Контакт

Свет

Нападнал малолетник поради ќерка му – „Ѝ купи крема за бричење“

Објавено пред

Австралиецот Марк Бладен (53) ја подели тамошната јавност по нападот врз 15-годишно момче кое ја навредило и понижило неговата ќерка.

Видеото од нападот беше објавено на интернет, а инцидентот ја подели јавноста – додека едни го фалеа дека ја бранел ќерка му, други го осудија неговиот чин наведувајќи дека претерал.

„Мојата ќерка ја нарече горила. За Божик ѝ подари крема за бричење. Појдов да разговарам со него и почна да ми се смее во лице“, наведе тој.

Бладен не можејќи да издржи го нападнал тинејџерот, пришто реагирале родителите на момчето, кои спречиле ситуацијата да ескалира.

„Кога бев на негови години, девојките ги третиравме поинаку. Не е тешко да се почитува другиот. Со самото тоа сметам дека направив добра работа бидејќи злоупотребата престана“, вели тој.

Поради постапката, Бладен доби казна од 1.000 австралиски долари и уште 500 долари отштета. Момчето завршило со модринки и гребаници по вратот.

 

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Трамп: „Грета личност на годината? Мислам дека треба малку да олади“

Објавено пред

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска повторно се сврте кон 16-годишната активистка за заштита на животната средина, Грета Тунберг, оценувајќи го како безначаен нејзиниот избор за личност на годината според магазинот „Тајм“.

„Грета треба да работи на својот проблем со контролата на гневот, а потоа да отиде на некој добар старомоден филм заедно со другарка! Олади, Грета, олабави се малку“, напиша Трамп на „Твитер“.

Тунберг реагираше на ист начин како кога во вторникот беше критикувана од бразилскиот претседател Жаир Болсонаро – го смени својот краток личен опис на „Твитер“, пишувајќи дека е тинејџерка која работи на својот проблем на контрола на гневот и во моментов ужива и гледа добар старомоден филм со другрка.

Болсонаро во вторникот остро одговори на нејзината загриженост поради убиството на бразилските домородци во Амазонија.

„Грета вели дека Индијците умреле затоа што ги бранеле Амазон. Фантастично е што медиумите му даваат простор на вакво детиште“, рече Болсонаро.

Шведската тинејџерка стана симбол на растечкото движење на млади активисти за животна средина, бидејќи таа ги води неделните штрајкови во училиштата во Шведска наречени „Fridays for future“. Движењето смета дека светските власти на прават доволно во врска со климатските промени, а оттогаш штрајковите со проширија низ околу 100 градови во целиот свет.

Прикажи повеќе...

Регион

Франција ќе прими 400 мигранти од Грција

Објавено пред

Франција следните месеци ќе прими 400 мигранти, кои поднеле барање за азил во Грција, изјави францускиот амбасадор во Атина, пренесе АНА.

„Сакаме да ѝ помогнеме на Грција, која се соочува со зголемен прилив на мигранти во последните месеци“ изјави амбасадорот Патрик Мезонав.

Грција изминатава година повторно стана прва земја во ЕУ, во која доаѓаат мигранти.

Прикажи повеќе...

Европа

Салвини под истрага за злоупотреба на службени авиони

Објавено пред

Поранешниот италијански вицепремиер и претседател на Лига (партија од крајната десница), Матео Салвини, е под истрага за наводна злоупотреба на државни авиони и хеликоптери додека бил на должност, пренесува италијанскиот печат.

Државното обранителство во Рим достави документи до министерскиот суд – тело кое ги гони кривичните дела извршени од членови на владата – во врска со 35 патувања со летала на полицијата и противпожарната служба, пренесе „Кориере дела Сера“.

Од посебниот тричлен суд се бара да поведе истрага во врска со тоа дали ваквото користење на леталата било во согласност со закон.

Според истрагата спроведена пред неколку месеци од страна на левичарскиот дневен весник „Ла Репблика“, Салвини порано организирал собири на Лига непосредно пред или по официјални состаноци на државно ниво.

Државниот завод за ревизија, кој ја водеше истрагата за финансискиот аспект, во септември се откажа од тужба, тврдејќи дека овие патувања се чини дека не се поскапи од патувањата одобрени од владата за министрите и нивните соработници преку редовни линии.

Сепак, заводот ги оцени ваквите летови за незаконски затоа што според италијанското право, полициските и противпожарните авиони и хеликоптери мора да се користат исклучиво за институционални цели и за обука, а не за државни летови на министри.

„Колку повеќе не напаѓаат, толку повеќе напредуваме, со насмевка на лицето“, коментираше Салвини на „Твитер“ во врска со овој процес.

 

 

 

 

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија32 минути

Костадинов: Апелирам амандманите да се повлечат, со дебата да го смениме изборниот модел

СДСМ апелира амандманите што ги поднесе ДУИ  да се повлечат. „Да влеземе во суштинска дебата и конечно да го промениме...

Македонија51 минута

Максим Ацевски едногласно избран за нов државен ревизор

Пратениците едногласно со 81 глас го изгласаа Максим Ацевски за нов државен ревизор. Пратениците изборот го поздравија со аплауз, а...

Македонија2 часа

Обвинителството проверува дали самоубиството на 13-годишното девојче од Гостивар е поврзано со секта

Основното јавно обвинителство Гостивар постапува за утврдување на причините за смртта на 13-годишно девојче од Гостивар, чие безживотно тело беше...

Македонија3 часа

Талевски: Само сакавме да ги намалиме цените на превозот за ученици

Повеќе од два часа обвинетиот ексградоначалник на општина Битола, Владимир Талески, одговараше на прашањата на својот адвокат Димитар Дангов за...

Македонија4 часа

СДСМ смета дека нема пречка за една изборна единица на изборите во април

Доцна синоќа раководството на СДСМ го усогласило ставот дека се подготвени за една изборна единица на претстојните предвремени парламентарни избори...

Македонија4 часа

В сабота ќе работат и градинките

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека 14 декември ќе биде работен и за градинките на територијата на државата....

Свет5 часа

Трамп до универзитетите: Укинете го антисемитизмот ако сакате пари

Американскиот претседател, Доналд Трамп, потпиша извршна наредба за забрана на федералните фондови наменети за универзитетите и колеџите, кои дозволуваат антисемитизам....

Свет6 часа

(Видео) Се запали рускиот разорувач „Адмирал Кузњецов“, тројца повредени

Рускиот носач на авиони „Адмирал Кузњецов“ се запалил додека го поправале на докот во Мурманск, при што повредени се три...

Регион7 часа

Преговорите за влада на Косово без резултати , нема договор за коалиција

Во косовското собрание синоќа се одржа уште една средба на лидерот на Движењето Самоопределување Албин Курти и лидерот на Демократскиот...

Свет7 часа

Санчез доби мандат за формирање влада

Шпанскиот крал Фелипе Шестти му довери на досегашниот премиер Педро Санчез мандат да се обиде да формира влада. Социјалистичката партија...

Свет7 часа

САД ја предупреди Северна Кореја да е откаже од нуклеарната програма и да избегнува провокации

САД се подготвени да бидат флексибилни во преговорите чија цел е Северна Кореја да се натера да се откаже од...

Свет7 часа

Парламентарни избори во Велика Британија – главни ривали се Џонсон и Корбин

Граѓаните на Британија денеска гласаат на вонредни парламентарни избори на кои се решава не само кој ќе управува во земјата,...

Спорт17 часа

Легендарниот шампион Леон Спинкс се бори за живот

Легендарниот шампион во тешка категорија, Леон Спинкс, се бори за својот живот во болница, потврди неговата сопруга, која побара молитви...

Регион19 часа

Уапсени двајца Срби и еден Македонец за убиството во Братислава

Во Унгарија уапсени се двајца Срби поради смртта на Никола Косаниќ (22), кој во неделата беше до смрт претепан во...

Македонија20 часа

Девет членки на ЕУ предложија нова методологија за проширување

Девет земји членки на ЕУ излегоа со заеднички предлог за нова методологија за проширување на членството во ЕУ, за што...

Топ23 часа

Возило излета од патот кај Дебарца и удри во пешак и паркирано возило

Синоќа на магистралниот пат Кичево – Охрид, во атарот на селото Радомирово, општина Дебарца, патничко возило управувано од Љ.В.(46) од...

Македонија24 часа

Се укинува законот за зелените пазари

Со 50 гласа пратениците го подржаа предлогот на министерот за економија, Крешник Бектеши, кој побара по скратена постапка да престане...

Македонија24 часа

Манчевски: Префрлањето на администрацијата во приватниот сектор нема да биде политички отстрел

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, најави дека до крајот на годината ќе ги предложи пакет-мерките за префрлање...

Македонија1 ден

Обвинителството испитува кој ги објавува аудиоснимките поврзани со „Рекет“

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција оформи предмет и веќе проверува кое е лицето што ги објавува...

Свет1 ден

Австралиските пожарникари сами собираат средства за квалитетни маски за дишење

Пожарникарите во Нов Јужен Велс, Австралија, поведоа итна акција за собирање средства за набавка на подобра безбедносна опрема кога открија...

Досие