Контакт

Вести

Најмалку 36 загинати во железничка несреќа во Индија

Објавено пред

Најмалку 36 луѓе загинале и уште 54 се повредени во тешката сообраќајна несреќа која се случила ноќта кон неделата во јужната сојузна индиска држава Андра Прадеш, соопшти полицијата.

Експресниот патнички воз излетал од шините околу 23.30 часот по локално време кај железничката станица Кунар, на 30 километри од градот Раигарх, во близна пренесува телевизијата NDTV. Во чиј извештај се истакнува дека повеќето настрадани се од вагоните за спиење, а излетале од шините 13 од 22 вагони во композицијата.

„Нема докази дека станува збор за саботажа. Изгледа дека причина за лизнувањето е техничка грешка. Спасувачките операции се во тек“, изјавил началникот на локалната полиција Л.К.В. Ранг Рао.

Државната железница во Индија, изградена уште во времето на британското колонијално владеење, е во многу лоша безбедноста состојба, што е резултат на изостанувањето на инвестиции последните децении и одржувањето на ниските цени за околу 23 милиони патници кои секојдневно ја користат оваа железничка мрежа.

Најголемата железничка несреќа во Индија се случи во 1981 година, кога воз падна во река при што загинаа 800 луѓе. Последната голема несреќа, пај, се случи на 20-ти ноември минатата година на 100 километри од градот Канпур во северната држава Утар Прадеш, кога загинаа 151 човек а повеќе од 200 луѓе беа повредени, но оваа според властите е резултат на терористички акт, откако беше уапсено лице кое признало дека подметнало експлозивна направа на пругата.

Во 2014 година, последната за која постојат податоци, во железничките несреќи во Индија имало повеќе од 27.500 смртни случаи, а повеќето загинале поради под од воз или удар од воз, како и од излизгување на композициите од шините.

Затоа владата на индискиот премиер Нарендра Моди вети дека ќе вложи 137 милијарди долари во пет години за модернизација и безбедност на железниците./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт9 часа

Френк Лампард по 25 години го врати Ковентри во Премиер лигата

Ковентри се врати во Премиер лигата по 25 години чекање. Освоениот бод во драматичната завршница на гостувањето кај Блекбурн Роверс,...

Спорт9 часа

(Видео) Интер сигурно чекори кон шампионската титула

Фудбалерите на Интер го победија Каљари на домашен терен со 3:0, во 33-то коло од Серија А. Од самиот почеток,...

Спорт10 часа

Почина легендарниот Оскар Шмит

Тажна вест, доцна во петокот, пристигна од Бразил. Оскар Шмит, еден од најголемите стрелци во историјата на кошарката, почина на...

Спорт10 часа

Заврши регуларната сезона во Евролигата

Вечерва заврши регуларниот дел од сезоната во кошаркарската Евролига. Шест екипи директно изборија место во четвртфиналето, а четири ќе разигурваат...

Спорт10 часа

Вардар 1961 лесно се справи со Алкалоид, ќе го брани трофејот во Купот

Ракометаерите на Вардар 1961, в недела ќе се борат за 18-от пехар во Купот на Македонија. На Завршниот турнир во...

Свет11 часа

Трамп: Ќе го земеме збогатениот ураниум од Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД ќе соработуваат со Иран за собирање на збогатениот ураниум и да го вратат...

Свет11 часа

Зеленски: Русија повторно се обидува да ја вовлече Белорусија во својата војна

Белорусија гради патишта што водат до украинската граница и поставува артилериски позиции во близина, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски откако...

Свет11 часа

Стармер: Повеќе од 10 земји се подготвени да издвојат средства за мисијата во Ормускиот теснец

Британскиот премиер Кир Стармер денес изјави дека повеќе од 10 земји се подготвени да придонесат со средства за одбранбената мисија,...

Свет11 часа

Ирански медиуми: Изјавата на иранскиот министер за отворањето на Ормускиот теснец е „лоша и нецелосна“

Изјавата на иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, дека по прекинот на огнот во Либан, преминот за сите комерцијални...