Свет
На Навални му се заканува глоба од 13.000 долари поради навреда на ветеран од Втората светска војна

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални денес повторно се најде на суд под обвинение за клевета, а Обвинителството побара тој да биде казнет со 950.000 рубли (13.000 долари) за навреда на руски ветеран од Втората светска војна, пренесува „Ројтерс“.
Агенцијата наведува дека не e познато дали Обвинителството ќе побара и затвор покрај глоба во овој случај бидејќи клеветата според руските закони може да се казни со затвор до две години.
Судијата денес соопшти дека пресудата ќе биде објавена на 20 февруари, истиот ден кога Навални треба да поднесе жалба на казната од речиси три години затвор кога судот претходно пресуди дека тој ја прекршил условната казна.
Навални е обвинет за клевета на ветеран кој минатата година учествуваше во промотивно видео што ги поддржува уставните реформи што му овозможуваат на рускиот претседател Владимир Путин да се кандидира за уште два мандата во Кремљ по 2024 година доколку тоа го сака.
Рускиот опозиционер им се потсмеваше на луѓето во видеото нарекувајќи ги корумпирани предавници, а денес тој изјави пред судот дека неговиот коментар не бил конкретно упатен на ветеранот и дека властите сакаат да му наштетат на неговиот углед со ова обвинување, пренесува „Ројтерс“.
Тој го карактеризира целиот случај како правна глупост и одби да му се извини на ветеранот за кого рече дека го користат властите за политички цели.
Повеќето Руси имаат голема почит кон ветераните од Втората светска војна и критиките кон нив, генерално, се сметаат за социјално неприфатливи, наведува агенцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
ЕУ воведе санкции против блиски соработници на Путин поради Навални

Европската унија донесе одлука за забрана за влез и замрзнување на имотот на четворица руски официјални лица одговорни за случајот со Алексеј Навални.
Санкционираните лица се блиски соработници на рускиот претседател Владимир Путин. Тоа се Александар Бастрикин, Игор Краснов, Виктор Золотов и Александар Калашников.
Краснов е главен обвинител на Русија, Золотов е шеф на руската национална гарда, Калашников е шеф на рускиот затворски систем, а Бастрикин е началник на Кривичниот комитет за истраги.
Оваа одлука претставува спроведување на договорот на министрите за надворешни работи на земјите-членки од 22 февруари.
Тогаш беше постигнат политички договор за воведување санкции за одговорните за затворањето и осудувањето на рускиот опозициски активист Алексеј Навални.
Навални беше уапсен и осуден во јануари, откако се врати во Русија од Германија, каде што се лекуваше од труење со „новичок“, што предизвика протести низ цела Русија, а властите одговорија со апсење на демонстрантите.
Ова е првпат ЕУ да ја спроведе новата рамка за санкции против прекршителите на човековите права, која беше воспоставена во декември минатата година, според американскиот закон Магники.
Оваа рамка овозможува да се санкционираат физички и правни лица за кршење на човековите права насекаде во светот.
Свет
Претседателот на Украина се вакцинира со вакцината на „Астразенека“

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска се вакцинира против коронавирусот за време на посетата на фронтот во источниот дел на Донбас, со надеж дека ќе ги увери скептиците дека вакцината е безбедна и ефикасна.
Заостанувајќи зад Европа, Украина само што започна со вакацинација на населението откако минатиот месец ја доби првата пратка од 500.000 вакцини на „Астразенека“, давајќи им приоритет на здравствените работници од првата линија во борбата со вирусот и војската.
Сепак, владата се соочува со борба против скептицизмот во врска со вакцината. Податоците покажуваат дека 47 проценти од населението не сака да се вакцинира.
„Ја примив вакцината против Ковид-19. Се вакцинирав на фронтот со војниците како врховен командант”, напиша Зеленски на „Твитер“ и објави фотографија на која се гледа како ја прима вакцината.
Тој рече дека станува збор за вакцината „Оксфорд/Астразенека“ произведена во Индија.
Свет
Главниот шведски епидемиолог: Влегуваме во третиот бран на пандемијата

Се чини дека Шведска влегува во третиот бран на пандемијата, соопшти денеска здравствената агенција по воведувањето на новите ограничувања поради зголемувањето на бројот на заразени и многу брзото ширење на новите видови на вирусот кои се сметаат за позаразни.
Шведска регистрира 11.804 новоинфицирани од петокот до денеска, за разлика од 10.933 нови случаи минатата недела.
„Изгледа дека влегуваме во трет бран“, рече главниот епидемиолог Андерс Тегнел.
Шведска воведе нови мерки – го ограничи бројот на клиенти во продавниците, а кафулињата и рестораните работат со скратено работно време.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа6 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер