Свет
Наставничка е првата идентификувана жртва од масакрот во Тексас – се обидела да ги заштити децата од напаѓачот

Голема трагедија се случи вчера во САД кога 18-годишниот Салвадор Рамос уби најмалку 21 лице, меѓу кои 19 деца, ученик во основното училиште „Роб“ во Јувалде, Тексас.
Ева Миралес, наставничка во училиштето, беше првата идентификувана жртва на масакрот. Според „Њујорк тајмс“, му таа предавала на четврто одделение и работела во училиштето 17 години. На веб-страницата на училиштето пишува дека таа била мажена за полицаец и зад себе оставила ќерка.
Според „Њујорк тајмс“, таа била убиена додека се обидувала да ги заштити децата од убиецот кој отворил оган во основно училиште.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Се откачи глечер во Италија, загинаа шест планинари

Шестмина загинати планинари е епилогот откако големо парче глечер се откачи од врвот Мармоладо во источните Доломити, објавија локални медиуми, пренесува „Ројтерс“.
Алпскиот национален спасувачки корпус на Твитер објави дека најмалку пет хеликоптери и кучиња спасувачи се вклучени во потрагата по повредените планинари, пренесува агенцијата АП.
Italy: Several dead in Alps glacier collapsehttps://t.co/tWPCMSLaVg pic.twitter.com/MEIMcrMOOM
— qwerty (@qwerty14117587) July 3, 2022
Диспечерите за итни случаи во североисточна Италија објавија дека околу 15 планинари се во погодената област.
This is horrible! At least 4 victims confirmed for the collaps of part of the Marmolada glacier in the Eastern Alps, Italy. https://t.co/XVbkTojcuq
— Paolo Gabrielli (@pa0l0_gabrielli) July 3, 2022
Мармолада е на 3.300 метри надморска височина – највисокиот врв во источните Доломити. Одвојувањето на глечерот се случило на патеката што ја користеле планинарите за да се искачат до врвот на планината, објави АП.
Свет
Уште еден смртоносен напад на ајкула во Хургада, втората жртва е Романка

Откако Австријката Елизабет Скваер (68) почина по стравичниот напад на ајкула во египетското летувалиште Хургада, австрискиот портал „Haute” денеска пишува за нов напад во близина на Хургада, при што животот го загубила уште една жена.
Веста ја потврдиле од египетското Министерство за заштита на животната средина. Вториов напад се случил на само 500 метри од местото каде Скваер била нападната.
Според информациите, втората жртва е Романка.
Ресорното министерство покренало истрага за инцидентите, ја затворило плажата, а преку соопштение информираат дека водените спортови одреден нема да бидат дозволени.
Ќе биде формирана комисија која ќе ги испита нападите и причините за нив.
Регион
Јоксимовиќ: Кога Србија ќе влезе во ЕУ, ќе мора да воведе санкции за Русија

Јадранка Јоксимовиќ – српската министерка за евроинтеграции изјави дека кога Србија ќе стане членка на ЕУ ќе мора да се усогласи со политиката на ЕУ во однос на воведувањето санкции против Русија.
„Единството на сите во ЕУ и меѓу кандидатите е инструмент што ја ослабува Русија, бидејќи се избегнува глобален конфликт што би го одвел светот во колапс“ – изјави Јоксимовиќ во интервју за српски „Курир“.
Таа смета дека новата Влада ќе ги забрза реформите и европскиот пат на Србија.
„Во текот на следната година ќе го имаме подготвено кластерот два – внатрешен пазар и пет – кохезија, ресурси и земјоделство. Кластерот три – инклузивен раст и конкурентност е веќе подготвен, а кластерот еден – владеење на правото и четири – зелена агенда и одржливо поврзување се веќе отворени. Останува кластерот шест во однос на заедничката надворешна и безбедносна политика“ рече Јоксимовиќ и додава дека „Србија според старата методологија на ЕУ поминала половина од преговарачката работа, а според новата Србија е единствената што ги забрзала преговорите“.