Свет
Мугабе зад себе оставил 10 милиони долари и неколку куќи

Богатството на поранешниот долгогодишен претседател на Зимбабве долго време беше мистерија, а сега по објавувањето на првиот официјален список на имот, може да се заклучи дека тој оставил зад себе 10 милиони долари и неколку недвижности.
Некои фактори во Зимбабве го сметаат објавениот имот за премногу скромен за Роберт Мугабе, кој владеше 37 години и од критичарите е обвинуван дека за тоа време собрал огромно богатство, пренесе АП.
Весникот „Хералд“ не ги наведува средствата на Мугабе во странство, иако се верува дека тој има недвижен имот и во Јужна Африка и Азија.
Медиумите исто така пишуваат дека Мугабе, кој почина во септември, не оставил тестамент и дека врз основа на законот, богатството ќе го поделат неговата сопруга и децата.
Наследството вклучува и една фарма, 10 автомобили и 11 хектари земјиште.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
По три месеца, отворен аеродромот во Триполи

Либиските власти го отворија главниот аеродром во престолнината Триполи, кој пред три месеца беше затворен поради жестоките борби.
Аеродромот „Митига“, единствен функционален цивилен аеродром во Триполи, беше затворен во септември. Мисијата на Обединетите нации тогаш соопшти дека четири проектили го погодиле подрачјето околу аеродромот, од кои едниот погодил авион кој превезувал аџии кои се враќале од Саудиска Арабија.
Судирите почнаа пред осум месеци кога борците од истокот, самонаречената Либиска национална армија, организира опсада за да го преземе главниот град од ослабнатата влада, која ја поддржуваат ОН.
Од 2015 година во Либија постојат две ривалски влади, една на истокот, а друга во Триполи.
Свет
Германија реагира: Санкциите за „Северен тек 2“ се навреда за европскиот суверенитет

Берлин ја потврди својата поддршка за рускиот гасовод и покрај заканата од нови санкции на САД против европските фирми вклучени во проектот, пренесува „Спутник“.
„’Северен тек 2′ ќе биде завршен“, соопшти германското МНР.
„За европската енергетска политика се решава во Европа, а не во САД. Ние отфрламе какви било интервенции и екстратериторијални санкции“, рече германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас.
Во меѓувреме, Германскиот економски комитет ги осуди санкциите против „Северен тек 2“ и ги нарече навреда за европскиот суверенитет и неприфатливо мешање.
Изјавата доаѓа во услови на најавени санкции од САД против проектот, кои неодамна беа додадени во Законот за овластување за националната одбрана на САД 2020 година. Т.н. закон за заштита на енергетската безбедност на Европа предвидува казнени мерки, односно санкции против компаниите што оперираат со високоспецијализираните бродови со кои се поставуваат цевките за гасоводот под Балтичкото Море.
Меѓу европските компании вклучени во проектот се германските енергетски фирми „Винтершал“ и „Унипер“, француска мултинационална „Енџи“, британско-холандскиот нафтен гигант „Ројал Дач шел“ и австриска енергетска компанија ОМВ.
Германското Министерство за трговија, пак, изрази жалење поради одлуката на американскиот законодавен дом да ги санкционира компаниите поврзани со изградбата на гасоводот. Портпаролката на министерот за економија, Петер Алтмајер, денеска истакна:
„Нашиот став кон екстратериторијалните санкции е јасен: ние ги отфрламе“.
Официјална Москва реагира веднаш со оценка дека станува збор за уште еден обид да се загрози спроведувањето чисто комерцијален проект. Портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, коментирајќи го законот, рече дека обидите на САД да го загрозат овој проект е пример за нефер конкуренција.
Свет
Шест лица во критична состојба по пожарот на рускиот носач на авиони

Пожарот на рускиот носач на авиони „Адмирал Кузњецов“ е локализиран, а утврдено е дека причина за огнот е изведување заварувачки работи во првата единица за напојување, соопшти шефот на Обединетата бродоградна корпорација, Алексеј Рахманов.
„Во тој момент се изведуваа работи за замена на единиците за напојување, но искра паднала на подот, каде што имало истурено гориво, по што дошло до пожар“, појаснил Рахманов.
Во инцидентот се повредени 10 лица, од кои шест се во критична здравствена состојба, а само едно е со полесни повреди.
- Топ3 месеци
Газда полеан со бензин, а неговиот џип запален во Кисела Вода
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Свет1 месец
(Видео) Полицаецот кој го уапси синот на Ел Чапо убиен со 150 куршуми