Свет
Најмалку 43 затвореници се убиени во бунт во затвор во Еквадор

Најмалку 43 затвореници се убиени во судир меѓу ривалски банди во затвор во еквадорскиот град Санто Доминго, соопштија властите.
Тепачката избувнала меѓу ривалските банди во затворот во Санто Доминго, 80-ина километри источно од главниот град Кит, јавува Би-би-си.
За време на тепачката меѓу ривалските банди во затворот Санто Доминго, затворениците избегаа, од кои 112 беа заробени, а 108 сè уште не се пронајдени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Генералниот директор на СЗО: Пандемијата на коронавирус сигурно не е завршена

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Гебрејесус денеска изјави дека пандемијата на коронавирусот сигурно не е завршена и покрај фактот што бројот на пријавени случаи е намален откако сојот омикрон го достигна својот врв.
Тој им рече на официјалните лица собрани во Женева на отворањето на годишниот состанок на СЗО дека одбивањето на тестирања и секвенционирања значи дека сме слепи за еволуцијата на вирусот, пренесува АП.
Генералниот директор оцени и дека е постигнат напредок во борбата против коронавирусот и посочи дека 60 отсто од светската популација е вакцинирана, но дека не е готово никаде додека не заврши секаде.
Европа
Во експлозија тешко повреден руски градоначалник

Руската новинска агенција РИА Новости јавува дека Андриј Шевчик, кој Русија го назначи за градоначалник на Енергодар, е тешко повреден во експлозија и се наоѓа на интензивна нега.
Повеќе детали не се достапни, но претходно украинските локални власти соопштија дека Шевчик и неговите телохранители биле повредени во насочен и прецизен напад.
Енергодар е град и општина во северо-западниот дел на Запорожјевската област во Украина, моментно под контрола на руските вооружени сили.
*Фотографијата е илустрација, а не од конкретниот настан
Европа
Канада: Најмалку пет лица загинаа во силно невреме, речиси 900.000 домови останаа без струја

Најмалку пет лица загинаа, а речиси 900.000 домови во јужна Канада останаа без електрична енергија кога силно невреме во саботата ги погоди провинциите Онтарио и Квебек.
Четири лица загинале во Онтарио кога врз нив паднале дрвја, додека една жена загинала во Квебек кога брод се превртел во реката Отава, јавува Би-би-си.
За време на невремето кое траело повеќе од два часа биле соборени многу дрвја, оштетени куќи, а имало и нарушувања во oдвивањето на сообраќајот.