Контакт

Свет

Мугабе ќе биде погребан во мавзолеј

Објавено пред

Странски лидери, следбеници и граѓани денеска се собраа на националниот стадион во Хараре за да му одадат почит на основачот на Зимбабве, Роберт Мугабе, по речиси една недела на спорови околу неговиот погреб.

Мугабе, кој со Зимбабве владееше цели 37 години, додека војската не го собори од власт во 2017 година, умре пред една недела во болница во Сингапур, на 95-годишна возраст, пренесува „Ројтерс“.

Мугабе ќе биде погребан во мавзолеј во Хараре за околу 30 дена, бидејќи објектот треба да се изгради во алејата на народните херои, соопшти негов роднина, што е спротивно на претходните информации дека неговиот погреб ќе биде утре.

Европа

Најмалку 13 загинати во судир на автобус и камион во Словачка

Објавено пред

Најмалку 13 лица загинаа и 20 се повредени во судир на автобус и камион во Словачка.

Несреќата се случила во близина на градот Нитра, 100 километри источно од Братислава, соопшти полицијата.

Пожарникарите соопштија дека бројот на жртвите може да биде поголем.

Најмалку 20 лица се повредени во несреќата, пренесува АП.

Прикажи повеќе...

Свет

Екс-шефот на венецуелското разузнавање исчезна во Шпанија пред екстрадицијата во САД

Објавено пред

Шпанската полиција трага по поранешниот началник на разузнавачката служба во Венецуела, генералот Уго Армандо Карвахал, кој исчезна во петокот откако судот донесе одлука да го екстрадира во САД, пренесува „Спутник“.

Коментирајќи за исчезнувањето, адвокатот на Карвајал, Марија Долорес, рече дека таа не знае каде се наоѓа нејзиниот клиент, додавајќи дека тој не бил информиран за налогот за апсење.

Во петокот, Кривичната комора на Шпанскиот национален суд донесе одлука да го екстрадира Карвахал, откако третиот оддел на истиот суд го одби барањето за екстрадиција на 16 септември. САД претходно побараа од Шпанија да го екстрадира Карвахал тврдејќи дека тој, наводно, соработувал со Револуционерните вооружени сили на Колумбија (ФАРК) за да прошверцува кокаин во САД. Според обвинителниот акт поднесен во Њујорк, Карвахал беше обвинет за шверц на повеќе од 5,6 тони кокаин во Колумбија, подоцна наменет за САД.

Во своето барање за екстрадиција во Шпанија, САД тврдеа дека Карвахал, кој работел како началник на разузнавачката служба и со починатиот претседател на Венецуела, Уго Чавез и со актуелниот претседател, Николас Мадуро, имал намера да ги „поплави“ САД со кокаин, соработувајќи со колумбиските герилски сили.

Прикажи повеќе...

Свет

Руската ФСБ затвори онлајн-продавница за трговија со дрога

Објавено пред

Федералната служба за безбедност на Русија (ФСБ) откри група која ја водела една од најголемите продавници за трговија со дрога, пренесува ТАСС.

„ФСБ спроведе повеќестепена специјална операција, откривање организирана криминална група вклучена во голема мрежа за трговија со дрога заснована на интернет технологии“, се вели во соопштението.

Според ФСБ, запленети се 440 килограми дрога, вклучувајќи МДМА, алфа-ПВП, мепедрон и хашиш, во вредност од вкупно 650 милиони рубљи (10,1 милиони американски долари) за време на голема операција спроведена во десет руски региони (Твер, Воронеж, Москва, Новосибирск, Омск, Оренбург, Саратов, Тјумен, Томск и Чељабинск).

„Седум вработени во продавницата, кои дејствувале како регионални курири за наркотици, беа фатени на дело. Двајца од нив се одговорни за испорака на големи пратки дрога (150-300 кг) од Москва и Санкт Петербург до големите градови во Централ, Волга, Урал и во сибирските федерални области, додека другите ја надгледувале трговијата на големо со дрога во специфични региони“, наведуваат од ФСБ.

ФСБ отвори седум кривични предмети според Член 228.1.5 од рускиот Кривичен законик (нелегално производство, продажба и транспорт на дрога). Приведените се задржани во притвор. Во тек е истрага.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Мас: Германија ќе го поддржи патот на Северна Македонија кон ЕУ

Германија ќе даде свој придонес за продолжување на патот на Северна Македонија кон ЕУ, објави денеска германскиот министер за надворешни...

Македонија1 час

Зеќир Рамчиловиќ изгласан за потпретседател на Собранието

Со 62 гласа за, 16 против и без воздржани, пратеникот Зеќир Рамчиловиќ е изгласан за потпретседател на Собранието. Тој за...

Македонија3 часа

Во Швајцарија уапсени членови на „Пинк Пантер“, меѓу кои и еден Македонец, ограбиле златарница

Швајцарската полиција уапси двајца црногорски државјани, двајца германски државјани, едно лице од Босна и Херцеговина и едно од Северна Македонија...

Македонија3 часа

Груевски нема да одговара за „Траeкторија“ поради застареност на делото

Експремиерот во бегство, Никола Груевски, нема да одговара за кривичното дело во предметот „Траекторија“, кое се однесува на изградбата на...

Македонија4 часа

Полиција го обезбедува паркингот кај „Аутомакедонија“, каде што ќе се гради барокна катна гаража

Полициска екипа утрово го обезбедува паркингот кај „Аутомакедонија“ во центарот на Скопје, каде што од денес може да почне да...

Македонија4 часа

Закажано првото рочиште за „Рекет“

Првото рочиште за предметот „Рекет“, во кој се обвинети Бојан Јовановски – Боки 13, поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, и...

Македонија5 часа

Заев: „Југохром“ ќе биде затворен додека не се стават филтрите

„Југохром,“ додека не се стават филтрите, нема да функционира, истакна премиерот Зоран Заев пред вчерашната владина седница во Тетово зборувајќи...

Европа6 часа

(Видео) Венеција под вода, регистриран вториот најголем бран во историјата

Венеција е погодена од вториот најголем бран на плима во историјата, кој ја поплави историската базилика и многу од градските...

Македонија6 часа

Игор Јанушев ќе биде шеф на изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на синоќешната седница едногласно одлучи генералниот секретар Игор Јанушев да биде шеф на Републичкиот изборен штаб...

Македонија6 часа

Заев: Побогатите граѓани да ги сменат системите за греење за да помогнат против загадувањето

Премиерот Зоран Заев во изјава за медиумите пред почетокот на вчерашната владина седница во Тетово даде одговор на новинарски прашања...

Македонија6 часа

Пендаровски во Париз предаде копија од книгата на Глигоров „Македонија е се што имаме“

Претседателот Стево Пендаровски за време на посетата во Париз, во библиотеката на Парискиот мировен форум дал копија од книгата „Македонија е...

Свет7 часа

Хилари Клинтон : Под голем притисок сум да го предизвикам Трамп на изборите

Поранешниот државен секретар на САД и кандидат на последните претседателски избори во САД, Хилари Клинтон, вели дека е „под голем...

Свет7 часа

Жанин Анес и официјално стана наследник на Моралес во Боливија

Уставниот суд го призна решението опозициската сенаторка Жанин Анес да ја преземе функцијата привремен претседател на Боливија. Таа синоќа во...

Македонија7 часа

Шефот на германската дипломатија Хајко Мас во Скопје

Министерот за надворешни работи на Германија Хајко Мас во текот на денешната работна посета на Северна Македонија е планирано да...

Спорт7 часа

Лука Модириќ е „Golden Foot“

Капитенот на фудбалската репрезентација на Хрвтаска Лука Модриќ во Монте Карло доби уште едно големо признание во кариерата, наградата „Golden...

Македонија18 часа

Заев во Тетово: Владата заседава во 10 региони за одблиску да го слушне гласот на граѓаните

Премиерот Зоран Заев во изјава за медиумите пред одржувањето на редовната 165. седница на Владата во Тетово, истакна дека организацијата...

Регион18 часа

Рама: Приштина ја загрозува надворешната политика на Албанија

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека политичарите во Приштина, спротивставувајќи се на заедничката иницијатива за создавање на балканскиот мини шенген,...

Регион21 час

Црна Гора не го прифаќа предлогот за мини шенген

Министерката за економија на Црна Гора, Драгица Секулиќ, во понеделникот рече дека приклучувањето кон иницијативата мини шенген за балканските држави...

Европа21 час

Зелено светло за 13 нови одбранбени проекти на ЕУ

Владите на ЕУ дадоа зелено светло за 13 нови одбранбени проекти насочени кон развој на поголема воена моќ независна од...

Македонија24 часа

Холандија го ратификува протоколот за НАТО

Холандскиот сенат попладнево го ратификува протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО, соопшти министерот за надворешни работи, Никола Димитров....

Досие