Контакт

Свет

Најмалку 100 убиени на протестите во Ирак

Објавено пред

Најмалку 100 луѓе, од кои повеќето демонстранти, се убиени, а 4.000 се повредени во Ирак, од вторникот кога почнаа антивладините протести.

Новиот биланс на жртви го соопшти ирачката владина Комисија за човекови права. Четиринаесет демонстранти биле убиени денеска со огнено оружје на протестите во Багдад каде што припадниците на безбедносните сили пукале во демонстрантите.

Најголем број од жртвите се убиени со огнено оружје, навеле болнички извори и додале дека меѓу нив има шест полицајци, јави агенцијата „Франс прес“.

Во Багдад денеска се одржа протест откако властите го укинаа полицискиот час, кој беше два дена на сила. Освен во Багдад, демонстрации има и во други градови, претежно во јужниот дел на земјата.

Најголем дел од учесниците се млади луѓе кои бараат отворање работни места, сузбивање на корупцијата и функционална јавна служба.

Свет

Индиски граничари гранатирале пакистански дронови во Пенџаб

Објавено пред

Граничните безбедносни сили на индиската држава Пенџаб откриле неколку беспилотни летала кои влегле во националниот воздушен простор од пакистанската страна и отвориле оган кон нив, објави новинската агенција АНИ, повикувајќи се на извори во граничната полиција.

Дроновите биле забележани во областа Фирозпур во државата Пенџаб. Резултатите од гранатирањето допрва треба да бидат соопштени. Претходниот инцидент во кој беа откриени беспилотни летала од Пакистан во северна Индија се случи на 9 октомври.

Во септември, пакистанските беспилотни летала, наводно, направиле осум упади во индискиот воздушен простор и останале неоткриени. Дроновите се смета дека вршеле испорака до милитантите кои оперираат во индиската управа Џаму и Кашмир. Исламабад ги отфрли овие обвинувања, велејќи дека жителите на Кашмир, претежно муслимани, самостојно се борат за своите права.

Индија и Пакистан се бореа за контрола врз регионот Кашмир,  јужниот дел е управуван од Индија и граничи со Пенџаб , од крајот на британското владеење во 1947 година. Тензиите таму се појавија во февруари откако терористите организираа смртоносен напад врз индиските безбедносни сили.

Ситуацијата се влоши во август кога Индија го повлече специјалниот статус на државата Џаму и Кашмир и ја подели на две федерално контролирани територии. Пакистан изрази загриженост за ова и вети дека ќе ги заштити жителите на регионот. Исламабад тогаш го избрка индискиот амбасадор, ја запре билатералната трговија и вети дека ќе го покрене прашањето пред Меѓународниот суд на правдата.

Прикажи повеќе...

Свет

Седуммесечни близнаци се повредени во инцидентот во Осло

Објавено пред

Две бебиња се повредени во инцидентот во Осло, кога вооружениот маж со украдено амбулантно возило влета во толпа луѓе, при што повреди три лица. Норвешката полиција пукала кон возилото додека сè уште се движело, а осомничениот е уапсен. Тој бил вооружен и не претрпел сериозни повреди за време на апсењето, пренесува РТ.

Повредени се близнаци на седуммесечна возраст, на кои им е дадена прва помош, соопшти портпаролот на болницата во Осло.

Портпаролот на болницата изјави дека во инцидентот учествувале две возила на Итна помош.
Едното возило го грабнал мажот вооржен со сачмарка. Неколку минути подоцна второ возило на Итна помош успеало да го запре грабнатото, забивајќи се во него. Потоа стигнала полицијата и го уапсила осомничениот.

Полицијата трага по уште една жена за кој се претпоставува дека учествувала во инцидентот. Блокирани сите околни улици, а теренот го пребаруваат и хеликоптери.

Прикажи повеќе...

Свет

Германија бара европска интервенција на турско-сириската граница

Објавено пред

Германската министерка за одбрана Анегриет Крамп-Каренбауер смета дека европските земји треба да испратат борбени сили во меѓународната безбедносна зона на границата меѓу Сирија и Турција, но не може да гарантира дека ќе учествуваат и германските трупи, пренесува „Брејтбарт“.

Предлогот следува откако турските трупи и сојузничките сириски борци го нападнаа северниот дел на Сирија, откако американскиот претседател Доналд Трамп ги повлече американските трупи кои соработуваа со сириските Курди против Исламска држава.

Крамп-Каренбауер во вторникот изјави за ДПА дека создавањето меѓународно контролирана безбедносна зона со вклучување на Турција и Русија ќе има за цел да ја деескалира ситуацијата во северна Сирија.

Таа рече дека е надвор од нејзините надлежности да вети германски трупи и германскиот парламент е тој што ќе треба да одлучи дали би можеле да учествуваат во таква зона. Таа, исто така, изјави за „Дојче веле“ дека канцеларката Ангела Меркел е информирана за предлогот.

Бундестаго, мора да ги одобри странските распоредувања на германската војска. Германската влада смета дека упадот на Турција во Сирија претставува кршење на меѓународното право, но досега ограничи само одреден воен извоз во Турција, заедно со други држави, вклучувајќи ги Шпанија, Шведска, Велика Британија и Канада.

„Не веруваме дека нападот врз курдските единици или курдската милиција е легитимен според меѓународните закони. Ако во меѓународното право не постои основа за таква инвазија, тогаш не може да биде во согласност со меѓународното право “, изјави за АФП во неделата министерот за надворешни работи, Хајко Маас.

Предлогот на Крамп-Карнбауер може да ги зголеми тензиите во владејачката коалиција на Меркел, бидејќи социјалдемократите отфрлаат каква било директна германска воена вмешаност во Сирија. Крамп-Каренбауер ја бранеше својата идеја, велејќи дека не може повеќе да ги слуша германските политичари кои велат дека се загрижени за насилството во Сирија без да дејствуваат.

Едно нешто што е сигурно е дека САД нема да пристапат кон ниту една воена безбедносна зона. Минатата среда Трамп рече дека конфликтот помеѓу Турција и Сирија е само меѓу две блискоисточни земји .

„Тие имаат проблем на границата, тоа не е наша граница “, рече претседателот. „Ако Сирија сака да се бори за својата земја, тоа зависи од Турција и Сирија. Сирија може да има некаква помош од Русија и тоа е добро. Таму имаат многу песок, значи, има многу песок со кој можат да си играат “.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Одбиени барањата на Јанева и Боки 13 за укинување на притворот

Основниот кривичен суд Скопје ги одби барањата за укинување на мерката притвор на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и...

Македонија4 часа

Вучиќ: Дали за косовското прашање ќе добиеме гаранции од ЕУ какви што доби Северна Македонија?

Српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за австрискиот весник „Стандард“ ја исклучи можноста Белград да го признае Косово во актуелните...

Македонија5 часа

(Видео) Нови вработувања и подобри услови за истражувачка работа бараат од Институтот за хемија

Создаваме способни оформени кадри кои заминуваат во странство бидејќи со години не се овозможуваат вработувања на млади соработници, уловите за...

Македонија5 часа

Ѓоко Поповски повторно доби 9 години затвор за набавката на полициски возила

Судијката Добрила Кацарска попладнево повторно го осуди на казна затвор од 9 години поранешниот помошник-министер во МВР, Ѓоко Поповски, откако...

Македонија6 часа

Вебер: Од Скопје и Тирана баравме многу, а сега вратата им е затворена пред носот

Лидерите на најголемите политички групи во Европскиот парламент едногласно ја осудија одлуката за одложување на преговорите со Северна Македонија и...

Македонија6 часа

Заев: Не треба да го одложуваме пописот, ќе разговараме со директорот за термините

Пописот не треба да го одложиме, изјави премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање. Тој најави дека следната недела ќе...

Македонија7 часа

Туск пред пратениците во ЕП: Голема грешка е одлуката за Северна Македонија и Албанија

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск денеска пред пратениците во Европскиот парламент рече дека е голема грешка тоа што не...

Свет8 часа

Нарухито прогласен за јапонски цар, помилувани половина милион осуденици

Јапонската влада помилува околу 550.000 осуденици за помали кривични дела по повод востоличувањето на императорот Нарухито. Одлуката, одобрена од владата...

Свет9 часа

„Фејсбук“ ги објави новите мерки за претседателските избори во САД

„Фејсбук“ најави дека внимателно ќе ги следи „медиумите кои се контролирани од државата“ и се обидуваат да манипулираат со расположението...

Регион9 часа

Грчката полиција изнесе малолетници од кино на филмот „Џокер“

Во Грција изби широка полемика зошто полицијата минатиот викенд изнела малолетници од две кина во Атина, во кои се прикажувал...

Свет9 часа

Торнадо остави неколку илјади домаќинства без струја во Далас

Десетина илјади домаќинства и деловни објекти во Далас останаа без струја поради торнадо што го погоди овој американски град. Ударите...

Регион9 часа

Чавушоглу: Санкциите и заканите нема да нè спречат во офанзивата во Сирија

Меѓународните санкции или закани со санкции нема да ја присилат Турција да ја спречи својата афанзива во Северна Сирија, изјави...

Македонија21 час

(Видео) Мицкоски: Едногласно ја преименувавме коалицијата во „Обнова на Македонија“

По средбата со коалициските партнери, Мицкоски рече дека едногласно се договориле да го сменат името на коалицијата во „Обнова на...

Македонија21 час

(Видео) Мицкоски на средба со коалициските партнери

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва во седиштето на партијата е на средба со своите коалициски партнери. Состанокот следува по...

Регион22 часа

Протест пред француската амбасада во Бугарија против одлуката на Макрон за Северна Македонија

Десетици интелектуалци, јавни личности и граѓани се собраа вечерва пред француската амбасада во Софија за да го искажат своето несогласување...

Свет23 часа

Претседателот на британскиот Парламент одби гласање за договорот за брегзит

Барањето на британската влада пратениците да гласаат со „да“ или „не“ за договорот за брегзит, што го постигна премиерот Борис...

Македонија1 ден

Конте: Преговорите за проширување на Балканот треба да почнат во ноември

Италијанскиот премиер, Џузепе Конте, порача дека Рим ќе предложи Европската Унија повторно во ноември да ги почне преговорите за проширување...

Топ1 ден

Млад скопјанец се фрлил од вториот кат на зграда

Во Полициската станица Центар во вечерните часови на 20 октомври било пријавено дека на скопскиот булевар Кирил и Методиј едно...

Македонија1 ден

(Видео) Симовски: Нема попис во април, ќе се пролонгира

Април е непогоден термин за пописот и треба да се пролонгира, вели Апостол Симовски, директор на Државниот завод за статистика,...

Економија1 ден

Бензините поевтинуваат, цената на дизелот останува иста

Бензините од ноќеска на полноќ ќе поевтинат, додека цената на дизелот останува иста, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажната цена...

Досие