Контакт

Свет

Намалениот извоз на нафта од Иран доведе до зголемување на цените на горивото

Објавено пред

Цените на нафтата бележат зголемување на меѓународните пазари блиску до 78 долари кога иранскиот извоз се намалува под влијание на американските санкции и додека Вашингтон се обидува да ги придобие другите производители да го зголеми производството.

Во Лондон цената за барел порасна 60 центи и изнесува 77,97 долари.

На американскиот пазар цената за барел порасна 25 центи, или 67,79 долари.

„Влијанието на американските санкции врз Иран се доживува. Најзагрижувачки, се разбира, е тоа колку иранската нафта исчезнува од пазарот“, вели Тамас Варга, дел од брокерската фирма „PVM нафта“ во Лондон.

Вашингтон бара од своите сојузници да го намалат иранскиот увоз на нафта и се чини дека некои купувачи, меѓу кои и Јужна Кореја, Јапонија и Индија, го прифаќаат ова барање.

Во исто време американската влада сака да го спречи порастот на цените на нафтата, што би можело да ја запре економската активност или дури и да предизвика забавување на светскиот раст. Американскиот секретар за енергетика, Рик Пери, во Вашингтон се состана со саудискиот министер Калид ал-Фалих бидејќи канцеларијата на Трамп ги охрабрува големите производители да се задржат на високото ниво на производство.

Пери утре во Москва ќе се сретне и со рускиот министер за енергија, Александар Новак.

Русија, Соединетите Американски Држави и Саудиска Арабија убедливо се најголемите производители на нафта во светот и снабдуваат третина од светската потрошувачката на дневно ниво.

Рускиот министер за енергија, Александар Новак, изјави денеска дека Русија и групата производители од Блискиот Исток, која е предводена од страна на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК), би можеле на почетокот на декември да потпишат нов долгорочен договор за соработка, но не сакаше да ги прецизира деталите.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Границата се отвори, Хрватите побрзаа на шопинг во Србија

Објавено пред

„Бидејќи Србија ја отвори границата, Хрватите можат да патуваат таму и назад без пречки и без ограничувања, а Славонците почнаа да ја користат таа можност и почнаа да купуваат основни намирници во поевтините српски продавници“, се вели во репортажата на хрватската телевизија РТЛ.

Хрватите можат да патуваат во Србија под скоро исти услови како пред 12 март, кога границата беше затворена. Во Србија влегуваат само со лична карта, без тест на Ковид-19 и што е најважно, без задолжителна изолација од 14 дена.

Најчесто се купува тутун, кој е поскап за третина во Хрватска.

Една кутија цигари по човек може да се донесе во Хрватска. Од алкохолни пијалаци може да се пренесе еден литар жесток алкохол и 16 литри пиво. Во исто време, на хрватските граѓани им се советува да го „прескокнат“ купувањето свежо месо, сувомесни производи и храна за домашни миленици, затоа што тоа нема да можат да го внесат во Хрватска.

Како што е наведено во извештајот, за 100 куни, или 1.500 динари, можете да купите четири големи пакувања кафе.

Жителка на Осиек, Снежана вели дека во Србија оди за да купи лекови, сокови, се што е поповолно во Србија.

„На едно одење може да се заштедат околу 300, 400 куни (39 до 52 евра)“, вели таа.

„Исто така, нема застој при повторното влегување во Хрватска. Сè што ве чека на хрватската граница е СМС-порака со забелешка дека доколку се сомневате на инфекција, контактирајте го центарот 112 и леток што ќе ви го даде царински службеник во кој пишува дека да ги намалите контактите со другите луѓе во наредните 14 дена. Нема самоизолација“, се заклучува во репортажата на РТЛ.

 

Прикажи повеќе...

Европа

Германските сексуални работници бараат дозвола да продолжат со работа

Објавено пред

Асоцијацијата, која здружува работници во германската сексуална индустрија, повика на укинување на рестриктивните мерки во врска со нејзината работа, кои беа донесени заради пандемијата на коронавирус.

Повеќе не е оправдано да се затвораат борделите и да се забранува проституција, наведува здружението во писмото упатено до германскиот парламент, кои неодамна повикаа на забрана за плаќање за сексуални услуги.

„Со оглед на фактот дека ширењето на инфекција со коронавирус низ целата земја опаѓа, индустријата што нуди сексуални услуги мора да биде во можност повторно да заработи приход и да им понуди на клиентите добра услуга што е човечка и многу важна за нив“, се вели во писмото.

Додаваат дека за време на кризата со коронавирусот, таквата услуга може да биде од егзистенцијална важност за клиентите.

Понатаму, здружението посочува дека сексуалните работници внимаваат на хигиената и на нивното здравје бидејќи тоа е нивниот капитал.

Прикажи повеќе...

Свет

Русија забележа најголем дневен број на смртни случаи од коронавирус

Објавено пред

Русија забележа најголем дневен број на смртни случаи од почетокот на пандемијата. Во еден ден починале 174 луѓе, односно вкупно 3.807 лица починале досега.

Новозаразени се 8.915 лица, што значи дека досега се регистрирани 362.342 случаи на инфекција со коронавирус во 85 руски региони.

Москва е сè уште најтешко погодена со 2.830 новозаразени.

Вкупно 131.129 пациенти целосно закрепнале.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа1 час

Шпанија го намали вкупниот број на починати од Ковид-19 за 2.000

Шпанија синоќа објави дека од коронавирусот починале скоро 2.000 луѓе помалку отколку што се сметаше претходно. Министерството за здравство соопшти дека...

Свет1 час

СЗО: Земјите во кои паѓа бројот на заболени се соочуваат со втор бран ако нагло ги попуштат мерките

Земјите во кои се намалува бројот на заболени од коронавирус би можеле да се соочат со втор пик на епидемијата...

Регион2 часа

Црна Гора дозволи свадби, крштевки, публика на стадионите…

За разлика од многу европски првенства, во Црна Гора натпреварите ќе се играат во присуство на публиката, рече премиерот Душан...

Европа2 часа

Германија и Франција повикаа на отворање на границите во Европa

Претседателот на францускиот парламент и неговиот германски колега побараа што поскоро отворање на границите меѓу европските земји, откако тие беа...

Македонија2 часа

Зоолошката градина од денеска е отворена за посети со нов протокол за движење

Од денеска скопската зоолошка градина повторно е отворена за посети, но со нов протокол за движење поради ситуацијата со коронавирусот....

Регион3 часа

Брнабиќ ги повика Србите да не летуваат во Црна Гора

Кога Србија не се најде на списокот на земји за кои Црна Гора ќе ги отвори своите граници на 1...

Свет14 часа

Италија бара 60.000 доброволци, кои ќе надгледуваат дали се држи физичка дистанца

Италија планира на улиците да испрати речиси 60.000 доброволци, кои би внимавале на одржување на правилата за физичка дистанца и...

Македонија15 часа

Чулев: Ако се потврди автентичноста на „орото во Чаир“ ќе следат казни

Намалување на бројот на заразени од вирусот Ковид-19 е возможно само доколку граѓаните се дисциплинирани и ги почитуваат мерките за...

Свет16 часа

(Видео) Додека претседателот на Бразил јадеше хот-дог на улица минувачите извикуваа „убиец“

Минувачите во Бразил извикуваа „убиец“ и „ѓубре“ кон бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, кој во саботата опкружен со телохранители излезе на...

Европа16 часа

Виена: За првпат во Европа извршена трансплантација на белите дробови на заразен со коронавирус

На Медицинскиот универзитет во Виена деновиве била извршена итна и екстремно комплицирана трансплантација на белите дробови кај 45-годишна пациентка кој...

Свет17 часа

Боливиски министер во притвор – купил респиратори за трипати повисока цена од реалната

Боливискиот министер за здравство Марсел Навахас е задржан во тримесечен притвор поради обвинувањата дека купил респиратори за трипати повисока цела...

Свет17 часа

Во Вухан 6,5 милиони луѓе тестирани за десет дена

Во изминатите десетина дена, 6,5 милиони луѓе се тестирани за присуство на коронавирусот во Вухан, а целта е да се...

Европа18 часа

Психијатарот поради невозвратена љубов ги труел своите колеги со торта

Млад доктор со српско потекло им донел торта на колегите во психијатриска болница во австриски затвор, во која ставил разни...

Македонија21 час

Двајцата пациенти на кои им беше трансплантиран бубрег се во добра здравствена состојба

Двајцата пациенти на кои во саботата им беше изведена трансплантација на бубрег од починат донор се во добра и стабилна...

Македонија23 часа

Потврден 21 нов случај на коронавирус, нема починати пациенти

Во изминатите 24 часа потврден е 21 нов случај на коронавирус, а Министерството за здравство соопшти дека не се регистрирани починати...

Свет23 часа

Психијатар со српско потекло со торта отрул колеги во Австрија

Психијатар вработен во затвор со српско потекло е уапсен недалеку од Виена под сомнение дека на колегите им дал торта...

Регион24 часа

Албанија од 1 јуни ги отвора границите и плажите

Албанскиот премиер, Еди Рама, рече дека на хотелите во таа земја ќе им биде дозволено да ги отворат своите плажи...

Македонија1 ден

Претседателот на Стопанската комора за енергетика: Измамници нечесни, вирусот не е смртоносен

Претседателот на Стопанската комора за енергетика на Македонија, Ѓорѓи Манасков, тврди дека коронавирусот не е смртоносен и дека е обичен...

Македонија1 ден

Филипче: Коронавирусот ниту е мртов ниту е заминат

Фотографиите и прилозите од вчерашното празнување во верските храмови и пред нив се повторно загрижувачки. И покрај апелите на здравствените...

Економија1 ден

Најбогатите луѓе во светот го зголемија богатството за 255 милијарди долари за два месеца

Вкупното богатство на 25-те најбогати луѓе во светот се зголеми за 255 милијарди американски долари за два месеци, пишува „Форбс“....

Досие