Контакт

Свет

Најмалку 12 лица загинаа при лизгање на земјиштето во Колумбија, меѓу нив има и четири деца

Објавено пред

Најмалку 12 лица загинаа во Колумбија кога поради лизгање на земјиштето, кал и земја ги затрупаа домовите на стотици лица.

Одронот се случил во планинската област Маркеталија во Колумбија, објавија официјални лица.

Меѓу загинатите лица, според тамошните медиуми, има и четири деца.

Локалната служба за итни случаи соопшти дека по несреќата, 53 лица биле спасени.

До лизгањето на земјиштето дошло по обилните врнежи од дожд и поплавите. Метеоролозите и Колумбискиот институт за екологија предупредија дека во следните денови може да бидат загрозени и осум други провинции.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

ИСИС ја нападна сириската војска, над 30 мртви

Објавено пред

Во нападите на Исламска Држава врз сириската војска и сојузничките милитанти во Сирија загинаа 35 војници за два дена, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права.

Иако Исламска држава го загуби и последното упориште во Сирија, борците на исламистичката организација и понатаму имаат упоришта распрскани во централниот дел на Сирија, каде деновиве се водат борбите.

Прикажи повеќе...

Европа

Уапсени две лица за убиството на новинарката во Северна Ирска

Објавено пред

Две момчиња на возраст од 18 и 19 години се упасени во врска со убиството на новинарка за време на безредијата во градот Лондондери, соопшти полицијата во Северна Ирска.

Тие биле уапсени врз основа на законот за борба против тероризам и однесени на сослушување во полициска станица.

Лира Меки, 29-годишната новинарка, веројатно ја погодил залутан куршум кога непознати лица пукале и фрлале молотови коктели врз полицијата во немирите. Полицијата верува дека за безредијата се одговорни припадниците на отпадничката група Нова ИРА.

 

Прикажи повеќе...

Регион

Во Косово вратени со авион десетици жени и деца на џихадисти од Сирија

Објавено пред

Дестици жени и деца, членови на семејствата на косовски џихадисти кои војувале во Сирија, со авион биле вратени во Косово, а целата операција била спроведена под големи безбедносни мерки.

„Планираната операција за враќање на некои наши граѓани од Сирија успешно е завршена“, изјави косовскиот министер за правда, Абелрад Тахири од аеродромот, пренесе „Индекс.хр“.

Тој најави дека деталите ќе бидат познати кон крајот на денот.

По неколку часа поминати на аеродромот, два автобуси со жени и деца биле насочени кон воената база во близина на Приштина под големи безбедносни мерки.

Повеќе од 300 косовски граѓани, мажи, жени и деца, заминале за Сирија во 2012 година. Околу 70 мажи кои војувале на страната на исламистичките екстремисти биле убиени за време на немирите. Полицијата нагласи дека околу 150 жени и деца, вклучувајќи и 60 деца кои се родени на боиштата, биле заробени откако џихадистичката група „Исламска држава“ ги губела своите подрачја.

Останува нејасно дали до денеска се вратени сите државјани на Косово од боиштата на Блискиот исток. Ниту министерот, ниту пак полицијата не дадоа одговор за тоа дали во Косово се вратиле борците.

Меѓународната и локална безбедносна агенција претходно предупреди на ризикот кој го претставуваат повратниците. Во 2015 година, Косово изгласа закон со кој учеството во странските војни се казнува со казна до 15 години затвор.

Во косово немало напади на исламисти, но стотици мажи се уапсени или обвинети поради војувања во Сирија и Ирак, а дел од нив се осудени бидејќи планирале напади во Косово.

Владата напомена дека одреден облик на радикален исламизам бил увезен во Косово по пат на невладини организации од Блискиот исток кои делувале во земјата, по војната во 1998 година и прогласувањето на независноста.

Прикажи повеќе...

Најново

Избори 20191 час

Поради изборите МВР ќе издава лични карти денеска и утре

Министерството за внатрешни работи соопшти дека сите одделенија за управни работи ќе работат и денеска и утре. Сите барања за...

Топ1 час

Трактор и три возила се судрија кај Струмица

Сообраќајка помеѓу трактор и три возила се случила синоќа на магистралниот пат Струмица-Граничен премин „Ново Село“, на место викано „Леска“. МВР...

Топ2 часа

Сообраќајна несреќа на улица во Скопје, меѓу повредените и деца

Пет лица со повреди биле пренесени во болница по сообраќајна несреќа што се случила вчера на улицата „Кемал Сејфула“ во...

Европа2 часа

Јункер: Постои страв дека ќе дојде до брегзит без договор

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, побара од Велика Британија да го искористи шестмесечното одложување на брегзит за разработка на...

Свет2 часа

Во Египет референдум за продолжување на мандатот на претседателот

Египѓаните на референдум ќе гласаат за амандманите за продолжување на мандатот на претседателот Абдел Фатах ал Сиси. Одлуката за распишување...

Избори 20193 часа

Денеска гласаат затворениците, раселените и немоќните лица

Денеска затворениците, раселените и немоќните лица гласаат на изборите за претседател и на предвремените локални избори што ќе се одржат...

Свет15 часа

Помпео: Русија се меша во изборите во целиот свет

САД ќе продолжат да го осудуваат руското мешање во американските избори и ќе преземат одлучни мерки против злонамерното дејствување на...

Избори 201916 часа

МВР ќе издава лични карти и утре и задутре

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека сите одделенија за управни работи ќе работат в сабота и в недела...

Македонија22 часа

,,Сведочите на рекла-кажала”, Мијалков се обиде да го дискредитира Звонко Костовски

Со поставување вкрстени прашања, ексшефот на тајната полиција Сашо Мијалков се обиде да го дискредитира сведочењето на Звонко Костовски, еден...

Македонија23 часа

(Видео) Јанакиески побарал увид во доказите за крвавиот четврток

Околу триесетина минути траеше распитот на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески во Обвинителството за организиран криминал и...

Македонија1 ден

Револтирана мајка: Син ми доби силна тупаница по главата поради бојата на кожата

Револтирана мајка од Скопје на Фејсбук објави дека нејзиниот 13-годишен син добил тупаница по глава, а претходно бил навредуван на...

Македонија1 ден

Надица се логираше со други имиња за да види што другите гледаат во системот, сведочеше Звонко Костовски

Обвинетата началничка во МВР, Надица Николиќ, на денешното судење за масовното прислушување познато под кодното име „Таргет-Тврдина“ го испрашуваше инженерот...

Крвав четврток1 ден

Јанакиески повикан на распит во обвинителство за крвавиот четврток

Ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, е повикан на распит во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција во...

Македонија1 ден

Теренска вакцинација во училиштата против морбили

Медицински персонал денеска ќе тргне по училиштата и теренски ќе ги вакцинира оние што не ја примиле вакцината против морбили....

Европа1 ден

Шпанската полиција спречи терористички напад на џихадистите за Велигден во Севиља

Шпанската полиција, наводно, спречила планиран напад на велигденските поворки во Севиља, при што во Мароко е уапсен еден џихадист, соопшти...

Избори 20192 дена

Дескоска: Ако не се избере претседател, во игра се две опции

Во игра се две опции доколку на претседателските избори не биде постигнат потребниот цензус, изјави министерката за правда, Рената Дескоска....

Македонија2 дена

На интернет објавени четири прислушувани разговори

На интернет пред неколку часа објавени се четири телефонски прислушувани разговори. Зад објавата стои извесен корисник „Илија громовник“, а разговорите се...

Избори 20192 дена

Силјановска во штабот на Пендаровски

Гордана Силјановска-Давкова денеска го посети изборниот штаб на својот противкандидат Стево Пендаровски. Таа на „Твитер“ објави дека со присутните разговарале...

Македонија2 дена

(Видео) Поплава во средното уметничко училиште во Скопје

Во средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје вчера настанала поплава, откако избил вентилот за парно греење за време на...

Македонија2 дена

Нови 30 дена куќен притвор за Стевчо Јакимовски

Кривичниот суд во Скопје му определи нови 30 дена куќен притвор на поранешниот градоначалник на општина Карпош Стевчо Јакимовски во...

Досие