Европа
Навални ги повика Русите на антивоени протести

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални повика од затвор на антивоени протести во Москва и другите руски градови в недела, 13 март, пренесуваат агенциите.
Во пораката на својот инстаграм-профил, Навални наведе дека, како што рече, „лудиот манијак Путин“ најбрзо ќе запре доколку народот на Русија се спротивстави на војната, пренесуваат агенциите.
„Морате да одите на антивоени собири секој викенд, дури и ако изгледа дека сите или побегнале или се исплашиле. Вие сте столбот на движењето против војната и смртта“, рече Навални.
Групата за мониторинг на протестите ОВД Инфо соопшти дека 13.908 луѓе биле приведени во антивоените демонстрации во Русија од 24 февруари, кога Москва започна инвазија на Украина.
Навални, најистакнатиот критичар на Кремљ, беше затворен минатата година откако се врати во Русија од Германија, каде што закрепна од, како што покажаа западните лабораториски тестови, обидот да го отруе со нервен агенс во Сибир. Русија негираше таков напад.
Навални може да објавува затворски објави на социјалните мрежи преку своите адвокати и сојузници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Во експлозија тешко повреден руски градоначалник

Руската новинска агенција РИА Новости јавува дека Андриј Шевчик, кој Русија го назначи за градоначалник на Енергодар, е тешко повреден во експлозија и се наоѓа на интензивна нега.
Повеќе детали не се достапни, но претходно украинските локални власти соопштија дека Шевчик и неговите телохранители биле повредени во насочен и прецизен напад.
Енергодар е град и општина во северо-западниот дел на Запорожјевската област во Украина, моментно под контрола на руските вооружени сили.
*Фотографијата е илустрација, а не од конкретниот настан
Европа
Канада: Најмалку пет лица загинаа во силно невреме, речиси 900.000 домови останаа без струја

Најмалку пет лица загинаа, а речиси 900.000 домови во јужна Канада останаа без електрична енергија кога силно невреме во саботата ги погоди провинциите Онтарио и Квебек.
Четири лица загинале во Онтарио кога врз нив паднале дрвја, додека една жена загинала во Квебек кога брод се превртел во реката Отава, јавува Би-би-си.
За време на невремето кое траело повеќе од два часа биле соборени многу дрвја, оштетени куќи, а имало и нарушувања во oдвивањето на сообраќајот.
Европа
Лукашенко пристигна во Сочи на разговори со Путин

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, пристигна во Сочи на разговор со рускиот претседател, Владимир Путин, соопшти денеска градоначалникот, Алексеј Копајгородски.
Путин и Лукашенко ќе се сретнат утре, пренесува „Известија“.
Кремљ претходно соопшти дека за време на разговорите на 23 мај, претседателите на Русија и Белорусија ќе разговараат за развојот на односите меѓу двете земји, со акцент на интеграциската соработка во рамки на Сојузот Русија и Белорусија, како и за меѓународни прашања.