Контакт

Свет

Напаѓачот од болницата во Чешка се убил кога го нашла полицијата

Објавено пред

Напаѓачот во болницата во Чешка, каде што уби најмалку шест луѓе, се убил по пресметка со полицијата, соопшти чешкиот министер за внатрешни работи, Адам Војтеч.

Полицијата околу 10.30 часот лоцирала автомобил во кој бил напаѓачот и почнала да пука кон него по што тој се застрелал во главата.

Како што пренесуваат чешките медиуми, напаѓачот од блиску им пукал на луѓето во главата и виталните делови на телото.

Полицијата ја евакуирала болницата и го барала напаѓачот, кој беше во бегство. На местото на инцидентот имаше и специјална полиција.

Според информациите, пукањето се случило на одделот за трауматологија. Болницата во која се случи нападот има околу 1.200 кревети.

Европа

Германија има рекордни 83,2 милиони граѓани

Објавено пред

Германија достигна рекордни 83,2 милиони жители минатата година благодарение на миграцијата, но ова е најмалиот раст од 2012 година, објави Канцеларијата за статистика.

Германија има една од најстарите популации во светот и минатата година забележала повеќе умрени отколку родени уште од 1972 година.

Стареењето на населението претставува предизвик за јавниот пензиски систем во земјата и претставува проблем за компаниите кои сакаат да ангажираат квалификувани работници, пренесува „Ројтерс“.

Нето-миграцијата беше проценета на 300.000 до 350.000 во 2019 година, што е помалку во однос на претходната година кога била 400.000, соопшти Канцеларијата за статистика.

Повеќе од милион луѓе кои бегаат од војна и сиромаштија на Блискиот Исток, во Африка и другите делови на светот дошле во Германија откако канцеларката Ангела Меркел ги отворила границите во 2015 година.

Прикажи повеќе...

Свет

Седум лица загинаа при егзорцизам во Панама, меѓу нив пет деца

Објавено пред

Полицијата во Панама пронајдe седум тела во масовна гробница во домородна област на северозападот на земјата, контролирана од верска секта.

Меѓу нив билe бремена жена и пет деца.

Панамските власти веруваат дека некои членови на сектата извршиле егзорцизам над жртвите. Десет лица се уапсени под сомнение за убиство.

Уште 15 заложници биле пронајдени во просториите на сектата, кои биле ослободени од страна на полицијата, пренесе Би-би-си.

Обвинителот Рафаел Балојес изјави дека полицијата ја открила масовната гробница откако локалното население изминатиот викенд ги алармирало властите дека староседелската црква киднапирала неколку семејства.

Областа каде се пронајдени телата е оддалечена околу 250 километри од градот Панама и е дом на религиозната секта Нова божја светлина.

„Тие спровеле ритуал и ги држеле луѓето заробени против нивна волја. Жртвите кои одбиле да се покајат за гревовите за кои биле обвинети, биле убиени во обредот“, објаснил Балојес.

Извор близок на истрагата за АФП изјавил дека еден од уапсените е татко на убиената бремена жена.

Прикажи повеќе...

Свет

Иран: Падот на авионот да не се претвори во политичко прашање

Објавено пред

Сите земји вклучени во несреќата на украинскиот авион во Иран треба да избегнат да го претворат во политичко прашање, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Абас Мусави.

Петте држави чии граѓани беа убиени во авионот кој Иран го собори минатата недела рекоа дека Техеран треба да плати обесштетување на семејствата на жртвите, пренесува „Ројтерс“.

Канада, Украина, Шведска, Авганистан и Велика Британија соопштија по состанокот со официјални лица во Лондон дека Иран треба да спроведе „детална, независна и транспарентна меѓународна истрага отворена за сите чиишто граѓани настрадале“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија19 минути

Меркел: Северна Македонија и Албанија заслужуваат да ги почнат преговорите со ЕУ

„Северна Македонија и Албанија заслужуваат да ги почнат преговорите со ЕУ, но на тој пат двете земји можат да се...

Македонија24 минути

Усвоени измените во законот за извршување, социјално загрозените нема да плаќаат

Законодавниот дом ги изгласа најновите измени и дополнувања на Законот за извршување кои ги подготви Министерството за правда. Ова е...

Свет2 часа

Премиерот на Украина поднесе оставка

Премиерот на Украина, Олексиј Хончарук, денеска поднесе оставка, јавува „Ројтерс“. Од кабинетот на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, соопштуваат дека...

Регион2 часа

Лајчак: Следните месеци клучни за односите помеѓу ЕУ и Западен Балкан

Шефот на словачката дипломатија Мирослав Лајчак изјави дека следните месеци ќе бидат клучни за односите помеѓу Европска Унија и земјите...

Свет2 часа

Земјотрес со јачина од 5,6 степени го погоди Мексико

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во јужниот дел на Мексико, кој според медиумите...

Свет2 часа

Oслободени новинарите на „Анадолија“ коишто беа уапсени во Каиро

Новинарите на турската државна новинска агенција „Анадолија“, кои во средата беа уапсени во Каиро, се ослободени откако платија кауција од...

Регион2 часа

(Видео) Масовни протести – Црна Гора ги брани верските објекти

Илјадници верници на Српската православна црква и граѓани протестираа против Законот за верската слобода. Црногорскиот митрополит Амфилохие, кој ја предводеше...

Свет16 часа

Трамп го прекршил законот кога ја спречил воената помош за Украина

Белата куќа го прекршила американскиот закон кога ја прекинала воената помош наменета за Украина, одлучи независното тело кое ја надгледува...

Македонија20 часа

Докторката на Трајковски ќе сведочи во „ТНТ“ за неговата дијагноза

Судот одлучил на следното рочиште за „ТНТ“ да ја повика докторката која на обвинетиот ексградоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски,...

Европа21 час

Русија доби нов премиер

Државната Дума ја потврди кандидатурата на поранешниот шеф на Федералната даночна служба, Михаил Мишустин, за нов премиер на Русија. Мишустин...

Топ22 часа

Опожарени возилата на Сузана Турунџиева и на Ребека

Автомобилот на пејачката и водителка Сузана Турунџиева бил опожарен изутринава околу 3 часот. Огнот го зафатил и возилото на пејачката...

Македонија23 часа

Шкријељ: Нема да дозволиме граѓаните поради предизборни препукувања да останат без нивните права

Дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ денеска на прес-конференција во Владата повика на конструктивност и соработка со...

Топ23 часа

Шестмина повредени во сообраќајна несреќа кај Велес

Една жена е потешко повредена додека петмина други полесно во сообраќајната несреќа што се случи изутинава околу 8 часот на...

Свет23 часа

Спасено девојче од Пакистан кое 18 часа било затрупано со снег

Едно 12-годишно девојче е пронајдено живо откако лавина ја погодила нејзината куќа во Пакистан и откако 18 часа било затрупано...

Топ24 часа

Притвор за скопјанец кој марихуаната ја чувал во тегли од лутеница и ајвар

Скопското основно јавно обвинителство покрена обвинение против 27-годишник од скопската населба Влае кој криел марихуана во тегли за зимница. Како...

Регион1 ден

Рама го тужи Харадинај за клевета

Албанскиот премиер Еди Рама  поднел тужба до Основниот суд во Приштина за клевета против косовскиот колега во заминување Рамуш Харадинај....

Свет1 ден

Седум членови од Претставничкиот дом ќе го водат случајот против Трамп во Сенатот

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес испрати резолуција за отповикување на претседателот Доналд Трамп до Сенатот.  Со тоа се создадени услови...

Свет2 дена

(Видео) Вулканот Таал направи пустош на Филипините

Ерупцијата на вулканот Таал во близина на Манила исфрли лава, а местата во непосредна близина ги покри со пепел. Аеродромот...

Свет2 дена

Путин го предложи Михаил Мишустин за нов премиер на Русија

Рускиот претседател, Владимир Путин, пред државната Дума за премиер го предложи Михаил Мишустин, претседател на Руската федерална даночна служба. „Претседателот...

Македонија2 дена

(Видео) Спасовски: Очекуваме одлука за почеток на преговорите со ЕУ пред самитот во мај

„Влегуваме во важен период во кој очекуваме сериозни исчекори напред кон реализација на една од нашите суштински стратешки цели –...

Досие