Контакт

Европа

На италијанскиот остров Лампедуза пристигнаа 2.100 мигранти

Објавено пред

Уште неколку стотици мигранти пристигнаа на малиот италијански остров Лампедуза, оддалечен 200 километри од Сицилија, па бројот на пристигнувања надмина 2.100 за 24 часа, пренесува АП.

Италијанското државно радио објави дека околу 1.400 луѓе пристигнале во неделата, а потоа уште 635 лица.

Радиото додаде дека многу луѓе спијат на душеци на отворено откако центарот за мигранти, кој беше празен до неделата, беше целосно исполнет.

Неколку стотици мигранти беа префрлени во празен брод лоциран покрај брегот, каде што ќе останат во карантин и ќе бидат тестирани на Ковид-19.

Само во текот на неделата илјадници мигранти пристигнале на брегот на Лампедуза, островот најблизок до Африка, поради што локалните власти побарале помош бидејќи центрите на островот се веќе преполни и мигрантите се сместени на отворено, пренесува „Анса“.

Новите масовни пристигнувања на мигранти предизвикаа полемики меѓу политичките лидери и партиите, па лидерот на партијата Лига, Матео Салвини, ги обвини властите дека водат премногу блага политика и широко им ја отвораат вратата на мигрантите.

Весникот „Ил Фато котидијано“ потсетува дека во тек е судењето на Салвини, кој додека беше министер за внатрешни работи, се обиде да го реши проблемот со илегалните мигранти забранувајќи им да се истоварат во италијанските пристаништа.

Според весникот, централната влада на премиерот Марио Драги бара од ЕУ да го спроведе постојниот договор за распределба на нови мигранти во сите земји членки.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

(Видео) Тепачка во украинскиот парламент откако пратеник изјавил дека опозиционерите треба да бидат застрелани

Објавено пред

За време на разгледувањето на измените и дополнувањата на предлог законот за реформа на Националниот совет за телевизиски и радио прашања во Врховната рада на Украина, дошло до расправија меѓу пратениците, пренесуваат украинските медиуми.

Тепачката започнала по изјавата на пратеникот од владејачката партија, Никита Потурајев, кој рекол дека е потребно да се „стрела“ фракцијата „Опозициска платформа – за живот“.

„Тие прашаа тука кога ќе заврши ерата на сиромаштијата. Ќе заврши кога бунтовниците ќе ја предводат оваа фракција („ Опозициска платформа – за живот “), чие вкупно богатство може да се измери со годишниот буџет на Украина и да се стрела “рече тој. Тоа предизвика тепачка меѓу претставниците на опозицијата и партијата на Зеленски, пренесуваат агенциите.

По кратка пауза, Потурајев се извинил, велејќи дека неговите зборови „не биле повик за насилство и никој во салата не заслужува репресија“.

Од своја страна, претседателот на парламентот Дмитриј Разумков ги повикал сите да бидат толерантни и воздржани во своите изјави.

После тоа, фракцијата на партијата „Опозициска платформа – за живот“ побарала Потурајев да биде сменет од позицијата шеф на Комитетот за хуманитарна и информативна политика.

Прикажи повеќе...

Европа

Европска агенција за лекови: Имаме 415 случаи на згрутчување на крвта по вакцинација

Објавено пред

Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска објави дека добила извештаи за 415 можни случаи на згрутчување на крвта со низок тромбоцит во рамките на Европската економска област (ЕЕА), со тоа што повеќе од 50 милиони луѓе примиле вакцина на „Астра зенека“ против Ковид-19 и на Џонсон и Џонсон.

„Забележани се 10 можни случаи помеѓу нешто помалку од 6 милиони луѓе кои примиле вакцина на „Џонсон и Џонсон“ и 405 случаи меѓу 45 милиони лица кои примиле вакцина на „Астра зенека“, рече Георги Генов од Европската агенција за лекови.

Прикажи повеќе...

Европа

Обвинителството бара казна, на Саркози му се заканува затвор

Објавено пред

Француското обвинителство на судењето за нелегално финансирање на претседателската кампања во 2012 година побара шест месеци затвор за поранешниот претседател на таа земја, Никола Саркози.

Покрај шест месеци затвор, Обвинителството побара условна казна од една година за Саркози, како и парична казна од 3.750 евра, пренесоа француските медиуми.

На Саркози, заедно со уште 13 обвинети, им се суди во аферата „Бигмалион“ под обвинение дека потрошиле десетици милиони евра во кампањата и дека ангажирале ПР компанија по која е именувана аферата, со цел да се покријат зголемените нелегални трошоци.

Поранешниот француски претседател ги негираше тие обвинувања, додека обвинителството наведува дека нема докази дека тој организирал шема за трошење пари, но дека бил свесен за тоа.

На Саркози, кој беше претседател на Франција од 2007 до 2012 година, му се суди по ова обвинение од 20 мај.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион1 час

Курц: Западен Балкан да се врати високо на агендата на ЕУ

Во организација на австриската влада утре во Виена ќе се одржи конференција за Западен Балкан. Домаќинот на состанокот, австрискиот канцелар...

Македонија6 часа

Пендаровски-Борел: Се очекува исчекор за пристапните преговори со ЕУ

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на работната посета на Република Турција, денеска оствари средба со потпретседателот на Европската Комисија и...

Македонија6 часа

Заев се сретна со Радев: Имаме обврска да градиме пријателството меѓу нашите братски народи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, заедно со заменик-претседателот во Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров...

Македонија7 часа

(Видео) Украина-Македонија 2:1

Првиот гол за македонската репрезентација во натпреварот со Украина го постигна фудбалерот Езгјан Алиоски. Во 54-та минута Трајковски успеа да...

Македонија8 часа

Десет нови случаи на Ковид-19, нема починати

Во последните 24 часа се направени 3.529 тестирања, а регистрирани се 10 нови случаи на Ковид-19, и тоа од: Скопје,...

Македонија10 часа

Наместо пресуда, повторно судење на Мијалков за „Тортура“

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, и шестемина поранешни припадници на полициската единица „Алфа“, денеска требаше да ја слушнат пресудата...

Македонија11 час

Бројката на хоспитализирани поради Ковид-19 падна на 90 лица

Вкупно 90 лица сомнителни и потврдени на Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија, и тоа 26 во Скопје и 64...

Топ13 часа

Двајца браќа истепале полицајци во Струга

Двајца браќа со тупаници и шлаканици нападнале полицајци во Струга.  Поради опасност од бегство, судот им определи притвор на напаѓачите....

Македонија14 часа

(Видео) Запленети над 2.000 стебла марихуана во Виена во заедничка акција на македонската и австриската полиција

Во заедничка акција на македонската и австриската полиција запленети се над 2.000 стебла марихуана во околината на Виена, а приведени...

Македонија14 часа

(Видео) Борисов на средбата со Заев: Убеден сум дека Радев ќе ви каже дека ништо не може да се направи

Поранешниот премиер на Бугарија и актуелен претседател на партијата ГЕРБ, Бојко Борисов, на средбата со премиерот, Зоран Заев, рече дека...

Спорт14 часа

Ангеловски: Наша цел е пласман во втората фаза

Македонија е подготвена за најважниот натпревар на ЕП. Македонија, од 15 чадот ќе игра против Украина. Ова е дуел на...

Македонија15 часа

(Видео) Заев од Софија: Решението е околу нас, мора да го најдеме

Два пријателски и братски народа секогаш мора да разговараат и да бараат решение, изјави премиерот Зоран Заев на почетокот на...

Свет1 ден

Путин и Бајден согласни дека никогаш не смее да дојде до нукеарна војна во светот

Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Џо Бајден, излегоа со заедничка изјава за прашањата на стратешката стабилност....

Свет1 ден

(Видео) Бајден: Мојата агенда не е против Русија, туку за американскиот народ

Американскиот претседател Џо Бајден на прес-конференција по состанокот со рускиот претседател Владимир Путин изјави дека неговата агенда не е против...

Свет1 ден

(Видео) Путин: Преговорите беа добри, амбасадорите се враќаат

Рускиот претседател Владимир Путин на прес-конференцијата по самитот со неговиот американски колега Џозеф Бајден рече дека преговорите биле „добри“. Toj...

Европа1 ден

EMA даде позитивна оценка на клиничките испитувања на „спутник В“

Европската агенција за лекови (ЕМА) објави позитивен извештај за резултатите од клиничките испитувања на руската вакцина „спутник В“ против коронавирус,...

Македонија1 ден

Заев: Изгубен е Мицкоски, ако некој го најде, нека го врати во ВМРО-ДПМНЕ

Премиерот Зоран Заев реагира на обвинувањата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека македонскиот идентитет е изгубен и дека утре...

Македонија1 ден

Регистрирани 15 нови случаи на Ковид-19, нема починати лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.802 тестирања, а регистрирани се 15 нови случаи на...

Македонија1 ден

Отфрлена пријавата за Џафери и за пратениците што се појавија во Собрание заболени од коронавирус

Основното јавно обвинителство Скопје ги отфрли кривичните пријави поднесени од ВМРО-ДПМНЕ и Левицата против претседателот на Собранието, Талат Џафери, и...

Македонија2 дена

ЕУ ја стави Македонија на листата безбедни земји за патување

Европската Унија одлучи да ја стави Република Северна Македонија на списокот на земји што се безбедни за патување, пренесуват европските...

Досие