Свет
На плажа во Нов Зеланд пронајден кокаин вреден неколку милиони долари

Новозеландската полиција соопшти дека во текот на изминатата ноќ бил пронајден многу скап товар на популарната плажа во Оукланд.
Деветнаесет пакети кокаин во вредност од 3 милиони новозеландски долари (1,9 американски долари) биле пронајдени утрово насукани на плажата, оддалечена 30 километри западно од центарот на градот Оукланд.
„Постои веројатност на плажата да се појават уште пакети, затоа ги замолуваме граѓаните веднаш да нè контактираат ако ги пронајдат“ рекол детективот Колин Парментер.
Според глобално истражување за дроги, објавено оваа година, се наведува дека Нов Зеланд е најскапата земја за купување кокаин. Истражувањето покажало дека Новозеланѓани во просек плаќаат 375 долари за грам кокаин, што е речиси четири пати повеќе од цената за која се продава истата количина во САД.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Мира Фурлан починала од западно-нилска треска

Познатата актерка Мира Фурлан починала од вирусот на западно-нилска треска, пишуваат хрватските медиуми. Актерката неколку месеци се борела со болеста во САД, каде што живее од 90-те години.
Информацијата ја пренесоа хрватските медиуми кои се повикуваат на блиска личност од нејзиното семејство. Засега нема официјана потврда.
Утрово беше објавени дека Мира Фурлан починала во средата. Режисерот на „Бабилон 5“, Мајкл Страчински објави дека екипата од серијата веќе подолго време знаела дека на Фурлан и е нарушено здравјето.
Свет
Масовно тестирање во Кина поради зголемување на бројот на новозаразени со Ковид-19

Во Кина, во последните 24 часа се потврдени 103 нови случаи на коронавирус, од кои 94 се локални преноси.
Поради повторното појавување на нови случаи во Кина, масовното тестирање на коронавирус е започнато во Пекинг, додека тестирањето на сите здравствени работници е започнато во Шангај, пренесува „Ројтерс“.
Во провинцијата Хајлонгџијанг, сите нови случаи и асимптоматски случаи се поврзани со фабриката за преработка на месо и се смета дека тоа е првиот кластер на случаи во Кина.
Десетици милиони жители на северните провинции на Кина се наоѓаат во еден вид блокада.
Од почетокот на епидемијата на коронавирусот во Кина, крајот на 2019 година, во Кина се потврдени 88.804 случаи на заболување и 4.635 смртни случаи.
Европа
Шпанија пријави рекорден број од 44.357 новозаразени со коронавирус

Шпанија објави рекордни 44.357 нови инфекции со коронавирус за еден ден.Во претходните 24 часа, 404 лица починаа од коронавирус во Шпанија, со што бројот на смртни случаи од инфекцијата достигна 55.000.
Просечниот број на заразени во последните 14 дена денес се зголеми на 796 од вчерашните 736 на 100.000 жители.Во Шпанија, 36 проценти од креветите се моментално зафатени во единиците за интензивна нега, а во регионите Ла Риоха и Валенсија, повеќе од 50 проценти.Коронавирусната инфекција е потврдена кај 2,5 милиони Шпанци, со што е на седмата позиција во светот.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот