Контакт

Вести

Најмалку стотина домови изгореа во пожар во Чиле

Објавено пред

Голем пожар засилен со силен ветaр во кој изгореле најмалку 100 домови, а повредени се најмалку 19 лица и евакуирани се 400 луѓе, избувна ноќта кон вторникот во чилеанскиот пристанишен град Валпараисо.

dobivaj vesti na viber

Според чилеанскиот министер Махмуд Алеуј вкупно 500 куќи се загрозени, а околу 47.000 домаќинства во оваа област останале без електрична енергија, но снабдување е повторно воспоставено за сите, освен за 350. Регионалниот гувернер Габриел Алдонеј потврди дека сто домови се опожарени, како и дека 16 од настраданите имале респираторни проблеми.

Пожарот го гасат речиси 50 противпожарни единици од Влапараисо и соседните градови, припадници на војската и на шумските служби. Но тие се судираат со ветер кој дува со над 30 километри на час, мала влажност и високите температури. Истрагата се обидува да открие што го предизвикало пожарот кој избувнал во локалниот риболовен клуб.

Сушата во централно Чиле минатата година предизвика рекорден број шумски пожари и остави тешки последици врз тамошната дрвна индустрија, а поради пожарите изминатите седмици беа евакуирани многу домови во близина на главниот град Сантјаго кој се наоѓа 100 километри југоисточно од Валпараисо.

Пристанишниот град Валпараисо има 285.000 жители и е административен центар во покраината во којашто живеат околу милион луѓе. Изграден е на стрмните падини прекриени со борова шума. Градот кој потекнува од колонијалниот период познат по живописно насликаните куќи во карпите од 2003 година е прогласен за светско наследство на листата на ОН.

Меѓутоа, локалните власти велат дека голем проблем во ваквите случаи претставува и тоа што жителите го фрлаат отпадот во јазовите кои потоа букнуваат и придонесуваат за висока загаденоста на воздухот.

Во 2014 година шумскиот пожар во кој загинаа 15 луѓе уништи 2.500 објекти на ридовите кои го опкружуваат Валпараисо. Потоа следеа и повеќе помали пожари кои ја покренаа дискусијата за подобро планирање на развојот на градот./крај/мф/сн

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион55 минути

„Заедно до крај“: Сопружници беа пронајдени прегрнати под урнатините во Јабланица

Босна и Херцеговина на 4 октомври беше погодена од катастрофални поплави, кои однесоа човечки животи. Тешка е ситуацијата во неколку...

Македонија1 час

ЦУК: Во Гостивар водата не е за пиење, а во Тетово има редуцирано водоснабдување

Во последното деноноќие се регистрирани два пожара на отворено – во Скопје бил запален градежен отпад на ул. „Његошева“ во...

Регион1 час

Две лица загинаа во пожар во стан во Белград

Две лица загинаа во пожар во Белград, потврдија за РТС од итната помош. Пожарот избувнал околу 05:30 часот во стан...

Свет1 час

Фицо: Се додека сум на власт ќе се трудам да го блокирам членството на Украина во НАТО

Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска изјави дека ќе се обиде да го блокира членството на Украина во НАТО се додека...

Свет1 час

(Видео) Пожар во складиште за нафта на Крим: Русите велат човечки фактор, Украинците тврдат дека се дронови

Во Феодосија на југоисточниот дел на Крим е прогласена вонредна состојба поради пожар што избувна во складиште за нафта, соопшти...

Свет1 час

Градоначалникот на Чилпасинго убиен шест дена по преземањето на функцијата во Мексико

Алехандро Аркос, градоначалникот на Чилпансинго, главниот град на мексиканската држава Гереро, е убиен во неделата, помалку од една недела по...

Свет2 часа

Земјотрес со јачина од 4,6 степени го погоди Крит

Земјотрес со јачина од 4,6 степени го погоди денеска грчкиот остров Крит, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC). Земјотресот се...

Македонија15 часа

Таравари потврди дека била одбиена хоспитализација на починатото бебе

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска потврди дека била одбиена хоспитализација на бебето кое вчера почина на Детската клиника. Тој...

Регион17 часа

Дете најдено живо по два дена од поплавите во Јабланица под урнатините на семејната куќа

Продолжува борбата на голем број спасувачи за пронаоѓање на живите исчезнати лица по катастрофалната поплава што пред два дена се...

Македонија18 часа

Тошковски: Лага е дека сум расчистил само еден случај како министер и сум разочаран од некрофилските обиди на СДСМ

„Разочаран сум од некрофилските обиди на СДСМ за манипулација на народот со обвинување за наводната неспособност на МВР во овие...

Топ20 часа

Детали за пукањето во Чаир: Излегол од возило и со пиштол пукал во 19-годишник кој одел пеш по улица

По вчерашното пукање во скопски Чаир, Министерството за внатрешни работи излезе со официјални детали за настанот. Од полицијата велат дека...

Спорт21 час

Министерот Ристовски им ги врачи медалите на најуспешните на маратонот

Министерот за спорт Борко Ристовски им ги врачи медалите на најуспешните на денешното јубилејно 20. издание на Скопскиот маратон, упатувајќи...

Регион22 часа

Во Јабланица прогласена тридневна жалост: Загинаа 15 лица, се трага по уште исчезнати

Градоначалникот на општина Јабланица Дамир Шабановиќ деновите од недела до вторник ги прогласи за Денови на жалост во врска со...

Македонија22 часа

Обилните врнежи ја загадија водата за пиење во Гостивар

Пожарникарите од ТППЕ Тетово имале две технички интервенции за испумпување вода во тетовската населба Деребој, кај подвозникот за село Фалише...

Спорт1 ден

Рекордни 13.400 натпреварувачи од 55 земји трчаат на денешниот маратон во Скопје

На претстојното 20-то јубилејно издание на Виз Ер Скопски Маратон, што ќе се одржи денеска, ќе учествуваат рекордни 13.400 натпреварувачи...

Скопје1 ден

Денес ќе се трча маратон во Скопје, затворени се улици и нема да возат дел од автобусите на ЈСП

Поради одржување на „Виз Ер Скопски маратон 2024“ денеска од 7 до 14 часот дел од автобусите од јавниот превоз...

Топ1 ден

Еден е повреден во пукање вечерва во Чаир

Едно лице е потешко повредено, и веднаш е пренесено во болница во пукањето кое вечерва се случи во скопската населба...

Македонија2 дена

Околу 36 килограми марихуана запленила Царинската управа пред два дена

Директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, на денешниот настан за реконструкција на граничниот премин Деве Баир, објави дека пред два...

Македонија2 дена

Со вонреден инспекциски надзор ќе се утврдува дали има пропусти во лекувањето на починатото бебе

Во Клиничкиот центар ,,Мајка Тереза” во Скопје утрово починало 14-месечно бебе. Директорот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) Кирил...

Македонија2 дена

Бебе почина на Клиниката за детски болести во Скопје

Рано утринава на Клиниката за детски болести во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, почина 14-месечно девојче. Околу 04.50 часот...