Контакт

Европа

Наследникот на Меркел доаѓа од компанија што „управува со светот“, пишуваат германските медиуми

Објавено пред

Фридрих Мерк, кој е поранешен шеф на групата на Христијанската демократска заедница (ЦДУ) и нејзината сестринска баварско Христијанската социјална унија (ЦСУ), според германските медиуми е спремен да ја наследи Ангела Меркел.

Медиумите пишуваат дека Мерк бил спремен да се кандидира за наследник на Мекрел на чело на ЦДУ. Тој од 2016 година, додаваат медиумите, е раководител на операции за Германија на најголемата компанија за управување со средства во светот „Блекрок“.

Според податоците достапни на интернет, оваа американска корпорација, која исто така ја нарекуваат „светска компанија” бидејќи има удел во речиси секоја глобално значајна фирма, има 6,29 билиони долари.

 

Европа

Украинскиот претседател менува 12 амбасадори

Објавено пред

Украинскиот претседател Владимир Зеленски донесе одлука да замени 12 амбасадори, меѓу кои и амбасадорката во Соединетите Американски Држави, Валерија Цели.

„Зеленски го започна процесот на реконструкција на украинскиот дипломатски кор. Одлуките за заменување на 12 амбасадори во светот веќе се донесени”, соопшти администрацијата на претседателот.

Како што додаваат, наскоро ќе ѝ истече мандатот на сегашната амбасадорка во САД, според ТАСС.

Предлозите за нови амбасадори се разгледуваат, а нивните имиња се финализираат, се вели во соопштението, во кое се додава дека Зеленски наскоро ќе донесе декрет за таа пригода.

Прикажи повеќе...

Европа

ЕУ воведе санкции против Турција

Објавено пред

Европската Унија наведува дека дупчењата што ги врши Турција во источниот Медитеран се незаконски, поради што ќе бидат преземени одредени мерки против официјална Анкара. Сепак, Анкара ветува дека ќе продолжи со своите активности во Медитеранот.

На состанокот на Советот на Европската Унија во Брисел, на кој присуствуваа министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ е усвоена декларација за санкции против Турција.

Во текстот на декларацијата се наведува дека ЕУ одлучила да го намали износот на средствата од претпристапните фондови за Турција, да ја разгледа кредитната активност на Европската инвестициона банка во Турција, да го прекине процесот на преговори со Турција за договор за воздухопловство и на одредено време да ги суспендира средбите на високо ниво со Советот за приклучување.

Во декларацијата, исто така, се наведува дека, ако Турција продолжи со активностите на дупчење, ЕУ ќе разгледа уште некои мерки на претпазливост.

Сепак, Анкара веднаш реагираше решително на одлуката на ЕУ.

“Одлуката на ЕУ за прекин на преговорите на највисоко ниво со Турција нема да влијае на нашата решеност да продолжиме дупчење во источниот Медитеран. Турција ќе продолжи да ги штити своите права и правата на Турците во Кипар”, се вели во соопштението од турското Министерство за надворешни работи.

Прикажи повеќе...

Европа

На Алпите паднаа 30 сантиметри снег

Објавено пред

На Матерхорн, еден од највисоките врвови на италијанските Алпи чија надморска височина е 4.478 метри, паднаа 30 сантиметри снег, кој ја завеа и северозападна Италија, особено на Монте Фраитеве на 2.702 метри надморска височина.

Италијанскиот метеоролошки портал 3Bmeteo објави прогноза во која најави обилни дождови и бури во целата земја, со студен бран која на повисоките места ќе донесе и снег којшто е невообичаен за овој период од годината.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет43 минути

Асанж нема да биде екстрадиран во земјите каде му се заканува смртна казна

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, нема да биде екстрадиран на земјите во кои му се заканува смртна казна, рекол британскиот...

Македонија1 час

Димитров: Системот почна да се бори со криминалот, сеирџиство и банално ликување не помагаат

Системот, со сите маани, почнува да се бори со криминалот, без разлика од каде доаѓа, напиша министерот за надвореши работи,...

Европа2 часа

На Алпите паднаа 30 сантиметри снег

На Матерхорн, еден од највисоките врвови на италијанските Алпи чија надморска височина е 4.478 метри, паднаа 30 сантиметри снег, кој...

Македонија10 часа

Русковска: Обвинителките засега нема да бидат изведени пред судија

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал, Вилма Русковска вели дека постоеле индиции оти Бојан Јовановски познат како Боки 13 се...

Македонија10 часа

Притвор од 30 дена и за Боки 13

Триесет дена притвор вечерва доби и првиот човек на 1ТВ и неформалниот директор на „БМЈ Медиа груп“, Бојан Јовановски, познат...

Македонија11 час

Притвор од 30 дена за бизнисменот Зоран Милевски

Судот вечерва му изрече 30 дена притвор на бизнисменот Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец, кој беше неколку часа на...

Македонија12 часа

Полицијата влезе и во домот на Катица Јанева

Полицијата вечерва влезе и во домот на специјалната обвинителка Катица Јанева, откако била издадена судска наредба за одземање на предмети....

Регион14 часа

Вучиќ по средбата со Макрон: Го молев да ни помогне за косовското прашање

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека не е сонувач ниту фантазер за да мисли дека францускиот претседател, Емануел Макрон, ќе...

Македонија16 часа

Јовески поддржува ветинг по ослободителната пресуда за Латас

Првиот човек на Јавното обвинителство, Љубомир Јовески, рече дека го поддржува решението за ветинг или друга форма на проверка на...

Македонија17 часа

(Видео) Обвинителството со детали: Боки 13 и Милевски барале 8 милиони евра рекет од бизнисмен

Бојан Јовановски, познат како Боки 13, и Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец, се осомничени за примање награда за противзаконито...

Македонија19 часа

(Видео) Заев: Новите снимки за Нешкоски само потврдуваат како владеел Груевски

Новообјавените разговори за убиството на Мартин Нешкоски само потврдуваат како владеела претходната гарнитура и како се обиделе да скријат убиство,...

Македонија20 часа

Уапсен Боки 13

Попладнево е уапсен Бојан Јовановски – Боки 13. Неофицијално, апсењето е по барање на Обвинителството за организиран криминал. Тој попладнево...

Македонија20 часа

Шефицата на СЈО, Катица Јанева, поднесе оставка

Шефицата на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, поднесе оставка. Таа објави дека нејзината оставка ќе стане активна тогаш кога политичките партии...

Македонија20 часа

(Видео) Заев повика на лидерска средба в петок

Премиерот Зоран Заев на прес-конференција повика на лидерска средба в петок во 14 часот во Клубот на пратениците. На средбата...

Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО
Македонија21 час

Кривичен го одби барањето на Кочан, в среда треба да се појави во затворот

Кривичниот суд во Скопје ја одби жалбата на Сеад Кочан за одложување на затворската казна од четири години и осум...

Економија22 часа

Поскапуваат горивата

Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат 1,5, односно 1 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажните цени на бензините „евросупер...

Македонија24 часа

Када на дното на Охридското Езеро

Нуркачкиот клуб „Акватек“ објави фотографии на кои се гледа када на дното на Охридското Езеро помеѓу Срјшче и Мостот на...

Забава1 ден

На Гренланд откриени повеќе од 50 нови езера, досега се знаеше само за четири

Под мразот на Гренланд научниците откриле повеќе од 50 нови езера, а досега се знаело за само четири. Антарктикот под...

Свет1 ден

Трамп ги навреди обоените жени демократи во Конгресот

Претседателот на САД, Доналд Трамп, критикува група обоени демократски претставнички во Конгресот нарекувајќи ги предизвикувачи на нереди родени во странство...

Свет1 ден

Нетанјаху им се закани на Либан и Хезболах: Ќе ве уништиме

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, се закани дека ќе ги уништи Либан и Хезболах ако ова либанско движење ги реализира сите...

Досие