Контакт

Свет

Напад на нуклеарната централа „Натанц“ во Иран, Техеран се закани со одмазда

Објавено пред

Иранските власти го обвинија Израел за инцидент во подземната нуклеарна централа „Нетанц“ и најавуваат одмазда, објави денеска иранската државна телевизија изјава на министерот за надворешни работи на Иран, Мохамед Џавад Зариф.

Вчерашниот инцидент во нуклеарната централа „Нетанц“ официјален Техеран го опиша како акт на нуклеарен тероризам и објави дека го задржува правото да преземе соодветни мерки против насилниците.

„Ционистите сакаат да ни се одмаздат за напредокот што го правиме во укинувањето на санкциите. Тие јавно изјавија дека нема да ни го дозволат тоа. Но, ќе им се одмаздиме на ционистите“, најави Зариф.

Овој пат израелските власти не го забранија медиумското известување за овој случај, како што беше пракса во претходните, слични ситуации.

Напротив, израелските медиуми во голем број известуваа за инцидентот во Нетанц, а израелскиот јавен радиосервис направи невообичаен чекор понатаму и објави дека израелскиот Мосад игра централна улога, објави претходно лондонски „Гардијан“.

Европа

Франција започна да ги вакцинира младите луѓе со сериозни болести

Објавено пред

Во Франција, започна вакцинацијата против Ковид-19 за млади од 16 и 17 години со болести поради кои се изложени на висок ризик од развој на тешка форма на Ковид-19.

Тие ќе можат да се вакцинираат со вакцината на „Фајзер / Бионтек“, единствената што моментално е одобрена за лица со 16 и 17 години.

Претходно, здравствените власти утврдија список на патологии со висок ризик од развој на тешка форма на Ковид за постари возрасни групи.

На тој список се наоѓаат карциноми во фаза на третман, акутно и хронично заболување на бубрезите, трансплантација на органи, цистична фиброза, Даунов синдром и некои ретки болести.

Ваквите патологии влијаат на 800.000 возрасни лица, велат официјалните власти во Франција.

Деновиве владата го прошири списокот на оние кои можат да се вакцинираат за да се забрза кампањата.

Од саботата, секој на возраст помеѓу 18 и 50 години со коморбидитети може да се вакцинира, но изјавата од кандидатот е доволна и не е потребна медицинска препорака.

Прикажи повеќе...

Регион

Истражување на „Глобсек“: Црна Гора е најруската членка на НАТО, две третини од Македонците се приврзани кон Русија

Објавено пред

Црна Гора е земја која е најмногу проруски ориентирана од сите членки на НАТО, покажа истражувањето на институтот „Глобсек“ од Братислава.

Студијата се занимава со влијанието на Русија врз земјите од Централна и Источна Европа и Западен Балкан. Резултатите од извештајот се базираат на анкети на јавното мислење, а анкетирано е населението на Македонија, Бугарија, Чешка, Унгарија, Црна Гора, Полска, Романија, Србија и Словачка.

Граѓаните на Македонија имаат многу мала перцепција дека Русија е закана. По Србија, Северна Македонија најмногу верува дека Русија е најсилната светска велесила, додека две третини од населението негува чувство на поврзаност со Русија преку словенското братство. Една третина од граѓаните сметаат дека НАТО е одговорен за докажување на Русија и дека Западот неправедно ја обвинува Русија за разни дела, се наведува во истражувањето.

Црна Гора е земја која е најмногу проруски ориентирана од сите членки на НАТО, покажа истражувањето.  Според истражувањето, мнозинството граѓани на Црна Гора сметаат дека Русија е братска земја, поради што ја прифаќаат реториката што ја претставува Русија како жртва.

Според наодите на „Глобсек“, поддршката на Црна Гора за Запад е 35 проценти, додека 25 проценти од испитаниците се ориентирани кон Исток, што е убедливо најголем процент од сите земји опфатени со истражувањето.

Младите во Македонија, како и нивните врсници од Црна Гора, Србија и Унгарија, честопати ја гледаат Русија како стратешки партнер.

„Објаснувањето е веројатно во фактот дека тие (младите) се родени значително по завршувањето на комунизмот, поради што тие почесто стануваат жртви на проруската и антизападната политика. Граѓаните на Црна Гора, 38 проценти од нив, веруваат дека Русија е најважниот стратешки партнер. Од сите девет земји во кои беше спроведено истражувањето, 59 проценти од граѓаните на Србија ја гледаат Русија како доминантен партнер“, се вели во извештајот на „Глобсек“.

 

Прикажи повеќе...

Регион

Радман: Хрватска формира воен камп на Косово

Објавено пред

Хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман изјави денеска во Приштина дека Хрватска го поддржува дијалогот меѓу Белград и Приштина и се спротивставува на каква било промена на границите во Источна Европа и најави дека неговата земја ќе формира воен камп на Косово, заради поголема безбедност.

„Ние го поддржуваме билатералниот дијалог меѓу Косово и Србија и се надеваме дека ќе се најде решение“, рече Гордан Грлиќ Радман на заедничката прес-конференција со косовскaта министерка Доника Грвал, додавајќи дека тој исто така поддржува укинување на визите за ЕУ ​​за жителите на Косово.

„Одлучивме да формираме воен камп на Косово што ќе придонесе за стабилност. Хрватска неодамна одлучи да го зголеми својот воен контингент во рамките на мировната операција на НАТО на Косово – КФОР, а операцијата на КФОР е од особено значење за Хрватска, бидејќи е во нашето непосредно соседство што може да има посебни импликации врз стабилноста на целиот регион “, рече Радман.

Според РТС, Радман додаде дека „Хрватска и Косово се традиционално две пријателски земји кои имаат многу добри односи“, потсети дека Хрватска е меѓу првите што ја призна еднострано прогласената независност на Косово и најави дека Хрватска ќе донира 10.000 вакцини против коронавирус на Косово.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Антикорупциска го добила документoт за исплата на 7 милиони и 8 илјади долари за кинески вакцини

Документот кој го објави ВМРО-ДПМНЕ за исплата на пари од Министерството за здравство, со цел набавка на кинески вакцини, го...

Македонија2 часа

Заев: Само со нови докази повторно отворање на случајот за крвавиот упад во Собранието

Отворање на случајот одново само доколку има нови докази и моменти. Ова е ставот на премиерот Зоран Заев за барањето...

Европа2 часа

Фон дер Лајен: Сите земји да дозволат извоз на вакцини

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска изјави дека ЕУ е подготвена да го разгледа секој предлог што...

Македонија2 часа

(Видео) Премиерот Заев се вакцинираше со кинеската вакцина на „Синофарм“

Премиерот Зоран Заев се вакцинираше против коронавирус денеска на пунктот во спортската сала „Борис Трајковски“. Тој се вакцинираше со првата...

Македонија4 часа

Вчера се вакцинирале 9.123 граѓани

Министерството за здравство соопшти дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата и дека интересот за вакцинација секојдневно...

Регион5 часа

(Видео) Редици во трговски центар во Србија, покрај вакцинирање даваат пари и ваучери

Денеска во 9 часот наутро е отворен пункт за вакцинација во Трговскиот центар Ушче во Белград. Секој што сака да...

Свет5 часа

Болсонаро: Коронавирусот е направен за да се води биолошка војна

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро изјави дека новиот коронавирус е можеби направен во лабораторија со цел да се води биолошка војна....

Свет6 часа

Најново истражување: „Фајзер“ штити повеќе од 95 проценти од коронавирус

Најголемата студија за ефикасноста на „Фајзер/Бионтек“ против коронавирусот кај општата популација покажа дека вакцината обезбедува повеќе од 95 проценти заштита...

Свет6 часа

Трета доза од вакцината на „Модерна“ штити од бразилскиот и јужноафриканскиот вид

Податоците од студија на 40 лица покажуваат дека дополнителната доза го зајакнува имунитетот против бразилскиoт и јужноафриканскиот вид на коронавирус....

Свет7 часа

ОН: Во светот недостигаат 900.000 акушерки

Светот во моментов се соочува со недостиг од 900.000 бабици и тоа е третина од потребните акушерки, се наведува во...

Македонија18 часа

Владата ги поддржува активностите на Општина Охрид за отстранување на бесправните градби

Владата ги поддржува активностите за отстранување на бесправните градби на охридското крајбрежје, кои ги изведува Општина Охрид, со што ги...

Македонија23 часа

Затворски казни за издавање лажни пасоши на странци со криминално досие

Четири затворски казни и една условна за лицата што признаа дека изработувале лажни пасоши на странци со криминално досие. Судечкиот...

Македонија23 часа

323 нови случаи на Ковид-19, починати се 24 лица

Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени...

Македонија1 ден

Филипче: Одлуката за полицискиот час не ја донесов сам, туку по телефонска консултација со членовите на Комисијата

Одлуката за скратување на полицискиот час и за продолжување на работното време не е политичка, изјави министерот за здравство, Венко...

Македонија1 ден

Министерство за здравство: Граѓаните кои добиле порака да се вакцинираат во друг град, сами ја згрешиле локацијата

Граѓаните при закажување на веб-страницата vakcinacija.mk сами направиле погрешен избор на локација каде сакаат да се вакцинираат и поради тоа...

Македонија1 ден

Заев: Не верувам дека Црвенковски ќе формира нова партија

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, не верува дека експретседателот на Социјалдемократскиот сојуз Бранко Црвенковски ќе формира нова партија....

Свет1 ден

Вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“ ја намалуваат хоспитализацијата на стари лица за 94 проценти

Вакцинацијата со вакцините на „Модерна“ или на „Фајзер“ значително го намалува ризикот од хоспитализација на стари лица, покажуваат податоците на...

Регион1 ден

Вучиќ: Вакцинираните ќе добијат парична помош како награда

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, рече дека е донесена одлука за обезбедување дополнителна парична помош за оние кои се вакцинирани...

Свет1 ден

(Видео) Израел ја рaкетираше Сирија, има и жртви

Израел рано утрово ja ракетираше северозападна Сирија при што загина најмалку еден човек, а повредени се шестмина. Авиони на израелското...

Свет1 ден

Бајден: Нашата цел е до 4 јули да бидат вакцинирани 70 отсто Американци

Американскиот претседател, Џо Бајден, изјави дека целта е до 4 јули барем со една доза вакцина против коронавирус да бидат...

Досие