Свет
Мутираниот омикрон-сој во неколку земји – потешко се одредува на тестовите

Нова верзија на сојот омикрон се појави во неколку земји во светот и сега се снима состојбата во Јужна Африка, Австралија и во Канада.
Откривањето на новата варијанта омикрон ги поттикна истражувачите да ја поделат лозата B.1.1.529 на стандарден омикрон, познат како BA.1, и понова варијанта, позната како BA.2.
Имено, пред неколку дена научниците идентификуваа скриена верзија на омикрон, која не може да се разликува од претходните варијанти на Ковид-19 користејќи ПЦР-тестови, пишува „Бизнис инсајдер“.
Оваа варијанта има многу заеднички мутации со стандардниот омикрон, но и недостига одредена генетска промена, која овозможува користење лабораториски ПЦР-тестови како средство за докажување на варијантата. Дополнително, ова укажува на фактот дека овие две омикронски линии може да се однесуваат поинаку на теренот.
„Иако оваа промена го отежнува следењето на варијантата, сè уште нема причина за страв“, вели компјутерскиот биолог Винод Скарија од Институтот за геномика и интегративна биологија ЦСИР.
Во моментот најважната мутација во новата верзија е онаа што ја користат научниците како брз начин за идентификување на омикрон-сојот – мутацијата 69/70del во генот S. Тестовите со ПЦР анализираат разни маркери за да утврдат дали некој е заразен од коронавирусот, еден што го таргетира генот S.
Кога со ПЦР се тестира некој инфициран со лозата BA.1 на омикрон, еден од маркерите нема да работи, што се нарекува – ослободување на генот S. Ова не се случува во претходните варијанти на коронавирусот и на тој начин лесно идентификуван омикрон.
Сепак, новата верзија на омикрон (BA.2) не реагира на ист начин на ПЦР-тестирањето. Односно, тестот ќе покаже дали лицето е заразено од коронавирус, но ќе биде потешко да се одреди за кој сој се работи. Ова значи дека научниците ќе мора да користат пософистицирани методи, кои одземаат многу време за секвенционирање, за да идентификуваат дали некој е заразен од омикрон-сојот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Во Унгарија мнозинството од гласачите се уште го поддржува Орбан

Во Унгарија, огромното мнозинство гласачи сè уште го поддржува премиерот Виктор Орбан. Ова се резултатите од новото истражување спроведено од Центарот за фундаментални права.
Според истражувањето, 58 отсто од гласачите се за Орбан во споредба со 18 отсто од оние кои го претпочитаат неговиот поранешен противник Питер Марчи-Заја.
Во извештајот на центарот се наведува дека Орбан има поголема поддршка во сите општествени групи отколку неговиот поранешен предизвикувач.
Свет
(Видео) Апокалиптични сцени од Бахмут: уништени згради и улици преполни со проектили

Андреј Јермак, шефот на кабинетот на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, на својот Твитер профил објави видео од Бахмут, на кое се гледа степенот на уништување во градот кој со месеци е под руски напад.
Видеото покажува уништени згради и улици преполни со проектили, а повеќе личи на постапокалиптичен филм отколку на град во кој живееле повеќе од 70.000 луѓе.
#ФортецяБахмут 🇺🇦 pic.twitter.com/WZdDZOb7xJ
— Andriy Yermak (@AndriyYermak) March 30, 2023
Русија од летото 2022 година се обидува да го освои украинскиот град Бахмут во регионот на Доњецк, а нападите особено се интензивираа оваа година. Руските трупи контролираат околу 65 отсто од градот, но украинската армија продолжува да дава жесток отпор.
Свет
Судот во Њујорк го очекува Доналд Трамп

Доналд Трамп во вторник треба да се појави пред судот во Њујорк. Ова е првпат во историјата поранешен претседател на САД да биде кривично гонет.
Големата порота која го обвини Трамп ги разгледа деталите за наводната исплата на актерката од филмови за возрасни Сторми Даниелс за време на претседателската кампања во 2016 година.
Во судот Трамп ќе биде фотографиран, ќе даде отпечаток од прст како и секој друг обвинет, иако ќе биде заштитен од Тајната служба поради неговиот статус на поранешен претседател.
Трамп претходно рече дека ова е политички прогон и мешање во изборите на највисоко ниво во историјата.