Свет
На космонаутите од Меѓународната вселенска станица им истекува и воздух и време

Во рускиот дел на Меѓународната вселенска станица (МСС) космонаутите ја бараат пукнатината од која истекува воздух. Резервите на кислород се намалуваат и сè уште не е јасно од каде протекува, пренесува агенцијата ТАСС по разговорите меѓу седиштето во Москва и екипажот на Вселенската станица.
Космонаутот Сергеј Рижиков им рече дека воздухот излегува при преминот кон модулот Звезда, но дека екипажот сè уште не знае од каде. Падот на притисокот беше регистриран на почетокот на август, но сега времето истекува така што можно е целосно да се запечати тој дел од МСС за да не се загрози целата станица. Но, тоа во голема мера би ја ограничило работата на МСС.
Не помогнало ниту излегувањето на еден космонаут кон надворешноста на станицата. Руската вселенска агенција „Роскосмос“ секогаш потенцира дека нема непосредна опасност за екипажот. „Сè е под контрола“, тврди Димитриј Рогозин, шеф на „Роскосмос“.
За февруари е планиран лет на товарната сонда „Прогрес“, која треба да достави нови количини кислород до МСС. Ако во меѓувреме ситуацијата стане сериозна, американската НАСА би можела да испрати беспилотно летало со кислород.
Меѓународната вселенска станица е стара повеќе од две децении. Пред две години е откриена дупка што предизвика контроверзии. Во последно време астронаутите тешко се снабдуваат со електрична енергија и тоалет.
Во моментот има седум лица на МСС на 400 километри од Земјата: двајца Руси, четворица Американци и еден Јапонец.
МСС е единствената вселенска станица – всушност вештачки сателит со човечки екипаж – која воопшто постои.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Парламентот на Црна Гора повторно го усвои Законот за слобода на вероисповед

На денешната вонредна седница, Парламентот на Црна Гора повторно гласаше со мнозинство гласови за изменување и дополнување на Законот за слобода на вероисповед. За измените и дополнувањата на Законот за вероисповед гласале 41 пратеник од парламентарното мнозинство, без гласови против и воздржани.
Парламентот усвои и други закони што црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ претходно одби да ги потпише и ги врати на повторно изјаснување.
Пакетот закони првпат беше усвоен на седницата на Собранието на крајот на декември минатата година.
Неколку десетици граѓани со знамиња на Црна Гора и НАТО се собраа пред зградата на парламентот.
Опозициските пратеници од редовите на Демократската партија на социјалистите на Мило Ѓукановиќ не присуствуваа на собраниската седница.
Свет
(Видео) Трамп ја напушти Белата куќа

Доналд Трамп ја напушти Белата куќа и со тоа му го отстапи местото на новиот претседател на САД, Џо Бајден.
„Го сакам американскиот народ. Ова е збогум, но се надевам дека не е збогум засекогаш“, кратко рече Трамп по излегувањето од Белата куќа во придружба на сопругата Меланија.
На тревникот зад Белата куќа тие беа пречекани од хеликоптер „марин оне“, со кој полетаа во воздухопловната база „Ендрус“.
Таму Трамп ќе го одржи последниот говор како претседател на САД.
Трамп претходно најави дека нема да присуствува на инаугурацијата на Бајден, што ќе се одржи денеска.
Свет
Палестина ќе го гони амбасадорот на САД во Израел за признавање на проектот за населби

Палестинската самоуправа (ПА) вети во вторникот дека законски ќе го гони американскиот амбасадор во Израел, Дејвид Фридман, откако во Ерусалим го призна проектот за населување наречен Градот на Давид, објави новинската агенција „Вафа“.
Во изјавата на Министерството за надворешни работи и иселеници, ПА рече дека целиот Источен Ерусалим е палестинска територија окупирана од 1967 година. Во изјавата се повторува дека „Источен Ерусалим е вечна престолнина на државата Палестина и покрај Фридман и неговата администрација во заминување, која ги прекрши сите законски, дипломатски и етички норми“.
Во изјавата се додава дека фанатичните изјави на Фридман се флагрантно кршење на меѓународното право, меѓународните резолуции и на меѓународните дипломатски традиции.
Министерството истакна дека ќе преземе одговорност да го следи ова прашање со правни експерти и со надлежните власти за да се разговара за можноста Фридман да биде повикан на одговорност пред меѓународните и специјализираните судови.
Во изјавата, ПА го осуди признавањето на Фридман за проектот за населување Градот на Давид, што се случи два дена пред крајот на неговите должности како американски амбасадор во Израел. Фридман во изјавата рече дека Амбасадата на САД го признава Градот на Давид како доказ за американското јудео-христијанско наследство и принципите на основање.
„Признавањето на Фридман е незаконско, неважечко и ги рефлектира неговите намери и неговата мрачна идеологија која тој се обидува да им ги припише не само на својата земја, туку и на американскиот Устав и принципи и да ги примени во корист на израелскиот наратив за Ерусалим,“ се вели во изјавата.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира