Контакт

Свет

НАТО ќе одржи вонреден состанок за Сирија

Објавено пред

НАТО ќе одржи вонредна средба, на која треба да бидат разгледани ударите на САД, Франција и Велика Британија против режимот на Башар ал Асад. Ова го изјавил претставник на Алијансата пред новинската агенција „Анадолија“.

Според изворот на турската агенција, Северноатланскиот совет на НАТО ќе се состане во седиштето на Алијанската во Брисел попладнево.

Претставниците на Обединетото Кралство, Франција и САД ќе го запознаат Советот со деталите за напдите во Сирија.

Свет

Уапсени пет членови на Исламска држава во Русија, планирале напади

Објавено пред

Руската федерална безбедносна служба ФСБ приведе петмина мажи, осомничени дека се припадници на Исламска држава.

Како што се наведува, двајца од уапсените се Руси, а тројца доаѓаат од централна Азија.

ФСБ тврди дека мажите планирале терористички напад во Русија. ФСБ објави видеоснимка од уапсените членови на Исламска држава, кои се осомничени за планирање терористички напади низ Русија.

Прикажи повеќе...

Свет

САД и Кина ја договорија првата фаза од трговскиот договор

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД со Кина ја договориле првата фаза од трговскиот договор, според која Вашингтон ќе се откаже од воведување царини за увоз на кинески артикли, додека Пекинг ќе го зголеми купувањето на американски земјоделски производи.

„Постигнавме многу детален договор од првата фаза со Кина. Тие се согласија на многу структурни промени и огромно купување на земјоделските производи, енергетски и индустриски производи и уште многу други“, напиша Трамп на Твитер.

Тој додаде дека нема да се наплаќаат казнените царини утврдени на 15 декември поради фактот што е постигнат договор. Трамп најави дека ќе почнат преговорите за втората фаза.

„Оваа е исклучителен договор за сите. Ви благодарам!“, напиша Трамп на Твитер.

Во меѓувреме Канцеларијата на американскиот трговски претставник (УСТР) објави дека САД прифатиле „значително“ да ги модифицираат своите царини за кинеските производи во првата фаза од трговскиот договор со Пекинг, а Кина да купува многу повеќе американски артикли и услуги.

Според договорот, Вашингтон ќе ги задржи 25 процентните царини на околу 250 милијарди долари американски увоз од Кина, додека царините воведени на кинеските производи во вредност од 120 милијарди долари ќе се намали на 7,5 отсто.

Во соопштението од УСТР се наведува дека трговскиот договор бара структурни реформи на кинескиот економски и трговски режим во областите на интелектуалната сопственост, трансфер на технологијата, земјоделството, финансиските услуги, девизниот курс. Договорот вклучува и „силен систем за решавање на споровите“.

Прикажи повеќе...

Свет

Трамп за одредбите за импичментот: Срамота

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да му пречи долготрајно судење во американскиот Сенат. Тој пред новинарите во Белата куќа изјави дека сака да ги види „свиркачите“ чија жалба ги поттикна демократите да започнат истрага за повлекување.

Откако Судскиот комитет во Претставничкиот дом одобри два члена за импичмент, Трамп го опиша процесот како „срамота“, велејќи дека демократите го тривијализираа повлекувањето. Комитетот на Претставничкиот дом на САД ги одобри обвинувањата за злоупотреба на службената должност и опструкции против американскиот претседател.

Конгресниот судски комитет гласаше со 23 „за“ наспроти 17 „против“ за да го одобри обвинението со кое Трамп се товари дека ја злоупотребил службената должност за да изврши притисок врз Украина да го истражи политичкиот ривал, демократскиот кандидат Џо Бајден и неговиот син Хантер, кој работел во украинска енергетска компанија.

Комисијата, исто така, одобри уште едно обвинение со кое Трамп се товари за опструкција на Конгресот. Претходно, Комитетот одобри посебно обвинение со кое Трамп се обвинува за злоупотреба на моќта за обидот да ја натера Украина да го истражи Џо Бајден.

Одобрувањето на обвиненијата за импичмент од страна на Комитетот ја поставува основата за гласање од страна на целиот Претставнички дом следната недела, со што ќе заврши процесот на отповикување. Тоа значи дека во рок од неколку недели Трамп ќе се најде на судење во Сенатот, кој е под контрола на републиканците.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет8 часа

Изгласани одредбите за импичмент на Трамп

Одборот на американскиот Претставнички дом, каде мнозинство се демократите, одобри обвинение за злоупотреба на власта и попречување, против претседателот на...

Македонија8 часа

(Видео) Морачанин: ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ да не се вадат дека не биле информирани, од септември зборуваме за една изборна единица

По тензичниот ден во Собранието каде што ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ со поднесување на илјадници амандмани ја блокираа расправата за измени...

Топ9 часа

Кривична пријава против поранешна директорка на средно училиште во Скопје

Управата за финансиска полиција  поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против Е.А., поранешна директорка на средното училиште „Браќа...

Македонија9 часа

Поднесено обвинение против Јанакиески и уште 10 лица за предметот „Шпански скали“

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција  достави обвинение до кривичниот суд против 11 лица за предметот популарно наречен „Шпански...

Топ10 часа

Ексамбасадорот Томислав Димитровски репетирал пушка и ја вперил кон соседот додека се расправале во зградата

Поранешниот амбасадор во Љубљана, Томислав Димитровски вчера репетирал пушка и ја вперил кон сосед, за време на расправија во зграда...

Македонија12 часа

(Видео) Поповска: ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ да ги повлечат амандманите за да се откочи можноста за една изборна единица

Пратеничката од ДОМ, Лилјана Поповска, една од 17-те иницијатори за законот за една изборна едниница од собраниската прес-сала, рече дека...

Македонија15 часа

Пендаровски за „Шпигел“: Стравуваме дека ќе станеме втора Турција

Макрон ми рече дека помалку станува збор за нас, а повеќе за ЕУ, на која ѝ треба време за реформа на...

Македонија15 часа

Илија Димовски бара одлагање на „Талир“, две поротнички имаат по 60 години

Обвинетиот Илија Димивски во предметот „Талир“ на почетокот на судењето рече дека две од поротничките навршувале 60 години старост и...

Свет16 часа

Американскиот Сенат одобри резолуција, убиствата на Турците врз Ерменците ги призна за геноцид

Американскиот Сенат денеска одобри резолуција со која убиствата на Ерменците извршени од османлиските Турци пред повеќе од еден век ги...

Свет17 часа

Борис Џонсон прогласи победа на конзервативците

Британскиот премиер, Борис Џонсон, прогласи победа на својата Конзервативна партија, која освои убедливо мнозинство на изборите што се одржаа вчера....

Свет17 часа

Зеленски: Нема да се случи втора Сребреница

Претседателот на Украина, Володомир Зеленски, изјави дека во Донбас нема да се случи Сребреница, затоа што Украина, како што вели,...

Македонија1 ден

Заев: За да имаме рамноправна држава, мораме да го примениме моделот на една изборна единица

За да имаме рамноправна и демократска држава, во која сите ќе добијат подеднакво, мораме да го промениме законот и да...

Свет1 ден

Џон Саливен именуван за нов амбасадор на САД во Русија

Нов американски амбасадор во Русија ќе биде Џон Саливен, актуелен заменик на американскиот државен секретар. За него гласале 70 сенатори,...

Свет1 ден

Уапсени неколкумина осомничени за убиството на новинарот Павел Шеремет

Украинската полиција уапси неколку лица кои се осомничени за убиството на новинарот Павел Шеремет во 2016 година, но сè уште...

Европа1 ден

Белгија ќе прими 10 деца на припадници на Исламска држава

Судот во Брисел ѝ нареди на белгиската Влада да бидат примени 10 деца родени во Сирија, на припаднички на Исламска...

Свет1 ден

Русија нареди депортирање на вработени во американски универзитет

Судот во Русија нареди депортирање на пет лица вработени на Универзитетот во Бафало во САД поради прекршување на условите за...

Спорт1 ден

Тројца шпански фудбалери добија по 38 години затвор за силување на 15-годишно девојче

Фудбалерите на шпанскиот третолигаш Арандина, Раул Калво (21 година), Карлос Квадрадо (26 години) и Виктор Родригез (24 години) добија по...

Економија1 ден

Возилата кои помалку загадуваат ќе се увезуваат по помали давачки

Доколку возилото помалку загадува, ќе се плаќа понизок данок за увоз. Предлог-законот за данок на моторни возила е во собраниска...

Европа1 ден

Трамп: „Грета – личност на годината? Мислам дека треба малку да олади“

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска повторно се сврте кон 16-годишната активистка за заштита на животната средина, Грета Тунберг, оценувајќи го...

Македонија1 ден

(Видео) Костадинов: Апелирам амандманите да се повлечат, со дебата да го смениме изборниот модел

СДСМ апелира амандманите што ги поднесе ДУИ да се повлечат. „Да влеземе во суштинска дебата и, конечно, да го промениме...

Досие