптеките и бензинските пумпи ќе останат отворени.

Бабиш повеќе пати апелираше до Чесите да ги почитуваат новите мерки затоа што претходните поблаги, кои беа воведени од есенва, не функционираа, додека министерот за внатрешни работи и началник на Централниот кризен штаб за борба против епидемијата на Ковид-19, Јан Хамачек предупреди дека владата прибегнува кон најтешките мерки и дека нема ништо повеќе како адут, освен целосно затворање на економијата и луѓето како во Израел.

Прикажи повеќе...

Свет

ЕУ подготвува проект за реформирање на СЗО

Објавено пред

Европската унија составила пакет предлози за реформа на Светската здравствена организација (СЗО), предвидувајќи зголемена транспарентност на механизмот за соработка со земјите-членки. Ова го објави „Ројтерс“ повикувајќи се на нацрт-документот.

Текстот на документот го подготвила германската влада по консултации со претставниците на другите земји-членки на ЕУ, во време на критики за недостаток на транспарентност на податоците обезбедени од СЗО на почетокот на пандемијата во Кина. Документот содржи повеќемесечен „план за решавање на недостатоците на СЗО во финансирање, управување и правно овластување“.

Пакетот сугерира дека СЗО ќе ги преземе неопходните мерки за зголемување на транспарентноста на механизмот за следење на усогласеноста на земјите-членки со меѓународните здравствени регулативи. Овие мерки треба да вклучуваат обезбедување брза размена на информации за здравствени итни случаи помеѓу земјите-членки.

Документот забележува дека ЕУ го признава СЗО како клучна улога во борбата против здравствените кризи, и покрај постојните слабости на организацијата. Меѓу прашањата споменати во документот, ЕУ забележува недостаток на предвидливо и одржливо финансирање на организацијата и недостаток на транспарентност во нејзината работа како целина.

Дискусијата за проектот од страна на министрите за здравство на ЕУ треба да се одржи во форма на видео-конференција следната недела. Се очекува да биде презентиран подоцна на состанокот на СЗО во средината на ноември.

Германската влада одби да ја коментира содржината на документот во интервју за агенцијата, повикувајќи се на фактот дека конечната верзија сè уште не е доставена.

Прикажи повеќе...

Свет

Северна Кореја: Песочна бура може да донесе коронавирус од Кина

Објавено пред

Предупредувањата за наближување на песочна бура од Кина, предизвикаа реакција во Северна Кореја. Одделот за протоколи на Министерството за надворешни работи во земјата испрати известување за невремето што се приближува до дипломатските мисии и претставништвата.

Од севернокорејското министерство изразуваат страв дека заедно со честичките од песок, може да се увезе нов вид коронавирус во земјата, објави РИА Новости.

Во врска со ова, строго се препорачува до граѓаните да не излегуваат до крајот на денот и да останат во своите домови со цврсто затворени прозорци.

Северна Кореја тврди дека помеѓу населението нема заразени со Ковид-19.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија60 минути

Првата меѓувладина конференција ќе биде позитивен сигнал и до регионот, порача Заев на онлајн средба со Борел

Претседателот на Владата, Зоран Заев, придружуван од заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, и министерот за надворешни...

Регион1 час

Во Хрватска повеќе од 1.500 новозаболени, десетмина починати во Загреб

Хрватскиот кризен штаб објави нови податоци според кои има повеќе од 1.500 новозаболени од коронавирус, а во Загреб има десетмина...

Свет2 часа

99-годишна жена од Шпанија го победи коронавирусот

Кога 99-годишната Флорентина Мартин се заразила со коронавирус во септември, нејзината внука стравувала дека ќе заврши сама на одделот за...

Македонија2 часа

Стевановиќ: Заразените со лесни симптоми да се лекуваат дома

Сите оние кои имаат лесни симптоми да бидат дома, изолирани со симптоматска и витаминска терапија. Да им помогнеме на оние...

Свет2 часа

ФБИ: Иран и Русија се мешаат во претседателските избори

Иран и Русија собраа податоци од американски гласачи за да влијаат на претстојните претседателски избори, соопшти денеска ФБИ, додавајќи дека...

Македонија3 часа

Активни над 6.000 случаи со коронавирус, болниците се полнат

Во моментот како активни се водат 6.069 случаи на коронавирус на целата територија, од кои 2.983 се од Скопје. Само...

Свет16 часа

Починал волонтер што учествувал во тестовите за вакцина против Ковид-19

Бразилската здравствена агенција „Анвиса“ потврди дека починал волонтер што учествувал во испитувања на вакцина против Ковид-19, пренесува агенцијата „Ројтерс“. Станува...

Македонија19 часа

Дванаесетмина починати и нови 641 заразен од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.688 тестирања, а регистрирани се 641 нов случај на...

Топ19 часа

Кондовец со возило удрил во полицаец и побегнал, нападнати биле и полицајците што го пронашле

Во вечерните часови на 20 октомври, на скопската улица Ѓорче Петров, автомобил „ауди“, управуван од А. А. (26) од село...

Македонија20 часа

Инспекторите ќе можат да ги затвораат кафеаните со новите законски измени

Со новите построги мерки кои се во собраниска процедура инспекторите ќе можат веднаш да ги затвораат угостителските објекти до 30...

Свет21 час

(Видео) Силен земјотрес го прекина интервјуто на премиерката на Исланд

Силен земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала, за кратко го прекина интервјуто со премиерката на Исланд, Кетрин...

Македонија22 часа

Филипче: Мерките мора да се донесат во најкраток можен рок

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека обидот на ВМРО-ДПМНЕ за блокада на измените на Законот за заштита на населението...

Македонија22 часа

Владата ги осуди изјавите на Каракачанов: Тие се недолични и недостојни

Владата ги осуди изјавите на бугарскиот министер за одбрана, Красимир Каракачанов, дека би можел да испрати инженерски полк за демонтирање споменици во...

Македонија24 часа

Царовска: Екскурзии годинава нема да се организираат, учениците можат на прошетка до пет километри

Екскурзии оваа година нема да се организираат, испратени се упатства од Бирото за развој на образование, истакна министерката за образование...

Македонија24 часа

Шеќеринска: И ние и Бугарија сме членки на НАТО, ова не е начин на кој треба да комуницираме

Помина времето кога министри за одбрана од нашиот регион можеа да даваат такви изјави, а некој да ги смета за...

Регион1 ден

Нов рекорд во Хрватска – 1.424 нови случаи и 11 починати

Рекордни 1.424 нови случаи на коронавирус се пријавени во последните 24 часаво Хрватска, а 11 лица починале, објави Националниот штаб...

Свет1 ден

Австралија пријави случај на повторна инфекција со коронавирус

Австралиските власти пријавија редок случај на Ковид-19 во Мелбурн, Викторија, станува збор за лице кое било позитивно тестирано во јули....

Македонија1 ден

Македонија, Албанија и Црна Гора добиваат респираторни машини од НАТО

До крајот на овој или следниот месец, НАТО ќе достави респираторни машини во нашата земја со цел да помогне во...

Свет1 ден

Приведени уште седум лица за убиството на францускиот професор

Уште седум луѓе, вклучително и двајца малолетници, ноќеска биле предадени на судијата во рамки на истрагата за минатонеделното убиство на...

Македонија1 ден

Од денеска кафулињата и рестораните ќе работат до 23 часот

Од денеска угостителските објекти ќе работат со скратено работно време. Владата на вчерашната 13. седница ги разгледа и прифати препораките...

Досие