Контакт

Свет

Музичари свиреа на инструменти од мраз за да ја подигнат свеста за климатските промени

Објавено пред

Музичари од Норвешка свиреа на инструменти направени од мразот од Арктичкиот Океан, на најсеверната локација во светот, за да ја подигнат свеста за климатските промени.

Квартетот настапи на Арктикот на температура од -12 Целзиусови степени за да ги поттикне луѓето да размислуваат за климатските промени. Иако ова изгледа ладно, пишува „Евроњуз“, според „Гринпис“, минатиот месец просечната температура на Арктикот била 8 Целзиусови степени повисока од нормалната.

„Треба да го третирате мразот со почит, во спротивно ќе се уништи. Тоа треба да го правиме и со природата“, рече Терје Исунгсет, главниот музичар на триминутната изведба на дело создадено исклучиво за оваа пригода.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

концерти

Ел Багдади се заканува со нови напади

Објавено пред

Медиумската мрежа на екстремистичката група Исламска држава објави аудио снимка, во која се тврди дека е од водачот на таа терористичка организација, Абу Бакр ал-Багдади, а во која тој предупредува дека се во тек нови операции.

„Операциите се одвиваат на различни фронтови“, вели Багдади на снимката објавена на мрежата Ал Фуркан. Тоа е негова прва порака од април.

Тој на снимката наведува неколку локации, каде ќе бидат извршени нападите, како што се Мали и Левантскиот Залив, но не го откри времето кога ќе бидат извршени.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Еруптира најактивниот вулкан во Јапонија, исфрли пепел до 4.000 метри висина

Објавено пред

Еруптира еден од најактивните вулкани во Јапонија, Сакуријам, и над кратерот исфрла облак од пепел на најмалку 1.000 метри висина, пренесува „Еј-би-си њуз“.

Според Советодавниот центар за вулканска пепел во Токио, пак, облакот од пепел над вулканот достигнал висина од 4.000 метри, односно 2.880 метри над кратерот.

Насоката и обемот на пепелта цело време се следат преку сателитски снимки.

Прикажи повеќе...

Свет

По три часа одложување, почна трилатералната средба за Сирија

Објавено пред

Со тричасовно одложување, во Анкара започна трилатералната средба меѓу лидерите на Русија, Иран и Турција, земјите гаранти во процесот Астана за Сирија.

Од 2017 година тоа е петти самит по прашањето меѓу турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, чија земја ја поддржува сириската опозиција, рускиот претседател Владимир Путин и иранскиот претседател Хасан Рохани, чии земји го поддржуваат режимот на Дамаск.

„Можеме да одлучиме за конкретни мерки за гаснење на пожарот во Сирија. Одржувањето надеж за можно политичко решение за кризата во Сирија е нешто што зависи од нашите напори“, истакна Ердоган на отворањето на Самитот.

Путин, од своја страна, ја истакна потребата за продолжување на бескомпромисната војна против терористите во Сирија, таргетирајќи вооружени групи во кои доминираат џихадисти што го контролираат Идлиб, кои редовно се цел на сирискиот режим и бомбардирањето на Москва.

„Зоната на деескалација не треба да служи како терен за вооружени провокации. Треба да преземеме дополнителни мерки за целосно да ја победиме терористичката закана што доаѓа од областа Идлиб“, истакна Путин.

Иранскиот лидер, сепак, ја истакна потребата да се постават темелите за враќање на безбедноста во Сирија и тврди дека дипломатијата, а не конфронтацијата, ќе обезбедат мир во таа земја.

Рохани изрази надеж дека соработката меѓу Иран, Русија и Турција може да помогне во решавањето на кризата во Сирија, како и сите други регионални кризи.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет17 минути

(Видео) Еруптира најактивниот вулкан во Јапонија, исфрли пепел до 4.000 метри висина

Еруптира еден од најактивните вулкани во Јапонија, Сакуријам, и над кратерот исфрла облак од пепел на најмалку 1.000 метри висина,...

Македонија2 часа

(Видео) Активисти за заштита на животните упаднаа на собир на Шилегов и Марин

Активисти за заштита на животните упаднаа на собир во скопската населба Аеродром каде што средба со граѓаните имаа градоначалниците на...

Македонија8 часа

Укинат притворот на Стевчо Јакимовски

Судот му го укина куќниот притвор на поранешниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, и му определи мерки на претпазливот....

Македонија8 часа

(Видео) Фатиме Фетаи се враќа во скопското Обвинителство, Лиле Стефанова во Радовиш

Советот на јавните обвинители на денешната седница им го прекина мандатот во СЈО на десетте помошници на поранешната специјална обвинителка,...

Македонија8 часа

Колевски: Јанева повеќе не е ниту гевгелиски обвинител

Поранешната шефица на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, повеќе не е ниту гевгелиски обвинител. Советот на јавните обвинители го стави...

Свет11 час

Две семејства настрадаа во пожар во зграда во Сибир

Осум лица, меѓу кои и четири деца, загинаа во пожар во станбена зграда во сибирскиот град Краснојарск, соопшти руското Министерство...

Македонија11 час

Одложено судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци

Денешното судење за автобуската несреќа кај Ласкарци, која се случи во февруари и во која загинаа 16 лица, беше одложено...

Економија11 час

Во Холандија бројот на слободни работни места еднаков на бројот на невработени

Бројот на слободни работни места во Холандија на крајот на јуни бил еднаков на бројот на невработени. Стапката на невработеност...

Регион11 час

Пожарот на Закинтос сè уште активен, во гаснењето се вклучија и авионите

Големиот шумски пожар во близина на селата Кери и Агалас на грчкиот остров Закинтос сè уште е надвор од контрола,...

Топ11 час

Поднесено обвинение за ќерката што ја задави мајка си во Карпош

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение за кривично дело убиство против скопјанката што ја задави мајка си во Карпош. Според...

Свет12 часа

ЕУ загрижена за регионалната безбедност по нападот со дронови во Саудиска Арабија

Европската Унија смета дека нападот со дронови на нафтените постројки на државната нафтена компанија „Арамко“ во Саудиска Арабија претставуваат вистинска...

Свет12 часа

Потона брод во Индија, се удавија 12 лица

Најмалку 12 лица се удавиле, а десетици се пријавени како исчезнати по несреќа во југоисточна Индија кога туристички брод со...

Регион23 часа

Седумдесет Црногорци во банка имаат по повеќе од милион евра

Во банките во Црна Гора на крајот на август депозит поголем од еден милион евра имале 71 граѓанин, соопшти Централната...

Регион1 ден

Брнабиќ и нејзината партнерка прошетаа со Парадата на гордоста низ Белград

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ прошета со нејзината партнерка на Парадата на гордоста и најави дека Белград ќе се кандидира...

Македонија1 ден

Пет лица за затруле со храна, затворен ресторанот во Брвеница

Пет лица за затруле со храна, по што е затворен ресторанот во тетовското село Брвеница, со цел да се спречи...

Македонија1 ден

Загина македонски планинар кој паднал во провалија на Олимп

При пад во провалија загина македонски планинар на планината Олимп во Грција. Според информациите, тој бил дел од деветчлена група...

Македонија1 ден

Привршуваат подготовките за рушење на дивоградбите во Охрид

За поефикасна координација на акцијата за уривање на охридските дивоградби денеска се одржа средба на градоначалнкот Константин Георгиески со министерот...

Свет1 ден

Демонстрантите во Хонгконг бараат Велика Британија да изврши притисок врз Кина

Учесниците во протестите во Хонгконг денеска се собраа пред британскиот конзулат, каде од поранешниот колонијален владател со овој регион побараа...

Македонија1 ден

Претстои недела во која Скопје ќе се фокусира на алтернативниот и еколошки транспорт

Град Скопје од 16. до 22. септември со програма која опфаќа содржини за граѓаните од сите возрасти, и годинава ќе...

Европа1 ден

Хан бара земјите членки да дадат повеќе пари за буџетот на ЕУ

Идниот европски комесар за буџет и администрација, Јоханес Хан, инсистира на буџетски план со дополнителни трошоци за земјите членки, но...

Досие