Свет
Напад со нож во воз во Германија, двајца загинати и петмина повредени

Маж избоде и рани неколку лица во воз во северна Германија пред да биде приведен од полицијата, јавува германската новинска агенција дпа. Нападот се случил кога регионалниот воз кој патувал од Кил до Хамбург сакал да влезе во станицата Брокштет. Брокштет е место на околу 60 километри северно од Хамбург.
Министерката за внатрешни работи на покраината Шлезвиг-Холштајн, Сабине Зутерлин-Вак, потврди дека во нападот што се случил околу 15 часот по локално време, загинале две лица, а пет се ранети. Засега не се знае колку се сериозни нивните повреди.
Железничката станица во Брокштет беше затворена неколку часа, пренесува дпа. Полицијата не даде никакви информации за идентитетот на осомничениот и додаде дека се истражуваат неговите можни мотиви, но Билд пишува дека сторителот е Сириец. Ова не е прв ваков инцидент, бидејќи друг Сириец тешко повреди три лица со нож во напад што се случи на крајот на 2021 година во меѓуградски воз во Баварија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Украина објави нова проценка за руските загуби

Украина објави нови податоци за руските загуби од почетокот на инвазијата минатата година до денеска.
Според нив досега се убиени 125 510 руски војници, 800 во последните 24 часа.
Орієнтовні втрати окупантів за минулу добу склали:
800 вбитими
7 танків
4 бойові броньовані машини
8 артсистем
1 РСЗВ
1 літак
1 вертоліт
Слава Захисникам України!🇺🇦 pic.twitter.com/jabn12Bs1s— Оперативний ЗСУ (@operativno_ZSU) January 28, 2023
Свет
Повторно пукање во Ерусалим, има повредени

Најмалку две лица се повредени во пукање во археолошкиот локалитет Давидов град во Ерусалим, Израел.
Како што наведоа од полицијата, напаѓачот бил неутрализиран.
Престрелката се случува за помалку од 24 часа по терористичкиот напад на синагога во населбата Неве Јаков во Ерусалим, во која загинаа седум лица.
Регион
Дачиќ: ЗСО останува главната точка на сите наши договори за Косово

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека Заедницата на српските општини (ЗСО) останува главната точка на сите договори за Косово и дека таа мора да биде формирана според договорените принципи.
„Во бриселскиот договор од 2013 година јасно пишува што е ЗСО, уште подетално е регулирано во договорот од 2015 година, а ние го потпишавме затоа што е добро за нашата заедница на Косово“, изјави Дачиќ за „Политика. “.
„Договорот не е идеален, но во услови во кои го преговаравме е максимумот што можевме да го постигнеме“, рече Дачиќ.
Тој изјави дека овие договори се круна на учеството на Србија во дијалогот со посредство на Европската Унија, која самата се обврза да ги спроведе потпишаните.
Според неговото мислење, никогаш немало причина да не се спроведе договорот, освен упорното одбивање на Приштина да го спроведе и неограничената толеранција на западните посредници за нивно уништување.