Контакт

Европа

Најпопуларната статуа во Варшава во туника со натпис „устав“

Објавено пред

Противниците на политиката на полската влада ја „облекоа” најпопуларната статуа во Варшава – статуата на кралот Сигисмунд III Васе, во туника на која пишува „устав”, учествувајќи во протестите против реформата на судскиот систем во земјата.

Според АП, илјадници луѓе се собраа вчера на плоштадот во Варшава за да го изразат незадоволство од политиката на владата и десничарската партија Право и правда. Со помош на кран, двајца антивладини демонстранти се искачија на врвот на статуата на кралот Сигисмунд III Вазе од 17 век, која заедно со столбот на кој е поставена е висока 22 метри.

На белата туника, со која го прекрија оклопот на кралот, најпознат по преместувањето на престолнината на Полска од Краков во Варшава во 1596 година, со големи букви на полски јазик беше испишано „устав“.

Европската Унија ја предупреди полската влада дека реорганизацијата на Врховниот суд и присилното пензионирање на некои судии го загрозуваат владеењето на правото.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Вонредна седница на британската влада поради запленетиот танкер

Објавено пред

Премиерката во заминување, Тереза Мај, свика вонредна владина седница на која ќе се дискутира за реакцијата што треба да му се испрати на Иран по запленувањето на танкерот со нафта под британско знаме во Ормутската теснина.

Британските медиуми пренесуваат дека министерот за надворешни работи Џереми Хант, по седницата, планира да го информира Парламентот за запленувањето на танкерот „Стена Имперо“ и неговиот екипаж од 23 луѓе, што сега е во иранско пристаниште.

Иран објави нов видеоматеријал со бродот и соопшти дека екипажот е безбеден.

Прикажи повеќе...

Европа

Во пожарот во Португалија повредени 31 лице, речиси 1.000 пожарникари го гаснат огнот

Објавено пред

Во големиот пожар во Португалија што беснее веќе три дена досега повредени се 31 лице, а речиси 1.000 пожарникари се обидуваат да се справат со пламените јазици.

Во текот на ноќта пожарникарите успеале да стават под контрола речиси 90 проценти од пожарот, а полицијата соопшти дека во тек е истрага и постои сомневање дека пожарот би можел да биде подметнат.

Огнот избувнал во близина на градот Кастело Бранко, на 220 километри североисточно од главниот град Лисабон.

Во 2017 година во земјата избувна голем пожар, при што загинаа 107 лица.

Прикажи повеќе...

Европа

Полската полиција уапси 25 лица по нападите врз ЛГБТ-маршот

Објавено пред

Полицијата уапси 25 лица во Источна Полска по хомофобични напади врз првиот марш за рамноправност одржан во градот Бјалисток.

Видеата објавени на социјалните медиуми покажуваат неколку мажи како напаѓаат неколку машки и една жена ЛГБТ-активистка, кои во саботата учествувале на маршот на гордоста во Бјалисток.

Министерката за внатрешни работи, Елзбиета Витек, се осврна на нападите, велејќи дека „полицијата се грижи за безбедноста без оглед на идеите, вредностите и верувањата што ги искажуваат граѓаните.

„Секој човек кој го крши законот (…) треба да знае дека може да сноси одговорност“.

Нападите доаѓаат во време кога правата на ЛГБТ-заедницата стануваат сè поголем проблем во Полска пред општите избори што се очекува да се одржат во октомври.

Владејачката партија ги прикажува ЛГБТ-активистите како закана за традиционалните полски вредности. Лидерот на партијата, Јарослав Качињски, ги повика Полјаците да гласаат за, како што тој ја нарече, „единствената партија што дава 100-отстотна гаранција дека нашите вредности ќе бидат заштитени“.

Тој рече дека ЛГБТ-правата претставуваат вредности кои се „вистинска закана за нашиот идентитет, за нашата нација“.

Партијата претходно, исто така, се обиде да го укине и правото на абортус. Во 2016 година законодавците воведоа закон со кој би се забранил абортусот во сите случаи, дури и во случаи на силување, инцест или кога животот на мајката е во опасност, но подоцна беа принудени да го повлечат истиот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија41 минута

Инспекторот Илиевски поднесе прекршочна пријава за ректорот и тетовскиот универзитет

Просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски, поднесе прекршочна пријава во тетовскиот Основен суд, за Државниот универзитет во Тетово и за ректорот, Вулнет...

Македонија2 часа

Жбогар е уверен дека законот за Обвинителството ќе биде донесен со консензус

Eвроамбасадорот Самуел Жбогар при денешната посета на Општина Новаци изрази надеж дека парламентот ќе го донесе законот за Обвинителството со...

Македонија2 часа

Обвинителството го доби извештајот од телефонот на Јанева

Обвинителството за организиран криминал и корупција го доби извештајот од вештачењето на мобилниот телефон на обвинителката Катица Јанева, но во интерес...

Македонија4 часа

Заев на одмор во Охрид и Грција, Шекеринска во Скандинавија, Царовска во Турција

Премиерот Зоран Заев со семејството ќе замине на одмор по празникот 2 Август, Илинден, во Охрид и во Грција, министерката...

Македонија5 часа

Хелсиншки комитет: Рекорден број дела од омраза во 2018 година, негативниот тренд продолжува и годинава

Во периодот од 2013 до крајот на 2018 година Хелсиншкиот комитет евидентирал 508 инциденти сторени поради омраза, беше соопштено на денешната прес-конференција по повод Европскиот...

Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО
Македонија7 часа

Кривичниот суд вторпат го одби барањето на Кочан за одложување на казната

Кривичниот суд по вторпат го одби барањето на бизнисменот Сеад Кочан, осуден во предметот „Труст“ на специјалното јавно обвинителство, да...

Свет8 часа

Итна седница на британската Влада, се бара безбедна пловидба во Заливот

Британската Влада свика итна седница на која ќе се расправа за одговорот што треба да се испрати на Иран, по...

Свет8 часа

Иран уапси 17 шпиони на ЦИА, некои се осудени на смрт

Иран уапси 17 шпиони кои работеле за Централната разузнавачка служба на САД (ЦИА), а некои од нив се осудени на...

Свет9 часа

(Видео) Масакр во луксузно одморалиште, убиени 5 лица, а 6 се повредени

Вооружен напаѓач уби петмина мажи и рани уште шест лица во популарен бар во мексиканскиот град Акапулко, што е уште...

Свет9 часа

Иран ѝ се закани на Велика Британија со ескалација на тензиите во Заливот

Со оглед дека британските официјални претставници одбиваат да ја исклучат можноста за воведување санкции кон Техеран, иранскиот амбасадор во Велика...

Свет10 часа

Израел почна да урива палестински згради

Израелските работни тимови почнаа да уриваат десетина илегално изградени палестински згради во источниот дел на Ерусалим. Денешното уривање ја прекинува...

Свет10 часа

Зеленски ѝ понуди сојуз на рок-ѕвезда

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, чија партија убедливо води на предвремените парламентарни избори со 43,9 отсто од гласовите, според излезните анкети,...

Македонија21 час

Голем пожар во Едриличарскиот клуб во Струга

Голем пожар избувна попладнево во бараките на Едриличарскиот клуб во Струга што се наоѓа кај „Машката плажа“ во градот. За...

Македонија22 часа

Спасовски: МВР без налог од судот не може да знае каде е Јанева

МВР без налог од судот или обвинителството не може да знае каде е Катица Јанева. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски,...

Регион24 часа

Мицотакис ја претстави владината програма, на соседите им порача дека соработката ќе го одреди нивниот пат кон ЕУ

Грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис денеска во грчкиот Парламент ја претстави владината програма, во рамки на  тридневната расправа за добивање доверба на...

Македонија1 ден

Запленет глисерот на Зоран Кичеец

Запленетиот глисер во Охрид, е во сопственост на второосомничениот во случајот „Рекет“, Зоран Милевски познат како Зоки Кичеец, потврдуваат од...

Македонија1 ден

„Анима мунди“: Познат е сторителот кој свирепо уби куче во Стојаково, бараме најстрога казна

Монструозниот чин на кој сведоци беа жителите на селото Стојаково во Богданци, кога куче беше запалено со бензин е пријавен...

Македонија1 ден

(Видео) Жителите на Аеродром против центар за зависници, бараат тие да се лечат на периферијата

Жители на скопската населба Аеродром излегоа на протест, по иницијативата за преместување на зависниците од центарот во Кисела Вода, во...

Свет1 ден

(Видео) Иран објави снимка од заземањето на британскиот танкер

Иранската револуционерна гарда објави видеоснимки за кои тврдат дека ги покажуваат моментите кога нејзините припадници го заробиле британскиот танкер „Стена...

Свет1 ден

Шест лица починаа поради жешкото време во САД

Најмалку шест лица го загубиле животот поради рекордно високите температури во САД, објави „Гласот на Америка“. Според властите, жртвите се...

Досие