Контакт

Свет

НАСА испраќа ракета кон Месечината, на Флорида се очекуваат илјадници гледачи

Објавено пред

Туристи желни за проучување на вселената ќе се соберат денеска на Флорида за да бидат сведоци на невиден спектакл: лансирањето на новата ракета на НАСА кон Месечината, која би можела да привлече до 400.000 луѓе, велат локалните власти.

dobivaj vesti na viber

НАСА во вторникот објави дека повторно ќе се обиде во сабота да лансира џиновска ракета од следната генерација кон Месечината, откако првиот обид во понеделникот не успеа поради технички проблем.

Огромна ракета од новата генерација треба да ја однесе капсулата без екипаж на шестнеделен пробен лет околу Месечината и назад, во мисијата „Артемида 1“, педесет години по последната мисија „Аполо“ на Месечината.

Наведена како најмоќна и најсложена ракета во светот, џиновската ракета со две фази „Space Launch System“ (SLS) го претставува најголемиот нов систем за вертикално лансирање изграден од американската вселенска агенција откако „Сатурн V“ полета на Месечината за време на програмата „Аполо“ во 1960-тите и 70-тите години.

Вселенскиот центар Кенеди, од каде што е планирано да биде лансиран, е затворен за јавноста, но гледачите ќе можат да ја видат ракетата како се издигнува кон небото и да го слушнат нејзиниот татнеж од околните плажи.

Дон Вокер, претставник на округот Бревард, очекува толпа луѓе на лансирањето, помеѓу 200.000 и 400.000.

Фактот дека лансирањето сега веќе не се очекува во работен ден, туку на викенд – кој е исто така долг викенд со државен празник во понеделник – како и неговиот историски карактер, придонесуваат за очекуваниот успех во посетеноста, објасни за АФП, Меган Хапел од Туристичката канцеларија на Флорида.

„На посетителите им се препорачува да заминат порано за да избегнат сообраќајни метежи, кои се очекуваат три или четири часа пред полетувањето, закажано за 14:17 часот (18:17 часот по Гринич)“, додаде таа.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Зеленски: Лиман е денес целосно исчистен

Објавено пред

Украина има целосна контрола врз Лиман со најзначајното освојување на бојното поле на Киев во последните неколку недели, за кое висок функционер рече дека може да послужи како отскочна даска за понатамошни освојувања на истокот, пренесува Ројтерс.

dobivaj vesti na viber

„Од 12:30 часот, Лиман е целосно исчистен“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски во краткиот видео клип на неговиот канал на Телеграм.

Руските вооружени сили не го коментираа статусот на градот.

Руското Министерство за одбрана вчера објави дека ги повлекува војниците од областа „поради закана од опкружување“.

Последниот остар удар за рускиот претседател Владимир Путин дојде откако тој во петокот објави анексија на четири региони кои покриваат речиси една петтина од Украина, област која го вклучува Лиман.

Киев и Западот ја осудија декларацијата како нелегитимна фарса. Руските сили го зазедоа Лиман во мај и го користеа како логистички и транспортен центар за нивните операции во северниот дел на регионот Доњецк.

Сергиј Гајдаи, гувернер на регионот Луганск, кој е соседен со Доњецк, рече дека контролата над Лиман може да и помогне на Украина да ја врати изгубената територија во неговиот регион, чие целосно заземање Москва го објави на почетокот на јули.

„Ослободувањето на овој град во регионот Доњецк е еден од клучните фактори за понатамошна деокупација на регионот Луганск“, напиша Гајдај во неделата на „Телеграм“.

Прикажи повеќе...

Европа

Експлозија за време на научен експеримент во Шпанија, повредени се деца

Објавено пред

Најмалку 18 лица се повредени, од кои едно потешко, при експлозија на барабан со течен азот за време на научен собир во Домот на културата во Жирона, Шпанија.

dobivaj vesti na viber

Меѓу повредените има и 10 деца, од кои едно е во тешка состојба, петгодишно девојче, дознава РТВЕ.

Универзитетот во Жирона објави дека експлозијата била предизвикана од „прекумерно количество водена пареа“, а станува збор за експеримент кој редовно се спроведува на научни собири како овој, кои се одржуваат за да се доближи науката до децата.

Овој настан, кој е дел од манифестацијата „Ноќ на науката“, беше организиран од Универзитетот во Жирона, а домаќин беше Дани Хименез, кој често се појавува во телевизиски програми за деца. Присуствуваа меѓу 200 и 300 луѓе, а публиката беше претежно деца, соопштија претставници на полицијата.

Прикажи повеќе...

Европа

Британското Министерство за одбрана: Руското повлекување од Лиман е значителен политички неуспех

Објавено пред

Британското Министерство за одбрана го нарече повлекувањето на Русија од украинскиот град Лиман „значителен политички неуспех“.

dobivaj vesti na viber

Во своето секојдневно ажурирање, министерството наведе дека силите најверојатно претрпеле „тешки загуби“ при повлекувањето, додавајќи дека овој потег доведе до натамошен бран на јавни критики на военото раководство на Русија од страна на високи функционери.

Зошто е важен Лиман?

Градот е оперативно важен поради неговата географска локација во регионот Доњецк во источна Украина, за кој Русија изјави дека има намера да го ослободи и кој Владимир Путин го анектираше во петокот.

Кремљ вчера објави дека руските војници се повлекле од градот поради опасност да бидат опколени од украинските сили.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа1 час

Зеленски: Лиман е денес целосно исчистен

Украина има целосна контрола врз Лиман со најзначајното освојување на бојното поле на Киев во последните неколку недели, за кое...

Македонија2 часа

Радев: Бугарија е подготвена да го зголеми извозот на струја во Северна Македонија

Бугарија е главен извозник на струја во регионот и подготвени сме да го зголемиме извозот во Северна Македонија, изјави бугарскиот...

Македонија2 часа

Пронајдено машко тело во Вардар, се идентификува дали е момчето кое излета со автомобилот

Пронајдено е машко тело во реката Вардар, а во моментов се идентификува дали станува збор за 22-годишниот кумановец кој излета...

Македонија3 часа

Лефков: Аферата „Броило“ покажува како Ковачевски и неговиот кум свртеле 26 милиони евра

Фирми основани од Димитар Ковачевски и негови семејни врски вртат милионски суми во енергетскиот бизнис, и тоа додека Македонија е...

Македонија4 часа

Пендаровски и уште осум претседатели на членки на НАТО: „Русија веднаш да се повлече од окупираните територии“

Претседатели на дел од земјите-членки на НАТО од централна и источна Европа, меѓу кои и Стево Пендаровски, во заедничка изјава...

Регион6 часа

Бугарите гласаат на четвртите избори за помалку од две години

Бугарите денес гласаат на четвртите национални избори за помалку од две години, со мала надеж дека ќе се појави стабилна...

Свет6 часа

САД за украинското заземање на Лиман: Сега ќе им биде потешко на Русите

Американскиот секретар за одбрана го поздрави украинското заземање на Лиман, клучното руско упориште во источна Украина. „Многу сме охрабрени од...

Македонија20 часа

Фон дер Лајен го поздрави позитивниот моментум меѓу Бугарија и Македонија

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен го поздрави позитивниот моментум меѓу Бугарија и Македонија, по денешните состаноци...

Свет22 часа

Русија објави дека ја повлекла војската од Лиман

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека ги повлекла руските војници од стратешкиот град Лиман во источна Украина. Како што...

Регион24 часа

Интерконекторот со Грција е во функција, Бугарија сега добива гас од Азербејџан

Проектот за интерконектор е на агендата на ЕУ веќе 10 години. Започна во 2009 година, кога Бугарија беше многу силно...

Економија1 ден

Мелничарите најавуваат поскапување на лебот и брашното за 10 отсто

Поради скапата струја и растот на берзанските цени на пченицата, меничарите најавуваат дека до крајот на ноември цената на лебот,...

Економија1 ден

Мицкоски го покани Битиќи во „Белата палата“ за да му го објасни планот за закрепнување на економијата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го покани вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи утре да дојде на состанок во...

Македонија1 ден

(Видео) Петровска: Поддршка од 78 милиони долари од САД за развој на Армијата

Ја добивме веста за сојузничка поддршка од вкупно 78 милиони долари кои ќе се насочат во проектите потребни да ги...

Регион1 ден

Бугарите стравуваат од политички хаос по изборите в недела

Бугарите кои утре ќе одат на четвртите избори за помалку од две години, претпоставуваат дека зимава ги чека неизвесност поради...

Европа1 ден

„Гаспром“: Од гасоводот истече гас колку што и’ треба на Данска за три месеци

Портпаролот на гасниот гигант „Гаспром“, кој е под контрола на Кремљ, во петокот изјави дека истекле 800 милиони кубни метри...

Македонија1 ден

Аферата „Броило“ ќе открие фирми блиски до власта кои правеле милиони во време на кризи, најави опозицијата

Додека стандардот на граѓаните пропаѓа со секој нов ден од кризите, некој дебело профитира и се богати.Тоа ќе го открие...

Економија1 ден

СДСМ: Во март пензиите ќе се зголемат за нови шест проценти

Се очекува наредното зголемување на пензиите во март идната година да изнесува околу 6 проценти, со што пензиите во период...

Македонија1 ден

Пендаровски во Бугарија ќе се сретне со Радев и Урсула фон дер Лаен

Претседателот Стево Пендаровски, по покана на претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, денес во Софија ќе присуствува на церемонијата по...

Македонија2 дена

Груби: На Али Ахмети му треба народот, на народот му треба Али Ахмети

Вицепремиерот Артан Груби денеска изјави дека ДУИ може да функционира и без него. Оваа негова изјава дојде откако лидерот на...

Европа2 дена

Медведев: Голема Русија повторно се раѓа

Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, се огласи по потпишувањето на указот за пристапување на четирите окупирани украински...