Контакт

Европа

Меркел договори враќање на дел од мигрантите во Шпанија и Грција

Објавено пред

Германија постигна договор со Шпанија и со Грција за враќање на мигрантите кои првично биле регистрирани во тие две земји, додека со Италија таков договор не е направен.

Германската канцеларка, Ангела Меркел, на крајот на Самитот на ЕУ во Брисел рече дека владите во Мадрид и во Атина се согласиле повторно да ги примат мигрантите, директно од германските граници.

„Со овие две држави дополнително ќе разговараме за тоа како ќе им се помогне откако ќе ги прифатат мигрантите“, посочи Меркел.

Од друга страна, италијанскиот премиер, Џузепе Конте, истакна дека договорот за миграција не предвидува Италија да ги прими назад мигрантите кои оттаму веќе заминале во Германија.

„Не потпишав никаков посебен договор со Меркел за враќање на мигрантите“, наведе Конте во Брисел.

Германската канцеларка денешниот договор на Самитот на ЕУ го оцени како одлучен чекор во правец на заедничка европска политика за азилот.

„Тоа што овде го постигнавме најверојатно е повеќе отколку што очекував. Не сме на крај од патот, посочи Меркел и додаде дека е убедена оти ЕУ е поблиску до можно европско решение за мигрантската криза. Германската канцеларка истакна и дека за резултатите од Самитот уште вечерва ќе разговара со своите коалициски партнери, кои и поставија услов што побрзо да пронајде решение за миграцијата.

Европа

Меј не се откажува – „Верувам дека планот за брегзит е добар“

Објавено пред

Британската премиерка, Тереза Меј, рече дека со секој дел од нејзиното битие верува дека предложениот план за брегзит е добар.

Таа наведе дека одбивањето на планот значи длабока и сериозна неизвесност за Велика Британија.

Меј додаде дека ќе се бори за лидерство во Конзервативната партија бидејќи некои пратеници, незадоволни од планот, го покренуваат прашањето за доверба на владата, пренесе Радио Слободна Европа.

Прикажи повеќе...

Европа

Два автобуса се судрија во Германија, меѓу повредените и деца

Објавено пред

Најмалку 40 лица, меѓу кои и деца на училишна возраст, се повредени во сообраќајна несреќа на југот во Германија, во која учествуваа два автобуса од јавниот превоз и едно возило.

Пет лица се здобија со многу сериозни повреди, пренесе АП.

Портпаролот на баварската полиција, Берт Рауенбуш, рече дека меѓу повредените во сударот има деца, но не прецизираше за колку деца станува збор.

Тој додаде дека се користат хеликоптери за оние кои се најсериозно повредени да бидат префрлени во болница.

Полицијата ги истражува причините за несреќата, додаде портпаролот на полицијата.

Прикажи повеќе...

Европа

Данска одби да даде милионска помош за Танзанија поради хомофобија

Објавено пред

Данска одби да даде 65 милиони долари помош за Танзанија по неприфатливите хомофобични коментари на високи политички функционери во Танзанија, пишува Би-би-си.

Министерката за развој, Ула Торнес, не ги именува функционерите поради кои Данска ја повлече финансиската помош за Танзанија, но истакна дека е многу загрижена за коментарите.

Минатиот месец, Пол Маконда, висок официјален претставник на Дар ес Салам во Танзанија, ја повика јавноста да ги пријави во полиција граѓаните со сомнително хомосексуално однесување. Тој рече дека ќе формира морална полиција во градот, која ќе ги бара лицата со хомосексуална ориентација.

Владата на Танзанија се огради од изјавата на Маконде и истакна дека тоа е негов личен став, а не владина политика.

Хомосексуалната сексуална ориентација е незаконска во Танзанија и се казнува со казна до 30 години затвор.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Црногорската полиција: Груевски влезе во Црна Гора и ја напушти истиот ден

Црногорската полиција објави соопштение по информацијата дека експремиерот Никола Груевски на патот кон Унгарија поминал низ Албанија, по што влегол...

Македонија6 часа

(Видео) Демонстрантите спречени да дојдат до домот на Елизабета Канческа-Милевска

Поддржувачите на иницијативата „Македонија блокира“ вечерва се упатија во населбата Пржино, кон домот на поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска,...

Македонија6 часа

Албанската полиција потврди дека Груевски поминал низ Албанија при бегството во Будимпешта

Полицијата во Албанија за албанската телевизија „Топ ченал“ ги потврди информациите дека експремиерот Никола Груевски преку албанската граница заминал за...

Македонија8 часа

Директорите на ученичките и студентските домови бараат повеќе пари од државата

Здружението на директори на ученичките и студентските домови во државата бара зголемување на партиципацијата за ученик, студент која ја добива...

Македонија10 часа

Стејт департмент: Груевски да ја отслужи казната во својата земја

Поранешниот македонски премиер Никола Груевски, кој бара политички азил во Унгарија, треба да ја отслужи затворската казна во својата земја,...

Македонија10 часа

(Видео) Марковски: Одговорност да се бара од МВР, СЈО и од судот

МВР, СЈО и судот, ова се трие институции од кои треба да се бара одговорност за бегството на експремиерот Никола...

Македонија10 часа

Во битката со аерозагадувањето приоритет се домаќинствата и транспортот

Со двегодишен план и стратегија за справување со аерозагадувањето и дополнителни 1,5 милион евра за интервентни мерки за две години...

Македонија12 часа

Како се организирало бегството на Груевски – под истрага и полицајци во МВР

Две истраги во моментот се водат во Министерството за внатрешни работи за да се утврди како било организирано бегството на...

Македонија12 часа

(Видео) Бошњаковски: За екстрадицијата на Груевски прибрана е документација на 400 страници

Досега е прибрана документација на повеќе од 400 страници, со која македонското Министерство за правда ќе бара екстрадиција на Никола...

Македонија12 часа

Обвинителството: Постојат сомнежи дека службени лица му помогнале на Груевски нелегално да излезе од Македонија

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција отвори предмет по допрен глас за бегството на поранешниот премиер Никола...

Македонија12 часа

Невладините организации укажаа на сите пропусти на истражните органи за бегството на Груевски

Петнаесетина невладини организации, меѓу кои и Хелсиншкиот комитет, „Цивил“, Македонското здружение на младите правници, „Евротинк“, МОФ, „Транспаренси интернешнл“ и „Транспарентност...

Македонија13 часа

(Видео) Орбан за азилот на Груевски: Прашајте ги правниците зошто не е во транзитен центар

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, запрашан од „24.ху“: „Како може криминалец од Македонија илегално да влезе во Унгарија и зошто не...

Крвав четврток13 часа

Вибер-контакт на Мукоски на 27 април: „Шеќерка мене остајте ми ја, отворајте ги вратите“

Од вибер-групата, каде што членуваат некои од пратениците и членови на ВМРО-ДПМНЕ, преку која се организирале граѓаните да дојдат во...

Крвав четврток13 часа

Јанакиески до Мукоски на 27 април: Алал вера за денес, брат

Од СМС и вибер-пораките за 27 април, кои Јавното обвинителство денеска ги презентира на рочиштето за крвавиот четврток во комуникацијата...

Македонија14 часа

Министер од кабинетот на Орбан: Груевски побарал азил преку амбасада на Унгарија

Министерот Гергели Гулијаш од кабинетот на унгарскиот премиер, Виктор Орбан, потврди дека Груевски дал изјава во унгарска амбасада, каде што...

Европа15 часа

Британскиот министер за брегзитот поднесе оставка

Британскиот министер за брегзитот, Доминик Раб, денеска поднесе оставка во знак на протест поради договорот на премиерката Тереза Меј за...

Македонија16 часа

Српска „Политика“: Груевски побегнал преку Албанија

Провладиниот белградски весник „Политика“ во денешното издание на насловната страница објавува текст во кој се тврди дека Груевски во Унгарија...

Македонија16 часа

Бугарското Министерство за правда: На Груевски не му е издаден бугарски пасош

Никола Груевски не е бугарски државјанин и нема поднесено документи за издавање бугарски пасош, соопшти бугарското Министерство за правда по...

Македонија1 ден

Рот за бегството на Груевски: Унгарија ги отвори границите за мигрантите, неверојатно

Државниот секретар за европски прашања во Министерството за надворешни работи на Германија, Михаел Рот, доцна вечерва на својот твитер-профил напиша...

Македонија1 ден

Како Груевски го стопи срцето на Орбан

„Орбан одби 70 проценти од барањата за азил на луѓе кои бегаат од војна, сиромаштија и угнетување. Но, има нешто...

Досие