Свет
Наскоро во Брисел состанок за противењето на Турција за прширувањето на НАТО

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека ќе свика состанок за противењето на Турција за приклучувањето на Шведска и Финска во Евроатлантската алијанса.
Тој изјави дека за тоа ќе разговара со високи претставници на трите земји во Брисел, пренесува Ројтерс.
„Во близок контакт сум со претседателот на Турција, како и со лидерите на Финска и Шведска“, изјави Столтенберг во Вашингтон по средбата со американскиот државен секретар Ентони Блинкен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Пронајдени 17 тела во ноќен клуб во Јужна Африка

Телата на најмалку 17 млади лица се откриени во ноќен клуб во пристаништето во источен Лондон во Јужна Африка, соопшти денеска локалната полиција.
Жртвите се на возраст од 18 до 20 години, изјави полицискиот функционер Тембинкоси Кинана и додаде дека во тек е истрага за околностите во кои загинале.
Телата се пронајдени во клуб во населбата Синери Парк.
На социјалните мрежи кружат фотографии од клубот на кои се гледаат телата на жртвите без видливи повреди.
Голем број луѓе се собраа недалеку од клубот во источен Лондон, милионски град на Индискиот Океан, на околу 700 километри јужно од Јоханесбург.
Свет
Самит Г7: Во фокус војната во Украина и цената на нафтата

Во Германија денеска почнува самитот на Г7, а главна тема е војната во Украина и цената на нафтата.
Авионот на американскиот претседател Џо Бајден слета во близина на замокот Елмау во Баварија каде се одржува состанокот на светските лидери.
Посетата Бајден ја отвори со билатерална средба со домаќинот на самитот, германскиот канцелар Олаф Шолц на која двајцата разговарале за војната во Украина.
Бајден му се заблагодари на Шолц за неговото лидерство во одговорот на украинската криза.
„Рускиот претседател Путин се потпираше на инвазијата на Украина за да доведе до расцеп во НАТО и Г7, но тоа не се случило и нема да се случи“, рече Бајден.
Претседателот на САД во текот на денот ќе оствари формални и неформални разговори со лидерите на Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија и Европската Унија, јавува АП.
Тој и другите лидери на Г7 ќе се обидат да изградат стратегија за обезбедување на енергетски резерви и борба против инфлацијата, со цел да се спречат последиците од конфликтот во Украина.
Групата најразвиени индустриски земји во текот на денот ќе разговара и за глобалната соработка, инфраструктурата и инвестициите, како и за ефикасноста на санкциите против Русија.
Се очекува учесниците на состанокот да одлучат за ограничување на цената на нафтата од Русија и поставување на горна граница за купување на руска нафта.
Се планира и ембарго на руското злато.
Официјалните лица, исто така, треба да разговараат за тоа како да се однесуваат одговорно во однос на климатските промени, а истовремено да ги задоволат критичните потреби во снабдувањето со енергија.
„Енергетските проблеми не можат да бидат изговор за прекршување на нашите климатски цели“, смета германската влада.
Свет
(Видео) Експлозии го стресоа Киев – најмалку еден загинат, спасувачите на терен

Четири експлозии го потресоа утринава Киев. Гранатирањето се случи во станбена зона во близина на центарот на градот каде избувнал пожар и извирал густ сив чад, јави агенцијата Франс прес.
Експлозиите се слушнале околу половина час по означената воздушна опасност во главниот град, кој не беше цел на руското бомбардирање околу три недели.
Bombed #Kyiv area is Lukyanivka. 10 minutes from historic center. It was a new residential block next to an old unused military production facility. Rocket left huge hole in the middle of kids playground and fires burning in the city pic.twitter.com/GSYrjHepo2
— Lesia Vasylenko (@lesiavasylenko) June 26, 2022
„Уште експлозии во областа Шевченковски“, напиша градоначалникот Виталиј Кличко на Телеграм.
„Амбулантни возила и спасувачи се на терен. Во тек е спасување и евакуација на жителите во две згради“, додаде тој.
Едно лице загина, според непотврдени информации на Јулија Мендел, поранешна портпаролка на претседателот.
Украинската пратеничка Лесија Василенко објави дека жртвата е татко на седумгодишно девојче кое е повредено во нападот. Таа рече и дека биле испукани најмалку осум проектили.
7 yo girl was pulled out from the rubble in #Kyiv this morning. Her father was killed and her mother stuck under the debris for hours. pic.twitter.com/qdz5cw181J
— Lesia Vasylenko (@lesiavasylenko) June 26, 2022
Претходно нејзиниот колега пратеник Олексеј Гончаренко изјави дека се лансирани 14 проектили.
Во тек е спасувачка акција за извлекување на луѓето кои се заглавени во урнатините.