Контакт

Свет

Мохамед е најпопуларно име за бебиња во предградијата на Париз

Објавено пред

Мохамед сега е најпопуларното име за машките бебиња во предградија населени со мигранти во Париз, покажуваат податоците објавени од Францускиот национален институт за статистика и економски студии (INSEE). Според INSEE, овој тренд, најверојатно, ќе продолжи во 2019 година, пренесува радиодифузерот BFMTV.

Неколку други нетрадиционални француски имиња исто така се најдоа во првите десет машки имиња во предградијата, меѓу кои Ибрахим на трето место, Рајан на четвртото место, Амир на седмото, Имран на осмото и Али на деветтото место. Габриел, најпопуларно име Париз, не успеа да се најде ни во првите десет имиња во предградијата.

Од првите 20 имиња на листата, 12 се од блискоисточно потекло, а листата на имиња на девојчиња во Сена-Сен Дени исто така има значителен број што потекнуваат од регионот. Новите статистики доаѓаат кога Мохамед и разните алтернативни пишувања на името се покажаа како најчесто име во Англија и Велс за новородените момчиња претходно месецов.

Во Германија, во извештајот на Друштво за германски јазик (GfdS), во јануари годинава бил забележан драматичен пораст на бројот на бебиња со име Мохамед во Германија во последните неколку години, со што името се искачило од 97. место на 26. место за помалку од една деценија. Исто како и Велика Британија, ни GfdS не ги брои сите варијациите на името Мохамед, па вистинскиот број може да е многу поголем.

Популарноста на имињата ја одразува зголемената популација на мигранти во Европа, а масовната миграција сега се смета за главна причина за порастот на населението во речиси цела Западна Европа.

Европа

Англија бесплатно ќе дели витамин Д како превентивна мерка против Ковид-19

Објавено пред

Англиските власти објавија дека ќе понудат бесплатна испорака на витамин Д за околу 2,7 милиони граѓани кои припаѓаат на ризичните групи.

Витаминот Д е неопходен за правилно функционирање на имунолошкиот систем, поради што многу експерти веруваат дека веројатно ќе помогне во намалување на ризикот од инфекција или развој на потешки симптоми на Ковид-19.

Властите денес објавија дека автоматски ќе испраќаат витамин Д во сите домови за стари лица низ Англија. Покрај тоа, тие ќе им го понудат овој витамин бесплатно на ризичните групи на луѓе кои потоа ќе одлучат дали сакаат да го користат.

Испораките на четиримесечните залихи со витамин Д ќе започнат во јануари, пишува „Скај Њуз“.

Сепак, ескпертите наласуваат и дека прекумерното внесување на витамин Д може да има штетни ефекти врз организмот и затоа е важно луѓето да се придржуваат до препорачаните дози.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Хрватска 3.987 новозаразени, на сила стапуваат нови мерки

Објавено пред

Во последните 24 часа, во Хрватска се регистрирани 3.987 нови случаи на коронавирус, тестирани се 11.282 лица, а 55 пациенти починале.

Бројот на активни случаи денес е 23.573, од кои 2.221 пациент се во болница, оа 262 се на респиратор, пренесува порталот „Индекс“.

Од 25 февруари, кога е регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, досега се заразени вкупно 123.693 лица, од кои 1.655 починале.

Досега се опоравиле 98.465 лица, од кои 2.767 во последните 24 часа.

Во моментов има 51.247 луѓе во самоизолација, а до денеска се тестирале вкупно 736.102 лица.

Од денес во Хрватска се на сила нови мерки, а угостителските објекти се целосно затворени. Исто така, забранети се сите јавни настани и собири на повеќе од 25 лица. Максимум 10 лица можат да бидат присутни на приватни прослави. Максимум 25 лица можат да бидат присутни на погреби.

Јавните настани, собири и церемонии од сите видови може да траат најдоцна до 22 часот.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Словенија речиси 1.600 новозаразени, починаа 43 лица

Објавено пред

Во Словенија, во последните 24 часа биле потврдени 1.591 нов случај на коронавирус од 6.938 тестирани, а 43 лица починале.

На болничко лекување има 1.258 пациенти, што е за 66 помалку од претходниот ден.

Бројот на пациенти на интензивна нега исто така е намален.

Од почетокот на пандемијата, досега се заразени 74.265 луѓе во земјата, а починале 1.336 пациенти со Ковид-19, пренесува СТА.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Во Тетово, Куманово и Кавадарци стапуваат на сила мерки за заштита поради загадениот воздух

Во Тетово, Куманово и Кавадарци стапуваат на сила препораките и мерките во случај на неколкудневен надминат праг на ПМ10 честички...

Свет3 часа

Во Хонгконг запленети дијаманти со вредност од 700.000 евра

Царината во Хонгконг заплени повеќе од 160 дијаманти во вредност од околу 700.000 евра. Дијамантите се запленети од камион на...

Свет4 часа

Фаучи: Вакцинирајте се дури и ако сте се оправиле од Ковид-19

Водечкиот американски експерт за инфективни болести Ентони Фаучи ги советуваше Американците кои веќе имале коронавирус, или претпоставуваат дека го имале,...

Македонија4 часа

Охридскиот градоначалник со осуда за оштетувањето на споменикот во чест на загинатите бугарски туристи

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески упати јавна осуда поради оштетувањето на споменикот поставен во спомен на бугарските туристи кои ги...

Македонија16 часа

Регистрирани 1.093 новозаразени, починаа 28 лица

Денеска се регистрирани 1.093 нови случаи на Ковид 19. Оздравеле 819 пациенти, а починаа 28 лица. Министерството за здравство информира дека...

Свет16 часа

СЗО: До 70 отсто од светската популација треба да биде вакцинирана за да се запре коронавирусот

Околу 60-70 проценти од светската популација треба да бидат вакцинирани или да стекнат имунитет, за да се спречи ширењето на...

Македонија18 часа

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ на протести во повеќе градови: „Време е Заев да поднесе оставка“

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вечерва со автомобили одржа протести во неколку градови во државата поради ставовите на премиерот Зоран Заев, изнесени во...

Македонија19 часа

(Видео) Димитров: Не отстапуваме од македонскиот јазик и идентитет

Бугарија поради македонскиот јазик и македонската историја одлучи да ги блокира преговорите на Македонија со ЕУ. Во интервју за сараевската...

Македонија21 час

ДСЗИ наложи итно санирање на руинираните простории во битолската болница

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) и надложи на директорката на битолската болница итно да бидат санирани руинираните простории, како...

Македонија22 часа

Радев: Согласност за Македонија откако ќе се признаат историските факти и искорени омразата

Бугарија треба да даде согласност за почеток на преговорите за Северна Македонија, откако ќе се признаат објективните историски факти и...

Македонија23 часа

Заев: Груевски беше организаторот на „27-ми април“, а не Јанакиески, Ристовски и Вељаноски

Никола Груевски е главен организатор на 27-ми април, а екс-функционерите Трајко Вељаноски, Спиро Ристовски, Миле Јанакиески се изманипулирани од него,...

Економија1 ден

Поради стравот кај јавноста, АЕК распиша тендер за изработка на студија за влијанието на 4Г и 5Г-мрежите

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) распиша меѓународен тендер за изработка научна студија за влијанието на зрачењата од 4Г и 5Г-мрежите...

Македонија1 ден

Филипче: Охрабрува бројот на оздравени

„Епидемијата го достигна пикот минатата недела, сега бројките се стабилизираат, а Р-факторот на преносливост е 1“, вели министерот за здравство,...

Свет1 ден

Трамп: Испораката на вакцина против коронавирусот почнува следната недела

Американскиот претседател, Доналд Трамп, објави дека испораката на вакцина против коронавирусот ќе почне следната недела, пренесува „Ројтерс“. Во разговор со...

Свет1 ден

Истражување: тестирањето на антитела покажува помал број лица заразени со коронавирус

Тестирањето на антитела во крвта за да се утврди инфекцијата со коронавирус дава помал број во споредба со реалната состојба...

Свет1 ден

СЗО: Вакцината ќе ни даде контрола над вирусот

Еден од главните експерти на Светската здравствена организација (СЗО), Мајк Рајан, рече дека почетокот на употребата на вакцината против коронавирусот...

Свет1 ден

Болсонаро: Не сакам да се вакцинирам

Бразилскиот претседател, Жаир Болсонаро, изјави дека нема да прими вакцина против коронавирусот. Тој во видеообјава преку социјалните мрежи вели дека...

Спорт1 ден

Погребан Диего Армандо Марадона

Легендарниот аргентински фудбалер, Диего Армандо Марадона, кој почина во средата е погребан во Буенос Аирес. Илјадници навивачи низ улиците на...

Свет1 ден

За еден ден потврдени повеќе од 577.000 нови случаи на Ковид- 19

Повеќе од 577.000 нови случаи на Ковид-19 се потврдени за еден ден во светот, објави Светската здравствена организација (СЗО), со...

Свет1 ден

(Видео) Трамп: Ќе ја напуштам Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе ја напушти Белата куќа доколку Изборниот колеџ ја потврди победата на демократскиот кандидат...

Досие