Контакт

Свет

Московици: Конфликтот за буџетот на Италија е повеќе политички отколку економски

Објавено пред

Отфрлањето на нацрт-буџетот на Италија од страна на Европската комисија не значи почеток на нова економска криза во Европа, но открива постоење политички конфликт во ЕУ, изјави европскиот комесар за економски и финансиски прашања, Пјер Московици, за францускиот сервис CNews.

„Ова е политичка криза, ова се облозите ставени пред европските избори. Се соочуваме со егзистенцијална криза, која се покажа првпат од создавањето на ЕУ, се појавија популистички сили, силите на нетолерантната демократијата што ја напаѓаат слободата. Ова е италијански предизвик што сега не е криза, туку буџетски предизвик, предизвик за правилата на ЕУ“, рече Московици.

Економијата во еврозоната расте, се отвораат нови работни места, финансиската состојба во повеќето земји членки на ЕУ е подобрена, а нивниот јавен долг, со исклучок на Италија, беше во пад, истакна тој.

„Европската економија не е во криза“, заклучува еврокомесарот.

Во вторникот Европската комисија го отфрли нацрт-буџетот на Италија за 2019 година и му даде на Рим три недели за ревизии. Московици тогаш забележа дека нацрт-буџетот одобрен од актуелната италијанска влада на 15 октомври не е во согласност со обврските што ги постави претходната влада во јули 2017 година.

Во врска со прашањето италијанскиот министер за внатрешни работи и вицепремиер, Матео Салвини, рече дека Рим нема да промени дури ни запирка во буџетот за 2019 година нарекувајќи ги активностите на Брисел напад на италијанската економија и обвинувајќи го раководството на ЕУ за обид да го попречат економскиот раст на Италија.

Регион

(Видео) Албанија: Со булдожер му го урнаа ресторанот на сопственик кој нападна шпански туристи

Објавено пред

Албанските власти со булдожер му го урнаа ресторанот на сопственик којшто на 21 август нападна шпански туристи и со телото се обиде да го запре нивниот автомобил, откако не ја платиле сметката.

Уривањето е извршено по наредба на албанските власти, кои го демолираа неговиот ресторан во Порто Палермо, популарно одморалиште во јужна Албанија, јави ТВ Клан.

Сопственикот на ресторанот Михал Кокедима е уапсен откако нападнал тројца шпански туристи и двајца Албанци, а властите соопштија дека во истрагата утврдиле дека ресторанот немал дозвола за работа и дека три години не плаќал данок.

Видеото од нападот покажува дека Кокедима се обидел да го запре автомобилот во кој се превезуваат туристите скокајќи на хаубата, при што ја скршил шофершајбната и така се возел пет километри.

Туристите, наводно, биле незадоволни од услугата, додека од ресторанот тврдат дека гостите не ја платиле сметката.

Според шпанските медиуми, жртва на инцидентот бил шпанскиот бизнисмен Еугенио Галдон и неговото семејство. Албанскиот премиер Еди Рама се извини и ги осуди постапките на сопственикот на ресторанот.

Прикажи повеќе...

Регион

Дубровник: Рекордна количина на марихуана запленета во автобус на туристичка агенција

Објавено пред

Рекордна количина од 342 килограми марихуана е запленета на граничниот премин Карасовиќи кај Дубровник.

Полицискиот оддел Дубровник-Неретва ја прогласи оваа заплена на својата територија за најголема во текот на годинава, пренесува хрватскиот портал „Индекс“.

Вредноста на запленетата дрога се проценува на пет милиони куни (околу 675.000 евра), односно 2 милиони евра при малопродажба на црниот пазар.

„Автобусот кој бил регистриран на туристичка агенција од Дубровник, бил управуван од 49-годишник од овој град, кој кај службениците предизвикал сомнеж поради неговата нервоза“, беше објавено на прес-конференција.

Прикажи повеќе...

Свет

Сириската армија ги опколи бунтовниците во Хама

Објавено пред

Сириската армија ги опколи бунтовниците во неколку градови во северозападната провинција Хама и напредува подлабоко во територијата, објави денес државната телевизија „Икбари“.

Владините сили опколија повеќе од десет ридови и ја искористија контролата врз главниот автопат во покраината, објави телевизискиот репортер од теренот.

Голем дел од областа, вклучително и неколку градови што бунтовниците ги држеа со години, сега се или под контрола на војската, пренесува „Ројтерс“.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион1 минута

(Видео) Албанија: Со булдожер му го урнаа ресторанот на сопственик кој нападна шпански туристи

Албанските власти со булдожер му го урнаа ресторанот на сопственик којшто на 21 август нападна шпански туристи и со телото...

Македонија44 минути

Стефанова: Немам намера да конкурирам за шеф на СЈО

,,Од самиот старт се оградував од Јанева. Денеска гледаме расчистување со криминалот и треба да бидеме горди на тоа. Не...

Македонија2 часа

Никој не се појави на судењето за незаконската градба на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Судијката Даниела Алексовска-Стојановска го одложи првото рочиште за предметот на СЈО „Талир 2“ за незаконската градба на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ....

Македонија2 часа

Дангов: Лиле Стефанова да биде изземена од „Титаник“ поради притворот на Јанева

На денешното рочиште за предметот „Титаник“ на СЈО, адвокатот Димитар Дангов побара да биде изземена обвинителката Лиле Стефанова од застапување...

Европа3 часа

Германија ги зголемува резервите со таблети јод во случај на нуклеарен инцидент

Германските власти го зголемуваат снабдувањето со таблети јод што ќе може да им помогнат на граѓаните во случај на нуклеарен...

Свет3 часа

Додека Амазонија гори, Болсонаро го нападна светот: „Не мешајте се во внатрешни работи“

Во екот на зголемена меѓународна критика за пожарите што беснеат во Амазонија, бразилскиот претседател Жаир Болсонаро изјави дека е можно...

Регион3 часа

(Видео) Се заглави рингишпил во Биоград, пожарникарите еден и пол час ги спасувале децата

Поради дефект, се заглави рингишпилот „Скај флаер“ во Биоград во Далмација по што пожарникарите еден и пол час ги спасувале...

Свет4 часа

Навални излезе од притвор

Портпаролката на Алексеј Навални, Кира Јармиш, на „Твитер“ соопшти дека рускиот опозициски лидер по 30 дена, излегол од притвор откако...

Свет5 часа

Туристите честа цел на крадците во Барселона, само годинава имало над 5.000 насилни грабежи

Од почетокот на годинава имало 5.331 насилен грабеж во Барселона, што е 30 проценти повеќе во однос на истиот период...

Македонија15 часа

Заев: Ова се мачни и тешки случаи, но секој што се огрешил треба да одговара

Горди сме дека како власт овозможивме услови независниот правосуден систем да работи и да го врати владеењето на правото, изјави...

Македонија17 часа

Жалбата на Јанева одбиена од судот, обвинителката останува во притвор

Кривичен совет од тројца судии ѝ ја одбил жалбата на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за определениот 30-дневен притвор, потврдија...

Европа20 часа

Макрон: Нема време за нов договор, Британија ќе стане вазал на САД

Францускиот претседател Емануел Макрон непопустливо му порача на британскиот премиер Борис Џонсон дека нема доволно време да се преговара за...

Топ24 часа

2019 е најцрна година на патиштата во земјата – за шест месеци загинале 70 лица

Декларативни заложби, намален интизитет на активности и реформи, никакви суштински и системски промени. Искршени возила, семејства што живеат во трагедии...

Топ1 ден

(Видео) Очевидци раскажуваат: Возачот се обиде да го изгасне пожарот во автобусот, но огнот бргу се ширеше

Двокатниот автобус со број 5 на ЈСП, кој гореше во близината на Oпштината Ѓорче Петров, се запалил пред автосервис. Возачот...

Македонија1 ден

Фатиме Фетаи: Секој што згрешил мора да одговара

„Никој не е недопирлив“, вели обвинителката Фатиме Фетаи по проширувањето на истрагата за случајот „Рекет“ и приведувањето на шефицaта на...

Македонија1 ден

(Видео) Се запали автобус на ЈСП во Ѓорче Петров, нема повредени патници

Автобус на ЈСП со број 5 утрово се запали во близина на Општината Ѓорче Петров. Од ЈСП информираат дека при...

Македонија1 ден

СДСМ: Правната држава функционира, законите важат за сите

Правната држава функционира, а законите важат за сите еднакво, коментира СДСМ преку соопштение кога вчера беше приведена специјалната обвинителка во...

Свет1 ден

Во Тексас извршена смртна казна, осуденикот тврдел дека е невин

Во Тексас е извршена смртна казна над Лери Сверинген (48), кој беше осуден на смртна казна во 2000 година за...

Македонија1 ден

„Ла Верита“: Катица Јанева е осудена да стане громобран за сите судии и политичари вклучени во системот за изнуда

Италијанскиот весник „Ла Верита“ најавува дополнителни докази кои потврдуваат директна контрола од страна на државниот врв врз активностите за изнудувањето...

Европа1 ден

Меркел и Џонсон се уверени дека ќе се најде решение за брегзитот

Британскиот премиер, Борис Џонсон, и германската канцеларка, Ангела Меркел, во Берлин изјавија дека се убедени дека ќе се најде решение...

Досие