Контакт

Свет

Над 1.300 лица починаа од коронавирусот, заразени сѐ повеќе здравствени работници

Објавено пред

Бројот на жртви од новиот коронавирус се искачи на 1.383, а регистрирани се 5.090 нови случаи, што е рекорден број.

Од овој вирус заразени се вкупно 64.435 лица во повеќе од 25 земји низ светот, а меѓу заболените во Кина има сè повеќе здравствени работници кои се грижеле за болните, пренесе Си-ен-ен.

Како што се наведува, во една болница се разболеле 130 од 500 здравствени работници.

Засега најмногу болни има во Кина, со три смртни случаи пријавени надвор од земјата, од кој последната е 80-годишна жена во Јапонија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Папата не ги почитува воведените мерки, коронавирусот се шири во Ватикан

Објавено пред

Уште откако Италија прогласи карантин за да се спречи ширењето на новиот коронавирус, а слични мерки се воведени во Ватикан, сепак, папата Франциско се чини дека не ги почитува правилата на социјално растојание, туку и натаму ги прима гостите и се ракува со нив.

„Ниту папата, ниту неговите блиски соработници не носат маски“, рече Марио Галгано, уредник на „Ватикан њуз“.

Чуварите на папата – швајцарската стража сепак го почитуваат пропишаното растојание, пренесува „Индекс“.

Многумина се загрижени дека коронавирусот можеби се шири во Ватикан, а повеќето од неговите жители се постари и мажи.

„Не сакам да кревам паника, но според мене ќе биде многу побезбедно папата Франциско да разговара со посетителите зад стаклена преграда со микрофон, како на пример во некои банки сега“, рече новинарот и писател Марко Полити.
Тој додаде дека знаел дека му е страшно што не може да комуницира директно и слободно со луѓето.

Папата (83) неодамна изјави дека се чувствува како во кафез.

На 83-годишна возраст, тој е генерално во добра здравствена состојба, но кога бил млад, дел од белите дробови му беа отстранети и би било многу опасно да се зарази коронавирус.

Досега се пријавени шест лица заразени со коронавирус во Ватикан, вклучително и монсињорот кој живее во истата зграда како и папата,  во домот на Света Марта.

Прикажи повеќе...

Европа

Италија ја укинува блокадата во два чекора, првиот е по Велигден, вториот од 4 мај

Објавено пред

Првиот чекор кон укинување на блокадата во Италија по Велигден ќе биде постепеното започнување со производствени активности, а вториот, што се очекува да се случи на 4 мај, се однесува на измените во мерките за ограничување на движењето на жителите на таа земја.

Постепеноста и претпазливоста се од најголемо значење кога станува збор за укинување на општите карантински мерки воведени од страна на Италија за да се спречи ширењето на вирусот „Ковид-19“, се согласи италијанскиот премиер Џузепе Конте со експерти на состанок за блокадата која ќе биде на сила до 16 април.

Важно е да се избегне собирање луѓе за римокатолички Велигден на 12 април, потоа со Денот на ослободување на Италија, 25 април и Меѓународниот ден на трудот, 1 Мај, за да се спречи ширењето на коронавирусот.

Првиот чекор по 13 април, римокатолички Велигденски понеделник, се однесува на постепено започнување со производствени активности, а вториот од 4 мај се однесува на промена на мерките за движење и излегување од изолација, сепак, датумите на следните чекори не се строго утврдени и зависат од податоците од наредните денови за напредокот во борбата против вирусот Ковид-19.

„Мораме да бидеме многу внимателни со втората фаза, ако направиме грешка ќе мора да се вратиме на блокадата и да започнеме одново“, рече министерот за надворешни работи на Италија, Луиџи Ди Мајо.

Прикажи повеќе...

Свет

Главниот научник во ЕУ поднесе оставка

Објавено пред

Главниот научник во Европската Унија поднесе оставка, обвинувајќи го Брисел поради одговорот на кризата со коронавирусот, нарекувајќи го „разочарувачки“, објави Би-би-си.

Мауро Ферари, претседател на Европскиот истражувачки совет, ја критикуваше ЕУ поради тоа што го одбила неговиот предлог за воспоставување опсежна научна програма за борба против Ковид-19.

Во изјава, која ја објави „Финаншал Тајмс“, Ферари исто така утврдил дека државите членки не успеале да ги координираат своите здравствени политики.

Европската комисија не ја коментираше оставката на Ферари.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

Скопјанец потпишал изјава за изолација, па отишол да пазари во маркет

Скопското основнo јавно обвинителство предлага казна за човек кој ја прекршил мерката за самоизолација, откако од Словенија се вратил во...

Свет23 минути

Главниот научник во ЕУ поднесе оставка

Главниот научник во Европската Унија поднесе оставка, обвинувајќи го Брисел поради одговорот на кризата со коронавирусот, нарекувајќи го „разочарувачки“, објави...

Свет26 минути

Борис Џонсон е во стабилна состојба

Британскиот премиер Борис Џонсон ја помина и втората ноќ на интензивна нега, каде прима соодветна терапија поради коронавирусот. „Господинот Џонсон...

Свет28 минути

(Видео) Вухан излезе од изолација, луѓето ја пееја химната на мостовите

По речиси 11 недели или точно 76 дена, кинескиот град Вухан, каде почна пандемијата на коронавирусот, излезе од изолација. Кинеските...

Свет1 час

Трамп ги шокира Американците: Ќе го прекинеме финансирањето на СЗО

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа одржа ретко видена прес-конференција во Белата куќа, на која се пресмета со противниците на најлошиот...

Регион1 час

Вучиќ: Полициски час преку цел викенд, вонредна состојба уште еден месец

Српскиот претседател Александар Вучиќ оцени дека вонредната состојба во Србија поради пандемијата на коронавирусот, би можела да биде укината во...

Македонија12 часа

Вработените во јавниот сектор, кои се ослободени од работа, нема да имаат лански одмор

На оваа седница Владата ја донесе уредбата со законска сила за примена на Законот за вработените во јавниот сектор за...

Македонија13 часа

45-годишен скопјанец почина од коронавирус на пат кон болница

Четириесет и петгодишен пациент од Скопје заболен од коронавирус починал на пат кон болницата „8 Септември“. Според информација од Институтот...

Економија14 часа

Македонската банкарска асоцијација апелира: Плаќајте преку интернет, користете картички место кеш

Македонската банкарска асоцијација информира дека банките и штедилниците интензивно преземаат активности за заштита на здравјето на клиентите. „Апелираме до граѓаните,...

Економија15 часа

ССМ: Поради солидарност, старите одмори да ги искористат сите вработени во приватниот сектор

Сојузот на синдикатите на Македонија и Државниот инспекторат за труд не ја толкуваат исто уредбата за користење на годишните одмори...

Свет15 часа

Крај на блокадата, Вухан отворен по 76 дена изолација

Кинеските власти ја укинаа блокадата на Вухан и ги одблокираа сите излези од градот кој беше жариште на епидемијата од...

Македонија15 часа

Коронавирусот и кај нас ќе се лекува со крвна плазма од оздравени пациенти

Изготвен е протоколот за лекување заболени од коронавирус со крвна плазма од излекувани пациенти, информира министерот за здравство, Венко Филипче....

Македонија17 часа

Филипче: Се влошува состојбата на родилката од Куманово

Се влошува состојбата на родилката од Куманово, која е заболена од коронавирусот, а чие бебе е негативно на Ковид-19, информира...

Македонија17 часа

Пендаровски-Столтенберг: Со здружени сили за справување со пандемијата на коронавирусот

Претседателот Стево Пендаровски оствари телефонски разговор со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Во телефонскиот разговор претседателот Пендаровски му се...

Македонија18 часа

Некои возови нема да сообраќаат, други ќе возат по нов распоред

Новонастанатата ситуација со полицискиот час, кој ќе почне од утре во 16 часот, а за време на викендот ќе трае...

Македонија18 часа

Адеми: Се разгледува одложување или укинување на државната матура

Министерот за образование, Арбер Адеми, изјави дека се разгледува и дискутира за тоа дали ќе се спроведе државната матура оваа...

Македонија19 часа

Интернет-картички за учениците од социјално загрозени семејства за онлајн настава

Над 18 илјади картички за мобилен интернет ќе овозможат околу 30 илјади семејства да имаат пристап до интернет за децата...

Македонија20 часа

За еден ден во земјава регистрирани пет смртни случаи од коронавирус

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести изминатите 24 часа починале четворица пациенти заболени од коронавирус. Станува...

Свет20 часа

Во Русија почнаа клинички испитувања на три препарати против Ковид-19

Во Русија почнаа клиничките испитувања на три препарати за лечење на пациентите заразени со Ковид-19, мефлохин, хидроксихлорикин и калидавир, соопшти...

Регион20 часа

Сите заразени со корона во Србија ќе мора да бидат хоспитализирани

Пациентите во Србија кај кои е потврдено дека се позитивни на Ковид-19 веќе нема да можат да се лечат во...

Досие