Контакт

Свет

Балерина пронајдена мртва во езеро во САД

Објавено пред

Властите во САД ја испитуваат смртта на балерина од Сент Луис. Нејзиното безживотно тело било пронајдено во езеро во американската држава Мисури, објави Си-ен-ен.

Телото на дваесет и тригодишната Рафаела Мари Строик било пронајдено во средата во езерото Марк Твен. Езерото се наоѓа 160 километри северозападно од градот Сент Луис.

Исчезнувањето на балерината било пријавено во вторникот кога нејзиното возило било пронајдено на паркинг во близина на градскиот парк.

Последен пат била видена во понеделникот изутрината во продавница во предградие на Сент Луис.

По неа трагаа доброволци, членови на семејството и повеќе од стотина полицајци. Безживотното тело во езерото го забележал пилот на приватен авион кој само што се приклучил во потрагата, соопшти полицијата.

Засега нема знаци на насилна смрт, но полицијата сè уште води истрага за да утврди како точно се случила оваа трагедија.

Рафаела Мари Строик минатата година се приклучила кон балетскиот ансамбл во Сент Луис и настапила на 4 балетски претстави.

Европа

Министрите за финансии на ЕУ го поддржуваат поедноставувањето на фискалните правила

Објавено пред

Министрите за финансии на Европската Унија (ЕУ) поддржаа поедноставување на фискалните правила што ќе ги направи потранспарентни и предвидливи.Висок официјален претставник на Европската комисија (ЕК) рече дека е потребно уште многу за да се усогласат околу овие промени.
        
Потпретседателот на Еврокомисијата, Валдис Домбровскис, по состанокот на министрите за финансии во Хелсинки рече дека начелно е прифатена идејата којашто ја изнесел независниот Европски фискален одбор (ЕФБ) да се фокусираат на правилата за долгот и државната потрошувачка. Тој истакна дека многу земји-членки се за поедноставување на правилата со цел да се зголеми транспарентноста и предвидливоста.
        
По измените во 2005, 2011 и 2013 година, правилата станаа толку сложени што Комисијата објавува прирачник од скоро 100 страници секоја година за да објасни како функционира сето тоа, заедно со многу исклучоци. Клучните два елементи на правилото се ограничување на буџетскиот дефицит од три проценти на бруто домашниот производ (БДП) и максималното ниво на јавен долг од 60 проценти.

Прикажи повеќе...

Европа

Белгискиот кандидат за еврокомесар обвинет за перење пари

Објавено пред

Белгискиот кандидат за местото на нов еврокомесар за правда, кој е министер за надворешни работи на земјата, Дидие Рејндерс, се соочува со истрага поради обвинение за перење пари во Конго.

Обвиненијата против Рејндерс ги изнесе поранешен припадник на белгиската разузнавачка служба. Весниците Л’Еко и Де Тијд, кои први информираа за случајот, наведуваат дека истрагата е се уште во почетна фаза.

Сослушувањето во Европскиот парламент за подобноста на кандидатите за еврокомесари е закажана за 30 септември.

Прикажи повеќе...

Регион

Српската премиерка Ана Брнабиќ се приклучи на Парадата на гордоста

Објавено пред

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ се приклучи на Парадата на гордоста која започна денеска околу 17 часот во Белград. Учесниците на ,,Прајдот” се собраа на Плоштадот Славија, од каде со пароли ,,Не се одрекувам” тргнаа на прошетка по белградските улици.

Повеќе инциденти беа регистирани пред одржувањето на Парадата на гордоста во Белград, а според тамошните медиуми приведени се и четири лица кои се судриле со полицијата.

Како што јавуваат медиумите, група екстремни десничари веќе неколку часа го блокираат центарот на градот, поточно аголот на улицата Принц Милош и булеварот на Крал Александар, обидувајќи се да ја спречат Парадата на гордоста чиишто учесници треба да поминат низ Кнез Милош.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Пет лица за затруле со храна, затворен ресторанот во Брвеница

Пет лица за затруле со храна, по што е затворен ресторанот во тетовското село Брвеница, со цел да се спречи...

Регион2 часа

Инциденти на Парадата на гордоста во Белград, уапсени четири лица

Повеќе инциденти се регистирани пред одржувањето на Парадата на гордоста во Белград, а според тамошните медиуми приведени се и четири...

Македонија6 часа

Загина македонски планинар кој паднал во провалија на Олимп

При пад во провалија загина македонски планинар на планината Олимп во Грција. Според информациите, тој бил дел од деветчлена група...

Македонија7 часа

Привршуваат подготовките за рушење на дивоградбите во Охрид

За поефикасна координација на акцијата за уривање на охридските дивоградби денеска се одржа средба на градоначалнкот Константин Георгиески со министерот...

Свет8 часа

Демонстрантите во Хонгконг бараат Велика Британија да изврши притисок врз Кина

Учесниците во протестите во Хонгконг денеска се собраа пред британскиот конзулат, каде од поранешниот колонијален владател со овој регион побараа...

Македонија9 часа

Претстои недела во која Скопје ќе се фокусира на алтернативниот и еколошки транспорт

Град Скопје од 16. до 22. септември со програма која опфаќа содржини за граѓаните од сите возрасти, и годинава ќе...

Европа9 часа

Хан бара земјите членки да дадат повеќе пари за буџетот на ЕУ

Идниот европски комесар за буџет и администрација, Јоханес Хан, инсистира на буџетски план со дополнителни трошоци за земјите членки, но...

Европа10 часа

Сноуден: Нѐ следат на секој чекор

Погрешно би било подемот на политичарите како Доналд Трамп, Борис Џонсон или десничарската Алтернатива за Германија, да го гледаме само...

Култура22 часа

Отворено јубилејното 40. издание на „Браќа Манаки“

Вечерва во Битола почна 40. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. Фестивалот го отвори претседателот на држвата,...

Македонија23 часа

Целосно завршен процесот за разрешување на Катица Јанева

Советот на јавни обвинители на вечерашната вонредна седница едногласно ја разреши специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, која е третоосомничена за...

Спорт1 ден

Победнички старт за Вардар во Лигата на шампионите

Европскиот првак Вардар со победа ја започна одбраната на титулата во Лигата на шампионите. Во Монпелје, дуелот на победниците во...

Европа1 ден

Околу 25.000 луѓе протестираа за еколошки транспорт на Саемот за автомобили во Франкфурт

Илјадници демонстранти се собраа денес, поради Саемот за автомобили во Франкфурт (IAA), истакнувајќи ги своите барања за зголемување на еколошкиот...

Топ1 ден

Во „порше“ кај Куманово пронајдени 16 мигранти

Шеснаесет мигранти од кои две деца биле пронајдени при полициска контрола на автопатот Куманово – премин Табановце, во раните утрински...

Македонија1 ден

(Видео) Собранието ја разреши Катица Јанева

Со 102 гласа ,,за”, и ниту еден глас ,,воздржан” и ,,против” пратениците денеска донесоа одлука за разрешување на специјалната јавна...

Македонија1 ден

Стотина пожарникари и волонтери ги гаснеа пожарите во Прилепско, зафатени се 400 хектари шума

Пожарите кои вчера избувнаа на територијата на општина Прилеп се ставени под контрола. Во нивното гаснење учествуваа Територијалната противпожарна единица...

Свет1 ден

(Видео) Дронови нападнале нафтени постројки во Саудиска Арабија, предизвикувајќи пожари

Саудиска Арабија соопшти дека две големи нафтени постројки во земјата биле нападнати од дронови, што предизвикале пожари. Пожарите избувнаа во...

Спорт1 ден

УЕФА: Во преодниот рок се потрошени четири милијарди евра

Европските клубови во летниот преоден рок на трансфери потрошиле 3,98 милијарди евра, објави Европската фудбалска унија (УЕФА). УЕФА наведува дека...

Свет1 ден

(Видео) Сноуден проговори за неговиот живот во Русија: Тајно се оженив и не стравувам дека можат да ме убијат на улица

Поранешниот американски разузнавач и свиркач Едвард Сноуден, кој избега во Русија, вели дека благодарение на неговите откритија, тој сега живее...

Свет1 ден

Иранка се запали со бензин откако била фатена дека се облекува како маж за да гледа фудбал

Иранка се запали со бензин откако била приведена поради тоа што се облекувала како маж за да може да влезе...

Свет1 ден

Финска: ЕУ да престане да увезува говедско месо и соја од Бразил

Европската унија (ЕУ) треба да го блокира увозот на говедско месо од Бразил и да размисли за суспендирање на увозот...

Досие