Свет
Началникот на полицијата во регионот Киев: Русите поставија мини на автомобили и куќи на цивили

Руската армија постави мински замки во автомобили и куќи на цивили пред да го напуштат регионот на Киев, тврдат украинските власти.
Началникот на полицијата во Киевската област, Андриј Небитов, извести за голем број инциденти во кои се повредени лица од локалното население, а најмалку едно загинало.
Небитов ги повика граѓаните да избегнуваат области кои не се деминирани, вклучително и шуми и патеки, како и области кои претходно биле под руска окупација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Русија му забрани влез на Бајден: „Властите на САД поттикнуваат русофобија“

Русија забрани влез во земјата на 963 Американци, меѓу кои и претседателот, Џо Бајден.
Забраната се однесува и на државниот секретар Ентони Блинкен и на шефот на ЦИА, Вилијам Барнс, пренесува „Ројтерс“.
Во соопштението на руското МНР се нагласува дека овој чекор е одговор на санкциите што САД постојано ги воведуваат кон Русија и предупреди дека непријателските дејствија ќе продолжат да добиваат соодветен одговор, пренесува РИА Новости.
„Русија не бара конфронтација и е отворена за искрен дијалог со взаемно почитување, одвојувајќи го американскиот народ, кој го почитува, од властите на САД, кои ја поттикнуваат русофобијата и оние кои им служат“, соопшти Министерството.
Забраната доаѓа откако Бајден денеска го потпиша пакетот помош за Украина од речиси 40 милијарди долари.
Свет
Првите резултати од гласањето во Австралија покажуваат водство на партијата на премиерот Морисон

Затворени се првите избирачки места на парламентарните избори во Австралија, а првите резултати покажуваат дека води владејачката партија на премиерот Скот Морисон.
Час и половина по затворањето на првите избирачки места, Австралиската радиодифузна корпорација објави дека врз основа на 6,7 отсто од преброените гласови, либералите во моментот имаат 39 места во парламентот, а лабуристичката партија 29, пренесува Би-би-си.
За победа на изборите ќе бидат потребни најмалку 76 пратенички места.
Избирачките места претходно беа затворени во Нов Јужен Велс, Викторија, Тасманија, Квинсленд, Јужна Австралија, како и Северната територија и територијата на Канбера, а гласачите во Западна Австралија имаа уште малку време да гласаат, наведува Би-би-си.
Последните избирачки места, две избирачки места на далечната австралиска територија на островите Килинг, ќе бидат затворени по два часа, јави британската телевизија.
Свет
Австралијците избираат нова влада, ова се слики од гласачките места

Интересни фотографии доаѓаат од гласачките места во Австралија, каде граѓаните денеска излегоа на избори.
Tамошните медиуми пренесуваат дека голем број гласачи се решиле да одговорат на повикот од австралискиот бренд за костими за капење „Budgy Smuggler“, од каде на почетокот на неделава преку социјалните мрежи ги охрабриле луѓето да го искористат своето уставно право да гласаат без панталони.
View this post on Instagram
Компанијата понуди бесплатен пар на секој кој гласа во костим за капење и на социјалните мрежи ќе објави фотографија со назнаката #SmugglersDecide.
Австралиските медиуми пренесуваат, дека според компанијата, сотици граѓани го прифатиле ваквиот повик.
Австралијците избираат нов парламент и овие избори би можеле да ги вратат опозициските лабуристи на власт по девет години конзервативна влада, но трката е тесна.
Гласачките места се отворени од 8 часот по локално време, а се затвораат во 18 часот.
Околу 17,2 милиони гласачи треба да изберат претставници за 151 место во Претставничкиот дом со тригодишен мандат.
Се избираат и 76 претставници во Сенатот на шест години.
Партијата или коалицијата која ќе добие најмногу гласови автоматски добива задача да формира влада.
Лидерот на опозициските лабуристи Ентони Албанезе, кому анкетите му дадоа мала предност за функцијата иден премиер, ги повика гласачите да му дадат шанса.
Актуелниот премиер, конзервативецот Скот Морисон, е на власт од 2018 година и се кандидира за нов мандат и се чини дека во последните денови пред изборите ја намали предноста на лабуристите.