Контакт

Свет

Наследничката на Меркел се закани со оставка ако не добие поддршка од партијата

Објавено пред

Идната наследничка на Ангела Меркел на годишниот конгрес на партијата Демохристијанска унија (ЦДУ) се закани дека ќе даде оставка доколку нејзината партија не успее да ја поддржи во реализација на нејзината визија за Германија.

Анегрет Крамп-Каренбауер побара поддршка од нејзините сопартијци. Нејзината закана за повлекување од функцијата предизвика големи овации и ветување лојалност од нејзиниот главен критичар.

Лоштите изборни резултати и нејзината ниска попларност доведоа до незадоволство внатре во ЦДУ, но во нејзиниот говор 57-годишната Каренбауер им постави ултиматум на своите противници.

„Ако сметате дека Германија што ја сакам не е таа што вие ја сакате… тогаш ајде да завршиме. Сега и денеска. Но, драги пријатели, ако ја сакате оваа Германија, ако сакате заедно да одиме по овој пат… тогаш да ги завратиме ракавите овде и сега и да почнеме“ порача таа.

Меркел, која исто така одржа говор на конгресот, постигна помирлив тон повикувајќи на партиско единство.

Каренбауер е фаворит за наследник на Меркел,кога таа ќе се повлече од лидерската позиција во 2021 година.

Свет

Индискиот вид на коронавирусот се шири во Лисабон

Објавено пред

Португалските власти соопштија дека новиот вид на коронавирус, делта сојот, е одговорен за големото зголемување на бројот на заразени лица во регионот на Лисабон.

Националниот институт за здравство соопшти дека многу заразниот индиски вид опфаќа 60 проценти од новите случаи во Лисабон.

Поради неодамнешното зголемување на бројот на заразени, властите минатата недела ги забранија сите патувања во Лисабон и надвор од главниот град за време на викендот.

Оваа мерка стапи на сила во петокот и ќе трае до утре наутро.

Лисабон има околу 2,8 милиони жители.

Прикажи повеќе...

Европа

Нелегални забави ширум Германија, на една од нив имало 7.000 луѓе

Објавено пред

Полицијата во повеќе германски градови синоќа прекина забави на отворено, при што дошло до судири меѓу полицијата и насобраните.

Во градскиот парк во Хамбург, полицијата по полноќ прекинала забава на која се собрале повеќе од 7.000 луѓе.

Според полициското соопштение, забавата започнала мирно, а во текот на вечерта имало сѐ повеќе конфликти меѓу насобраните и употреба на забранети пиротехнички средства.

Во Аугсбург, Баварија, полицијата во центарот на градот интервенирала по полноќ и прекинала забава на која имало околу 1.400 луѓе.

На другиот крај од градот околу 250 лица блокирале мост, по што интервенирала полицијата. Некои од собраните фрлале шишиња и други предмети кон полицијата, а неколку полицајци биле повредени.

Во судирите била нападната и Брза помош, по што еден од напаѓачите бил уапсен.

Во повеќето делови на Германија забрането е собирање на повеќе од 250 лица на отворено.

Прикажи повеќе...

Свет

Во Велика Британија повеќе од 9.000 нови случаи на коронавирус

Објавено пред

Во Велика Британија во последните 24 часа се потврдени 9.284 нови случаи на коронавирус, а шест лица починаа.

Иако бројот на нови случаи е помал во споредба со последните неколку дена, трендот на ширење на вирусот предизвикан од делта-вирусот, првпат откриен во Индија, продолжи во Велика Британија во последните недели.

За време на викендот се одвива масовна кампања за вакцинација во Лондон. Владата работи на забрзување на утврдената програма за вакцинација за да се ограничи ширењето и влијанието на делта варијантатата на вирусот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

За шест часа, казнети 66 возачи за брзо возење на автопатот Скопје-Велес и скопската обиколница

Полицијата за шест часа казни 66 возачи за брзо возење на автопатот Скопје-Велес и скопската обиколница, соопшти Министерството за внатрешни...

Спорт13 часа

„Гранде“ Пандев потврди дека утре го игра последниот меч за Македонија!

Легендарниот македонски капитен Горан Пандев, потврди дека утре против Холандија ќе го одигра својот последен меч за македонската репрезентација, заминувајќи...

Регион16 часа

Џамбаски: Македонија е бугарска, од двете страни на границата Деве Баир живее една нација

Една нација живее на двете страни од границата Деве Баир, а тоа е бугарската, ова го напиша бугарскиот европратеник, Ангел...

Македонија17 часа

Нови осум заболени од Ковид-19, нема починати

Во последните 24 часа се направени 3.265 тестирања, а регистрирани се 8 нови случаи на КОВИД-19 од: Скопје – 3,...

Свет17 часа

(Видео) Петмина градежни работници загинаа при уривање на училиште во Белгија

Најмалку пет лица загинаа а девет се повредени кога училишна зграда во белгискиот град Антверпен се сруши за време на...

Македонија17 часа

Николоски: Нема да дозволиме избори без евидентирање на граѓаните со отисок од прст

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, вели дека ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи локални избори без евидентирање на граѓаните со отисок од...

Топ19 часа

Австралијка приведена на скопскиот аеродром

Државјанка на Австралија ноќеска била приведена на скопскиот аеродром, откако при извршена пасошка контрола и проверка во службените евиденции било...

Регион20 часа

(Видео) Тројца работници повредени во експлозијата во фабриката во Чачак

Тројца работници се полесно повредени, а еден е задржан на одделение за интензивна нега на лекување, по вчерашните низа експлозии...

Свет20 часа

(Видео) Незапаметени поплави на Крим, еден загинат и 24 повредени

Едно лице загина, две се исчезнати, а 24 се повредени по поплавите предизвикани од поројните дождови во близина на Јалта...

Свет21 час

(Видео) Пукање на роденденска забава во Торонто, повредени три деца и еден маж

Три деца и еден маж се повредени во пукање на роденденска забава на отворено, што се случи во западниот дел...

Свет21 час

(Видео) Камион прегази двајца учесници на Парадата на гордоста во Мајами, едниот почина

Камион прегази двајца учесници на вчерашната Парада на гордоста во Мајами, при што едниот почина а другиот е тешко повреден,...

Топ21 час

Над 200 возачи санкционирани во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (19.06.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На...

Македонија2 дена

Индискиот сој потврден кај уште едно лице во земјава

Уште еден случај на индискиот сој на коронавирус е потврден во земјава. Се работи за уште еден Македонец кој дошол...

Топ2 дена

Починат затвореник пронајден во кумановскиот затвор

Во затворот „Кшање“ во Куманово ноќеска бил пронајден мртов 58-годишен затвореник од с.Старо Нагоричане. „ На 19.06.2021 во 02.45 часот...

Македонија2 дена

Еден починат и четири нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени четири нови случаи на коронавирус, едно лице почина, а 68 оздравеа, соопшти...

Македонија2 дена

Филипче: Не е вистина дека пациенти не се оперираат и дека скопските клиники се во колапс

Не е вистина дека пациенти не се оперираат и системот на скопските клиники е во колапс, тврди министерот за здравство,...

Спорт2 дена

Македонците за четири дена го „испиле целото пиво“ во Букурешт

Фудбалската репрезентација на Македонија, во четвртокот, го напушти Букурешт и се пресели во Амстердам, каде ќе го одигра последниот натпревар...

Свет2 дена

(Видео) Трамп се огласи за спремните одговори на Бајден: Затоа државата оди по ѓаволите

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, се огласи за видеото на кое се гледа неговиот наследник, Џо Бајден, со спремни...

Македонија2 дена

За еден ден казнети 627 возачи за брзо возење

Полицијата за еден ден казни 627 возачи за брзо возење на територија на целата држава, соопшти Министерството за внатрешни работи....

Регион2 дена

САД ја поздравија Резолуцијата за Сребреница усвоена во Парламентот на Црна Гора

Американскиот Стејт департмент ја поздрави Резолуцијата за Сребреница усвоена во Парламентот на Црна Гора во петокот. „Позицијата на САД во...

Досие