Контакт

Вести

Најмалку три жртви во снежна бура во САД

Објавено пред

Најмалку три лица ги загубија животите во снежната бура којашто ги зафати североисточните американски сојузни држави, соопштија во вторникот властите.

dobivaj vesti na viber

Според податоците на полицијата, 16-годишно девојче загинало во сообраќајна несреќа предизвикана од временските услови во градот Гилфорд во сојузната држава Њу Хемпшир. Уште две лица ги загубиле животите во Милвоки, но детали за овие несреќи не се дадени, пренесува телевизијата CNN.

Доцната снежна бура дојде по невообичаено топлото време коешто го зафати североистокот на САД во јануари и февруари, кога температурата неколкупати се искачи над 20 Целзиусови степени. Во понеделникот и вторникот, се регистрирани, исто така, невообичаено ниски температури за овој дел од годината, од минус 4 до минус 2 степена. Од влошените временски услови во областа се очекува да бидат погодени десетици милиони Американци на Источниот брег.

Според претходните прогнози, се очекува покрај Атлантскиот брег, врнежи од снег да има во северниот дел на Големите рамнини и во Средно-атлантскиот регион. Снегот се очекува од Бостон и Њујорк на северот до Балтимор и Филаделфија, а разграничувањето меѓу снежните и врнежите од дожд ќе минува јужно од Вашингтон./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 часа

Експертите за масовните експлозии на пејџери во Либан: „Очигледно некој се инфилтрирал во производството и им вградил експлозив“

Масовната саботажа на голем број пејџери на Хезболах бара навремена разузнавачка и техничка способност, велат експертите за Би-Би-Си. Од почетокот...

Македонија6 часа

Бугарското МНР: Посетата на Сиљановска не беше официјална и затоа не предвидува поставување на државни знамиња

Бугрското Министерството за надворешни работи застана во одбрана на ставовите на амбасадорот Жељаско Радуков кој вчера одбил да ја прифати...

Економија7 часа

Пратениците го одобрија унгарскиот заем од половина милијарда евра

Со 65 гласа „за“ и 15 против, пратениците во Собранието го одобрија заемот од половина милијарда евра од унграската влада....

Економија10 часа

Битиќи: Задолжувањето од Унгарија е економско предавство, удар врз домашните компании

„Државата се доведува во ситуација со пари на граѓаните евентуално да финансираат странски фирми наместо домашните. Овој заем е удар...

Топ10 часа

Пуштиле осуденик на слобода оти немало место во затворот, кривична против тројца полицајци од Битола

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и...

Топ12 часа

Тешко повредена девојка, со мопед излетала од патот кон манастирот „Св. Јоаким Осоговски“

Вчера во 18.00 часот во Полициската станица Крива Паланка било пријавено дека на локалниот пат кон манастирот „Св.Јоаким Осоговски“, К.Д.(21)...

Македонија12 часа

(Видео) Митева: На МЕПСО клучна функција му биле донации на спортски клубови наместо пренос на електрична енергија

Денеска и утре ќе објавиме зошто енергетскиот сектор во Македонија е на дното и како и на кој начин се...

Македонија15 часа

„На ТОАРИЛУЦ се правеле набавки без план за да профитира раководството од СДС и ДУИ, ја оставиле клиниката на цедило, без основни медицински средства“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„За СДС и ДУИ здравството било само област од која треба да профитираат поединци. Клиниката ТОАРИЛУЦ или Траума, ортопедија, реанимација...

Европа16 часа

(Видео) Полска сè уште се бори со поплави: „Ова беше најважната ноќ во историјата“

Јужна Полска продолжува да се бори со разорните поплави. Ситуацијата е критична во Нисе, во областа Ополе. Поради опасност од...

Свет16 часа

(Видео) Бразилски политичар удри колега со стол за време на дебатата за градоначалник

Еден од кандидатите за градоначалник на Сао Пауло, Бразил, нападнал друг со столче. Хозе Луиз Датена и Пабло Маршал се...

Свет16 часа

Последната порака од подморницата што одеше до бродот „Титаник“: „Овде сè е во ред“

Една од последните пораки на екипажот на подморницата Титан, која минатата година одеше до бродот Титаник гласи: „Овде се е...

Свет1 ден

Британски дипломат: Трамп најверојатно ќе победи, Камала ја прави истата грешка како Хилари

Доналд Трамп ќе победи на претседателските избори во САД на 5 ноември, освен ако демократската кандидатка Камала Харис не ги...

Топ1 ден

Млад скопјанец нападнат со нож пред станот во Аеродром, едниот од напаѓачите му се заканил со оружје

Дваесет и петгодишен скопјанец синоќа бил нападнат пред станот во којшто живее на подрачјето на општина Аеродром. Според пријавеното, момчето...

Македонија1 ден

Бугарскиот амбасадор повикан во МНР: „Побаравме објаснување од бугарската страна за фотографирањето“

Денеска, во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија беше повикан амбасадорот на Република Бугарија, Желјаско Радов, каде беше изразена...

Македонија1 ден

Од почит кон Бугарија, поради авионската несреќа, Муцунски не реагирал јавно во петокот за фотографирањето без македонското знаме

Пропуст и непочитување на договореното од страна на бугарскиот протокол e фотографирањето на македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова со бугарскиот претседател...

Македонија1 ден

„Арсовска е промашена инвестиција“- Таравари цени дека не треба да се остави простор политичари да разрешуваат градоначалници

Според министерот за здравство, Арбен Таравари, скопската градоначалничка Данела Арсовска е промашена инвестиција, но, како што вели, не смее да...

Спорт1 ден

„Македонија ова е за тебе“ – Иџе победи на Европскиот шампионат на ридски патеки во групата 1

Летечкиот Македонец, Игор Стефановски со победа ја заокружи својата тркачка сезона за оваа година. Тој викендов во Хрватска ја возеше...

Македонија2 дена

Мицкоски за фотографирањето без македонското знаме: Денеска ќе биде врачена протестна нота на амбасадорот на Бугарија

Премиерот Христијан Мицкоски го коментира неистакнувањето на македонското знаме за време на посетата на Сиљановска-Давкова во Софија при средбата со...

Македонија2 дена

Ако државник од соседната земја доаѓа да пие кафе во Бугарија, треба ли да го истакнеме неговото знаме, вели советникот на Радев

„Посетата на претседателот на Република Северна Македонија на нашата земја беше по повод културен настан – не беше ниту државен...

Свет2 дена

Бајден: Осомничениот за инцидентот во голф-клубот на Трамп е во притвор, нема место за насилство

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека му олеснало што поранешниот американски претседател и републикански кандидат Доналд Трамп бил неповреден во...