Контакт

Вести

Најмалку 30 лица се повредени во земјотресот во Италија

Објавено пред

Најмалку 30 лица се повредени во земјотресот со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала што ја погоди Сицилија.

Земјотресот е регистриран во областа на вулканот Етна, изјавија официјални лица.

Ова е еден од многуте земјотреси што се евидентирани поради ерупцијата на Етна.

Повеќе згради се оштетени во потресите во областа Виагранде. Во понеделникот опсерваторијата за Етна јави дека лава и пепел се исфрлаат од нова пукнатина на активниот вулкан на Сицилија и дека е невообичаено високо нивото на сеизмичката активност. Станува збор за  најголемиот од трите италијански активни вулкани, особено е активен од јули годинава.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт13 минути

Англичаните можат да имаат шест клуба во Лигата на шампионите

Астон Вила чекаше 44 години на европски трофеј, постот го прекина синоќа во Истанбул, со победата над Фрајбург (3:0) во...

Забава22 минути

Девет мали навики кои ќе ви помогнат полесно да ослабете

Кога станува збор за губење на тежината – процесот генерално мора да биде одржлив за да биде успешен. Се наоѓаме...

Македонија37 минути

Левица: Зошто државниот обвинител Савески не ги користи своите овластувања за случајот „Мазут”

„Додека ВМРО-ДПМНЕ одбива да го повика државниот јавен обвинител да постапи по скандалозното затворање на случајот „Мазут”, иако претходно Мицкоски...

Забава41 минута

(Фото) Тамара Калиниќ носеше чанта вредна повеќе од 100.000 евра во Кан

Српската инфлуенсерка Тамара Калиниќ избра внимателно стилизирани парчиња за својот престој во Кан, а едно особено ѝ го привлече вниманието....

Македонија50 минути

„Уште 10 дена до рокот за реформите кои Мицкоски нема да ги исполни“, велат од СДСМ

„Владата се фали со пари кои ги добиваат сите кандидати на Балканот освен Србија, но не кажува колку пари загубивме....

Спорт56 минути

Компани ќе ја засили одбраната со поранешниот соиграч

Тренерот на Баерн Минхен, Венсан Компани, има голема желба да го донесе во својот тим, поранешниот соиграч, Џон Стоунс. Англискиот...

Македонија1 час

„Филипче и СДС со политиките на понижување и сервилност го отвораат патот за нови уцени кон Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Во СДС ништо не се менува, Филипче е продолжение на Заев и на истата капитулантската матрица во СДС која со...

Спорт1 час

Емери во елитно друштво… со Трапатони, Мурињо и Анчелоти

Менаџерот на Астон Вила, Унаи Емери, стана четвртиот менаџер во историјата на УЕФА кој освоил пет европски трофеи. Емери со...

Забава1 час

Дина Јашари ја слави годишнината на „Растенија без корен“ со регионална турнеја

Македонската кантавторка Дина Јашари тргнува на турнеја низ постјугословенскиот простор со деби-албумот „Растенија без корен” — точно на неговата прва...