Контакт

Свет

Моралната полиција им нареди на Иранците да ги игнорираат жените за време на Рамазан

Објавено пред

Муслиманската морална полиција во Иран им даде на локалните мажи едноставна наредба: да ги одвратат своите погледи од жените за време на Рамазан, пренесува „Кајхан лајф“.

Наредбата е дел од сè посилниот напад врз слободите од страна на строгиот исламски режим поради американските санкции и растечките граѓански немири.

„Мојот личен совет за жените е да го почитуваат хиџабот уште повеќе, а господата мора да избегнуваат да гледаат директно на женските минувачи. Секој што ќе ги игнорира овие инструкции за време на Рамазан ќе изврши прекршок и треба да очекува казна од единиците за спроведување на законот”, рече портпаролот на судството, Голам-Хосеин Есмаили.

Шамијата, или хиџаб, е задолжителна во јавноста за сите жени во Иран. Оние кои го прекршуваат ова правило обично добиваат затворска казна од два месеца затвор и парична казна од околу 25 долари.

Муслиманската морална полиција додаде и дека ќе го уапси секој што ќе слуша музика во автомобилот, ќе му го заплени автомобилот и ќе треба да плати голема парична казна.

Остри мерки за јавно прикажување љубов и емоции доаѓаат во време кога полицијата почна истрага за вознемирувачки видеа на социјалните мрежи на кои ученички танцуваат на поп-песна и од студентки кои протестираата против иранскиот закон за шамии.

Иранскиот министер за образование, Мохамад Батеи, вели дека тим експерти трагаат по изворот на видеото кое прикажува насмеани и среќни деца кои учествуваат во онлајн танцов предизвик.

„Непријателот се обидува на различни начини да создаде вознемиреност кај луѓето, вклучувајќи ги и ширењето на овие вознемирувачки видеа. Сигурен сум дека постои некаков политички заговор зад објавувањето на овие девијантни клипови од училиштата”, рече Батеи.

 

Европа

Во Италија 17.000 новозаразени, во Франција дневната бројка двојно помала од вчера

Објавено пред

Италија денеска регистрираше нешто повеќе од 17.000 нови случаи на Ковид-19, што е помалку од дневниот просек во последните неколку дена.

Сепак, во последните 24 часа беа тестирани десетина илјади луѓе помалку, што е вообичаено за викендот.

Вкупно 542.789 лица се заразиле во Италија од почетокот на пандемијата.

Во споредба со првите месеци кога избувна инфекцијата и повеќето случаи беа концентрирани во северна Италија, бројот на заразени сега расте низ целата земја, поради што владата наметна нови ограничувања кои стапија на сила денес, вклучително и затворање на вежбалниците, кината и скратено работно време за рестораните и кафулињата.

Во Франција, пак, во последните 24 часа потврдени се 26.771 нов случај на коронавирус, а како последица на Ковид-19 починале 257 лица.

Вкупниот број на случаи на коронавирус во Франција сега се искачи на 1.165.278, а 35.018 починале, пренесува „Ројтерс“.

Бројот на заразени е помал од вчера, кога беа забележани рекордни 52.010 нови случаи на инфекција за еден ден.

Франција во моментов е рангирана на петтото место во светот по бројот на заразени со коронавирус, по САД, Индија, Бразил и Русија.

Прикажи повеќе...

Свет

Бајден: Не ја потценувам можноста за победа на Трамп

Објавено пред

Демократскиот кандидат за претседател на САД, Џо Бајден, изјави дека Доналд Трамп сепак може да победи поради обидот за делегитимирање на изборите, пренесува Си-ен-ен.

Јас сум од оние луѓе кои сметаат дека ништо не е готово сè додека не заврши, рече Бајден во интервју за Си-би-ес, додавајќи дека смета оти било кое од неговите предвидувања освен она дека претстои тешка борба би било суеверие.

Бајден рече дека не може да го потцени начинот на кој Трамп ја води борбата во предизборната трка.

„Трамп на некој начин се обидува да ги делегитимира изборите, а тие напори имаат за цел да ги натераат американските граѓани да се запрашаат дали воопшто треба да гласаат или не, дали вреди или не, а тоа е обид за заплашување“, оцени Бајден.

Тој истакна дека неговиот ривал веќе подолго време се обидува да ја доведе во прашање легитимноста на гласањето преку електронска пошта и дека повеќепати има изнесено неточни тврдења за овој начин на гласање и броење на гласовите.

„Она што навистина ме радува е високиот одзив во државите каде што веќе започна гласањето“, рече Бајден.

„Се надевам дека ќе има многу луѓе кои ќе гласаат за мене“, кажа Бајден, додавајќи дека разликата помеѓу него и неговиот ривал е многу голема, во однос на вредностите што тие ги претставуваат и нивниот поглед на светот.

Коментарите на Бајден дојдоа откако анкетите покажаа дека тој е фаворит на изборите.

Прикажи повеќе...

Свет

СЗО: Луѓето се уморни, но не смееме да се откажеме

Објавено пред

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Гебрејсус, денеска изјави дека човештвото не смее да се откаже од борбата против коронавирусот.

„Не смееме да се предаваме“, рече Гебрејсус, кој призна дека по неколкумесечна борба со коронавирусот, од кој како последица починаа 1,1 милион луѓе ширум светот, постои одреден замор.

Генералниот директор на СЗО ова го изјави ден откако шефот на кабинетот на американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД нема да ја контролираат пандемијата на коронавирусот.

„Еве што ќе направиме. Нема да ја контролираме пандемијата, ќе го контролираме тоа да имаме вакцина, терапија и други средства за ублажување на болеста”, изјави шефот на кабинетот на Трамп, Марк Медоус, за Си-ен-ен, додавајќи дека вирусот е заразен исто колку грипот.

Гебрејсус рече дека ширењето на вирусот може да се спречи само доколку службените и одговорни лица брзо реагираат.

Според последниот биланс, најмалку 1.155.301 лице починале од коронавирус ширум светот, а повеќе од 43.080.500 луѓе биле заразени.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

СЗО: Луѓето се уморни, но не смееме да се откажеме

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Гебрејсус, денеска изјави дека човештвото не смее да се откаже од борбата...

Европа3 часа

Во Белгија се бара заразени лекари да продолжат со работа за да го спасат системот од колапс

Од докторите заразени со коронавирус во белгискиот град Лиеж е побарано да продолжат да работат за да се избегне колапс...

Македонија5 часа

15 починати и 247 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 737 тестирања, а регистрирани се 247 нови случаи на...

Македонија9 часа

Филипче: Коморбидитетите и доцното доаѓање во болница се причина за зголемената смртност

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека зголемениот процент на смртност од Ковид-19 се должи на коморбидитетите и доцното доаѓање...

Македонија9 часа

Караџовски: Ја разгледувавме и опцијата да се прават тестови преку Фондот во приватните лаборатории

Комисијата за заразни болести ја разгледува одлуката граѓаните да може да се тестираат на Ковид-19 во приватните лаборатории, а на...

Европа10 часа

Австриски инфектолог: Секој од нас, порано или подоцна, ќе се зарази со коронавирус

Австрискиот инфектолог Франц Алербергер не верува дека коронавирусот ќе се искорени и верува дека секој од нас ќе се зарази...

Свет10 часа

Во Мелбурн нема нови случаи на коронавирус по повеќе од четири месеци

По повеќе од четири месеци во Мелбурн денес не се пријавени нови случаи на коронавирус. Владата на австралиската држава Викторија...

Економија10 часа

Бензините поевтинуваат

Од вечерва на полноќ малопродажните цени на бензините и на екстра-лесното масло за домаќинство се намалуваат половина денар, а цената...

Свет11 час

Мадуро тврди дека венецуелските научници создале лек против Ковид-19 без несакани ефекти

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, рече дека неговата земја дизајнирала високоефективен антивирусен лек, што го десеткува коронавирусот без никакви несакани...

Топ11 час

(Видео) Пронајдени речиси 100 килограми хашиш во Охрид – пресечен меѓународен транспорт на дрога

Полицијата вчера пресече меѓународен транспорт на хашиш во количина од речиси 100 килограми. Уапсен е турски државјанин, кој дрогата требало...

Македонија11 час

Домашните слави да се празнуваат исклучиво во кругот на семејството, апелира Комисијата за односи со верските заедници

Комисијата за односи со верските заедници во пресрет на периодот во кој голем број семејства во државата ги чествуваат домашните...

Регион13 часа

Словенија ги заострува мерките, од вечерва нова забрана за движење – се затвораат општините

Поради големиот пораст на инфекции со коронавирус, Словенија ги заострува мерките, така што од вечерва стапува во сила забраната за...

Економија14 часа

Пандемијата ќе фрли во стечај дури 6.000 австриски фирми

Пандемијата на коронавирусот силно ја погоди австриската економија, па в година се очекува да доведе до банкрот на шест илјади...

Европа14 часа

Италија ги затвора баровите и рестораните во 18 часот

Италијанските власти издадоа одредба со која се бара сите барови и ресторани да се затворат до 18 часот, а спортските...

Топ14 часа

Стејт департментот: Стапува во сила примирје во Нагорно-Карабах

Стејт департментот и владите на Ерменија и Азербејџан во заедничко соопштение наведоа дека стапува во сила хуманитарно примирје во судирот...

Свет15 часа

Над 8.000 новозаразени од коронавирус во Германија

Во последните 24 часа во Германија се потврдени 8.685 случаи на коронавирус. Според Институтот за заразни болести „Роберт Кох“, починале...

Економија15 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ги објави новите цени на нафтените деривати, кои ќе важат од полноќ. Минатата недела...

Македонија1 ден

Во моментов активни над 7.000 случаи на заразени со коронавирус

Бројот на активни случаи во Македонија изнесува 7.408 лица, откако вечерва беа потврдени нови 561 заразени. Најмногу активни случаи има...

Свет1 ден

СЗО: Три дена по ред бројките на новозаразени во светот се рекордни

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека во саботата е соборен новиот рекорд во светот кога станува збор за бројот на...

Македонија1 ден

Починаа 22 лица, регистрирани 561 новозаразени

Денеска се регистрирани 561 нови случаи на Ковид 19. Оздравени се 197 пациенти, а починати се 22 лица. Министерството за...

Досие