Контакт

Свет

Наставник по природни науки од Кенија избран за најдобар на светот

Објавено пред

Наставник по природни науки од рурална област на Кенија, кој подарувал поголем дел од својата плата за поддршка на посиромашните ученици, освои награда од 1 милион долари за најдобар учител во светот.

Питер Табичи,ја освои Глобалната награда за наставници за 2019 година.

Тој е пофален за неговите достигнувања во лоши услови во училиште со преголем број часови а само неколку учебници. Тој сака учениците да видат дека “науката е пат по кој треба да се оди” за нивната иднина.

„Не е се во парите“ вели Питер, чии ученици се од многу загрозени семејства, некои се деца без родители или сирачиња.

Наградата, објавена на церемонија во Дубаи, ја признава извонредната посветеност на наставникот на учениците во оддалечениот дел на Кенија, Рифт.

Тој подарувал дури 80% од неговата плата за поддршка на учениците, во средното училиште “Керико” во селото Пвани, Накуру, кои инаку не можеле да си дозволат униформи или книги.

Наставникот вели дека неговата главна цел е промовирање на науката не само во Кенија, туку и во цела Африка.

Свет

Руската војска им пружа хуманитарна помош на бегалците од сириски Идлиб

Објавено пред

Центрите за привремено сместување во сириската провинција Латакија примија бегалци од зоната за деескалација на Идлиб каде што се во тек воени активности, изјави портпаролот на рускиот Центар за помирување на спротивставените страни во Сирија, Сергеј Смолински, додавајќи дека руската војска обезбеди хуманитарна помош за бегалците, пренесува ТАСС.

„Тие имаат потреба од помош бидејќи не се соочуваат само со хуманитарни проблеми, туку и со психолошки проблеми”, рече тој.

Офицерите од рускиот центар продолжуваат да дистрибуираат пакети храна и постелнина меѓу бегалците додека воените лекари им пружаат медицинска помош.

Според гувернерот на Идлиб, Фади Садун, властите се решени да направат се што е можно за да ги охрабрат луѓето да се вратат во своите домови.

„Многу семејства го напуштиле Идлиб. Според нашите податоци, околу 7.500 бегалци престојуваат во Латакија, 11.000 се засолниле во Хама, а другите се преселиле во Хомс, Дамаск и во други градови. Наша цел е да ги вратиме и да ги вложиме сите напори за таа цел. Процесот ќе почне веднаш штом ситуацијата во Идлиб ќе се подобри “, рече тој.

Во согласност со одлуката на Русија, Иран и Турција – гарантите на сирискиот прекин на огнот- во мај 2017 година се формираа зони за деескалација во Сирија. Тие ги вклучуваат Идлиб, некои делови од соседните области во Латакија, Хама и провинциите Алепо, Источна Гута, како и некои области во провинциите Дара и Ал Кунеитра во јужна Сирија.

Дамаск ја презеде контролата врз три од четирите зони во 2014 година, но зоната што ја покрива провинцијата Идлиб и одредени делови од провинциите Латакија, Хама и Алепо се уште се контролирани од терористите од Џабат ал-Нусра.

Шефот на рускиот Центар за помирување, генерал-мајор Виктор Купчишин, претходно изјави дека граничниот премин Суран бил воспоставен за да се обезбеди излез на цивилите од зоната за деескалација во Идлиб.

Според последните податоци, 40.000 до 80.000 луѓе се подготвени да ја напуштат областа. Привремено сместување е обезбедено за нив во провинциите Хама, Хомс и Деир ез-Зор.

 

Прикажи повеќе...

Свет

Најмалку 12 цивили загинаа во Алепо, меѓу нив и 4 деца

Објавено пред

Најмалку 12 цивили загинаа, а 15 се ранети кога бунтовниците гранатираа населени делови во провинцијата Алепо, објавија сириските државни медиуми.

Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Велика Британија соопшти дека меѓу загинатите има и четири деца, објави агенцијата АП.

Нападот се случил вчера во села во близина на Алепо.

Последните седум недели во северозападна Сирија се одвиваат жестоки борби кога владините сили почнаа офанзива врз последното упориште на бунтовниците во рамките на граѓанската војна, која трае осум години.

 

Прикажи повеќе...

Свет

Европскиот совет изрази загриженост за безбедносните предизвици во Црното Море

Објавено пред

Министрите за надворешни работи на 28 земји-членки на ЕУ изразија загриженост за безбедносната ситуација во регионот на Црното Море и ја потврдија политиката за непризнавање на Крим, објави Европскиот совет во изјавата усвоена на состанокот во Луксембург, пренесува ТАСС .

„Советот останува загрижен за безбедносните предизвици во регионот на Црното Море. Во овој контекст, повторуваме дека почитувањето на меѓународното право, вклучувајќи ги и принципите на независност, суверенитет и територијален интегритет, Конвенцијата на ОН за поморско право, слободата на навигацијата, како и политичките одлуки на ЕУ и политиката за непризнавање на илегалната анексија на Крим, се основни за пристапот на ЕУ кон регионалната соработка во регионот на Црното Море”, се вели во соопштението.

Советот ја истакна зголемената стратешка важност на регионот на Црното Море за ЕУ, повикувајќи на засилено вклучување на ЕУ во регионалната соработка. Тука особено ја истакнува важноста на искористување на новите можности за економски развој и поврзаност во регионот и пошироко.

Во документот се вели дека Советот признава оти подобрената регионална соработка на Црното Море ќе придонесе за имплементација на Стратегијата на ЕУ за поврзување на Европа и Азија и нејзините четири приоритети во однос на транспортот, енергијата, дигиталното и меѓучовечкото поврзување.

Советот ја нагласува важноста за изработка на план за комуникација за поддршка на придонесот на ЕУ за регионална соработка во регионот на Црното Море и за зголемување на видливоста на работата на ЕУ и нејзините земји-членки.

ЕУ разговараше за областа на Црното Море на различни нивоа по инцидентот на 25 ноември 2018 година, кога три украински воени брода ги прекршија правилата за минување низ теснецот Керч. И покрај повторените предупредувања и барања да престанат, украинските бродови продолжија со својот пат, принудувајќи ја Русија да користи оружје. Тројца украински војници беа лесно повредени. Бродот беше запленет, а 24 украински морнари беа уапсени под обвинение дека ги повредиле границите на Русија.

 

 

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија48 минути

(Видео) Жителите на населбата Јака се жалат – живееме во кал и мрак, без јавен превоз

Седум години по почнувањето на изградбата на населбата Јака во Илинден, состојбата е непроменета – очајна, а општинската власт не...

Македонија1 час

Хан: Северна Македонија направи храбри компромиси, ЕУ губи ако не ја награди земјата

Политичкиот компромис на земјите од Западен Балкан треба да биде награден, изјави комесарот за проширување, Јоханес Хан, во пресрет на...

Економија2 часа

Објавен јавниот повик за бесплатен одмор за работниците со ниски примања

Јавниот повик за организиран одмор на работници чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето-износот од 22.000 денари е...

Бегството на Груевски2 часа

(Видео) Државата ќе бара екстрадиција на Груевски како организатор на 27 април

Државата ќе бара екстрадиција на поранешниот премиер и бегалец од правдата, Никола Груевски, за настаните од 27 април 2017 година...

Регион4 часа

Јадранот се задушува во пластика и е меѓу најзагадените мориња во Европа

Концентрацијата на пластичен отпад на дното на Јадранското Море е меѓу најголемите во Европа по североисточниот дел на Медитеранот и...

Вести17 часа

Помпео: САД не сакаат војна со Иран

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, денеска изјави дека, иако Иран несомнено е одговорен за минатонеделните напади врз два танкери на...

Македонија18 часа

(Видео) СДСМ избра нов Извршен одбор

Централниот одбор на СДСМ избра нови членови на Извршниот одбор, нов организационен секретар и секретар за меѓународна соработка. Лидерот на...

Спорт18 часа

Победа и одмазда над Грција за сигурно прво место! (галерија)

Македонија ги надмина проблемите од стартот на мечот, и во Струмица ја победи Грција со 27:23 (13:11) во последното коло...

Вести21 час

Сопругата на премиерот на Израел со државни пари јадела во луксузни ресторани

Сопругата на премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, Сара Нетанјаху, е казнета со 15.000 долари за злоупотреба на државни фондови. Судот...

Спорт22 часа

Рекорд – дрес на Бејб Рут продаден за 5.64 милиони долари!

Дрес на американската безбол легенда Бејб Рут го сруши рекордот за најскапо продадена спортска „меморабилија“, откако на аукцијата во Њујорк...

Свет23 часа

Електричен дефект ги остави Аргентина и Уругвај без струја

Голем дефект во електричната мрежа ги остави Аргентина и Уругвај без струја, соопшти главната електродистрибутивната мрежа на Аргентина. Според информациите,...

Топ1 ден

Мотоциклист удри во 83-годишна жена на „Партизанска“ и побегна

Непознато лице со мотоцикл синоќа на бул.„Партизански Одреди“ во Скопје удри во 83-годишна жена пешак и побегна од местото. Жената...

Свет1 ден

Трамп повторно го нападна градоначалникот на Лондон поради насилствата

Американскиот претседател Доналд Трамп уште еднаш го критикуваше градоначалникот на Лондон, Садик Кан, нарекувајќи го „катастрофа“, кој го уништува главниот...

Свет1 ден

Се судрија два мали авиони во Нов Зеланд, загинаа двајцата пилоти

Два лесни авиони се судрија при слетување на аеродромот „Худ“ на Нов Зеланд, двајцата пилоти загинаа, соопшти полицијата. Според информациите,...

Свет1 ден

Силно невреме во Швајцарија и Франција, има и загинати

Една жена загинала кога на неа паднало дрво, а друга жена загинала во несреќа на езеро во источна Франција, кое...

Свет1 ден

Вонредна состојба на Нов Зеланд по земјотрес во океанот, се очекува силно цунами

Новозеландската цивилна заштита издаде предупредување после земјотресот со интензитет од 7,4 степени, регистриран во Тихиот океан кај островот Кермадек, ненаселена...

Бегството на Груевски2 дена

Груевски: Напамет не ми паднало да влегувам во багажник за какви било цели

Експремиерот Никола Груевски се огласи на Фејсбук по изјавата на премиерот Заев за германски „Франкфуртер алгемајне цајтунг“(ФАЦ), каде тој рече...

Економија2 дена

ММФ: Најголемиот проблем на Западен Балкан е лошата инфраструктура и невработеноста

Недостигот на капитал и ниската вработеност се најголемиот проблем на земјите од Западен Балкан, изјавил високиот регионален претставник на Меѓународниот...

Македонија2 дена

(Видео) Заев до Хан: Добивањето датум ќе биде потврда дека се што направивме вредело

Претседателот на Владата, Зоран Заев денеска во Австрија се сретна со еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан. На...

Македонија2 дена

(Видео) Раководството на МВР врши мобинг врз Независниот синдикат на полицијата

Портпаролот на Независниот синдикат на полицијата, Дејан Саздов, обвини дека раководството на Министерството за внатрешни работи врши мобинг врз членовите...

Досие